fbpx
Таг: сала

таг: сала

Општина Кисела Вода ја презеде руинираната спортска сала „Расадник“ [галерија]

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт денес ја предаде спортската сала „Расадник“ во владение на Општина Кисела Вода, откако го раскина договорот со фирмата „Империал Данела“. Објектот, кој сега е заклучен, е преземен на трајно користење без долгови. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека општината нема да има никаква обврска за подмирување на долговите кои ги остави „Империал Данела“. „Јавното...

Крушево конечно со театарска и кино сала

Крушевчани конечно имаат свое кино и сала за театарски претстави. Со ставање на новите модерни седишта во мултифункционалната сала од реконструираниот објект на горната училишна зграда во Крушево создадени се сите услови, овде да се вршат кино-проекции и да се изведуваат театарски претстави. За таа намена веќе е инсталирана стандардизирана аудио и видео опрема во салата, така што слободно може да се рече дека успешно се...

Со изработка на мурал на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци се завршува серијата АКТО мурали

Со изработка на мурал на фасадата на салата „Партизан“ во Кавадарци се завршува серијата АКТО мурали со која се отвори годинешната програма на јубилејното, 15. издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат(ФР~У). Авторка на муралот е ликовната уметница и професорка Јана Јакимовска, а во изведбата учествуваа и уметниците...

Македонската етно-група „Чалгија саунд систем“ настапи во Солун

Публиката во Солун имаше нова можност да запознае дел од македонската современа и традиционална култура преку концертот на етно-составот „Чалгија саунд систем“. Македонската група, која ја одржува во живот традицијата на старите чалгиски песни, првпат настапи во Солун на фестивалот за балканска музика „Балкан фест“ (Balkan Fest). Пред преполната концертна сала, групата претстави дел од својот репертоар на македонски чалгиски песни. За време...

Владата набавува опрема за да ги подобрила условите за работа на новинарите

Владата на Република Македонија започна со постапка за набавка на нова аудио-визуелна опрема за потребите на владиниот прес-центар, информираат оттаму. Како што се вели во нивното соопштение до јавноста, „со ваквата набавка на техничката опрема првенствено ќе се излезе во пресрет на потребите на новинарите и квалитативно унапредување на условите за работа, запазувајќи ги високите стандарди на оперативност и функционалност.“ -...

Одбележана годишнина од смртта на Трајковски пред спортскиот центар

По повод 12-годишнината од трагичната смрт на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, денеска пред споменикот поставен во негова чест, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се оддржа пригодно чествување. Свежо цвеќе пред спомен-обележјето положи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставникот на Сојузот на спортски федерации на Македонија, Борче Боев. Исто така, со положување свежо...

Салата „Борис Трајковски“ и стадионот „Филип Втори“ добија нови имиња

Најголемиот македонски стадион, Националната арена „Филип Втори“, и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе добијат нови брендирани имиња и тоа „Телеком арена“ и „Вип арена“. Договорот помеѓу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и „Оне Вип“ е веќе потпишан, а деновиве се очекува параф да стават и првите луѓе на скопскиот стадион и на „Телеком“. Спортскиот центар кој го носеше името на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис...

ВИДЕО: Првите пукотници во салата „Батаклан“

Кратка снимка на која се слуша самиот почеток на пукањето во концертната сала „Батаклан“, се појави на „Јутјуб“. Во првите мигови, членовите на бендот, кои ја прекинуваат свирката, но и публиката во првите редови, не знаат што се случува. https://www.youtube.com/watch?v=sDUL9ra6nz8

Дуке Бојаџиев за 2016 година најави концерт во Скопје

На 20 февруари во арената „Метрополис“ во Скопје, ќе се одржи концерт на композиторот, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“. На својот најголем концерт во досегашната кариера, Дуке ќе настапи заедно со своите пријатели и соработници: пејачките Каролина Гочева и Тања Царовска, актерот Никола Ристановски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунзли - сите придружувани од камерен оркестар. Ова...

Спортската сала во Битола ќе го носи името на Боро Чурлевски

Советот на Општина Битола на 29 јануари ќе одлучува дали спорстаката сала „Младост“ ќе се преименува и ќе го носи името на ракометниот виртуоз Боро Чурлевски, кој почина пред еден месец. Иницијативата за преименување на спортската сала во Битола ја поднесе советничката Габриела Илиевска од ВМРО-НП. Во иницијативата пишува дека името на Чурлевски е синоним за младоста на ракометниот дух на...

Советниците на СДСМ во Град Скопје бараат „Универзална сала“ да се прекрсти во „Тоше Проески“

Советничката група на СДСМ и на коалицијата во Советот на Град Скопје, поднесе барање со иницијатива за намалување на цената на водата по кубен метар. Советничката група поднесе и барање за покренување постапка за измена на Статутот на Конгресен центар „Александар Македонски“ со што бараат промена на името во „Тоше Проески“.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...