fbpx
Таг: саем

таг: саем

Почна саемот за зимници и за органска храна „Агрофуд 2015“

Меѓународниот саем за широка потрошувачка, „Агрофуд 2015“ денеска е отворен, а на него посетителите ќе можат да се запознаат со асортиманот на македонските произведувачи на зимница. На саемот, кој е од продажен карактер, исто така ќе бидат изложени и органските производи што се одгледани по најстрогите законски стандарди од македонски производители. Сите граѓани од 1 до 4 октомври, ќе имаат можност...

Саемот „Агрофуд 2015“ ќе се одржи од 1 до 4 октомври

Меѓународниот саем за широка потрошувачка, „Агрофуд 2015“, ќе се одржи од 1 до 4 октомври, на Скопски саем. Сите учесници на „Агрофуд 2015“, кој воедно ќе има нов продажен аспект, ќе ги претстават своите диверзифицирани палети на разни производи и услуги од органското производство во Македонија, со додаден акцент и на претставниците на конзервната индустрија. На изложбено-продажните штандови, освен прехранбените производи...

Медот поскап за 40 проценти

Македонскиот мед годинава се продава по цени повисоки до 40 отсто. Тегла мед на дводневната средба на пчеарите во Штип се нуди по цена од 350 денари па нагоре. Пчеларите велат дека цената ја крена недостатокот на овој производ на пазарот, но и зголемените цени на останатите производи. Освен тоа, законските прописи налагаат нови начин на производство на мед,...

Македонските пчелари ќе се соберат на „Саем на медот” во Струга

Претстојниот викенд, на Плоштадот на револуцијата во Струга, ќе се одржи „Саем на медот”, манифестација организирана од Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, а помогната од Мрежата за рурален развој од Македонија и градоначалникот на Општина Струга. „Саемот на медот” во Струга ќе биде отворен во сабота, со пригодни обраќања на градоначалникот на Општина Струга, Зијадин Села, и директорот на...

Промоција на македонскиот туризам на саем во Келн

Туристичките потенцијали на Македонија ќе бидат претставени на меѓународниот туристички саем „РДА воркшоп“ во Келн, Германија, кој се оддржува од 21 до 23 јули. Туристичките производи на Македонија ги промовираат претставници на Агенцијата на промоција и поддршка на туризмот, туристички агенции и хотелиери. Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на „Виз ер“ со Германија, од Скопје до Минхен-...

„Витаминка“ на престижен саем на кондиторски производи во Кина

Компанијата „Витаминка“ се претстави на еден од светски највлијателните саеми на кондиторски производи, саемот “Кина-Централна и Источна Европа експо за инвестиции и трговија со храна“. - Фактот што бевме дел од овој саем значи дека го добивме и признанието за квалитет на нашите производи, кои ги задоволуваат високите стандарди во Централна и Источна Европа. Саемот „Кина-ЦИЕ експо“ е еден од водечките саеми...

Македонски компании на саем во Амстердам

Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија активно ќе учествува на годинешниот саем „Прајват лејбл мануфактурерс асосиејшн“ - ПЛМА (Private label manufacturers association) во Амстердам, како организатор на македонскиот павилјон, кој првпат се поставува на овој саем. На македонскиот павилјон во Амстердам ќе се претстават компаниите: „Макпрогрес“, „Рудине“, „Виталија“, „Конимекс“, „Магрони“, „Мултихем“ и „Хина“. Саемот ќе се одржи на 19 и на...

Саем за деца и за семејство

Саем за деца и семејство од денеска до недела се одржува во „Сити мол“. Посетителите ќе имаат можност да се дружат со Трајче Георгиев и со „Златните славејчиња“, со живи рептили, да учествуваат во разни спортски активности. На настанот ќе настапат училишни хорови и други секции од училиштата, а претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ќе...

Македонската современа литература ги освои симпатиите на читателите на солунскиот Саем за книга

Саемот за книга во Солун отвори можност за продлабочување на македонско-грчката соработка на полето на културата, литературата и научно-истражувачката дејност. На саемот, по повеќе од една деценија одржување, првпат на иницијатива и со поддршка на Генералниот конзулат на Македонија во Солун и конзулот Маја Апостолова, беше поставен македонски штанд и беа претставени истражувачката дејност на врвниот славист проф. Вера Стојчевска Антиќ,...

„Скопје травел маркет 2015“ ќе почне на 7 мај

Меѓународниот саем за туризам „Скопје травел маркет 2015“ ќе почне утре и ќе трае до 10 мај. На овој петти по ред саем ќе се претстават туристички агенции, хотели и тур-оператори од кај нас и од странство. На саемот свое претставување ќе има и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) за промоција на македонскиот туризам, како и за зголемување на бројот...

Во акцијата „Читај гласно“ се делеа бесплатни книги

Повеќе издавачки куќи и познати личности учествуваа во акцијата „Читај гласно“, во рамките на која делеа бесплатни книги на минувачите во центарот на Скопје. Со отворена покана за годинашниот „Саем на книгата“, кој ќе се одржува од 5 до 11 мај, акцијата беше успешно реализирана за да се овозможи секој што сака да чита, да добие книга.  

Саем на книгата во Велес

Почнува саемот на книга во Велес, кој од денеска до 18 април ќе се одржува во Народниот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“. Саемот ќе го отворат градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, директорот на Народниот театар, Јордан Витанов, и директорот на „Матица“, Дејан Павлески.

Почнува прекуграничниот саем на ИПА во Струга

Прекуграничниот саем на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за добри практики и за правилно користење природни ресурси денеска почнува во Струга. На саемот ќе бидат претставени рачни изработки и традиционални јадења од пограничните општини од Македонија и од Албанија. Саемот претставува заокружување на проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на планинскиот масив Јабланица-Шебеник“, што го спроведоа Македонското еколошко друштво, Здружението за...

Доделени наградите на скопскиот Саем за мебел

На 41. по ред Саем за мебел, на кој своите асортимани ги изложија повеќе од 400 домашни и странски фирми, доделени се наградите за најдобрите производители и трговци, во вкупно 20 категории. На присутните им се обрати Даниела Глигоровска, извршен директор на Скопски саем, која напомена дека овој настан се претвори во една прекрасна традиција, убаво дружење и соработка, која...

Произведена е батерија што може да се витка

Иновациите во ИТ-светот се чести и интересни, но научниците од Јужна Кореја го воодушевија светот претставувајќи ја флексибилната батерија на саем во Јапонија. Батеријата „џеј флекс“ (J.Flex) е дизајнирана за да ѝ помогне на индустријата за мобилни уреди, која завладеа со светот. Ваквата батерија ќе помогне при дизајнирањето на идните уреди, затоа што нема да има потреба од ригидни батерии. Произведувачите и...

Спасов: Преку мерката за млади, вработени 6.126 лица

Повеќе од 60 компании учествуваат на Саемот за вработување што денеска се одржа во Тетово. Според министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денешниот саем е последниот од првиот циклус од вкупно осум вакви настани што оваа есен и зима се одржале во поголемите градови во сите региони од Македонија. - Станува збор за еден новитет во организација на Агенцијата...

„Традиција 2000-2015“ е слоганот на 15. саем на Булеварот на книгите

„Традиција 2000-2015“ е слоганот под кој ќе се оддржи традиционалниот, 15. саем на Булеварот на книгите. - Книга во секој дом на Булеварот на книгите, овојпат посветена на македонските автори. Нашата идеја е едноставна – секојдневно дружење со македонски автори, денови во кои нивните дела ќе имаат промотивни цени. Ова е воедно продолжување на афирмирањето на идејата за празнување Ден на македонската...

„Кодак“ ќе претстави паметен телефон на „Консумер електроникс шоу“

Пионерот во производството на фотокамери на саемот „Консумер електроникс шоу“ во јануари ќе претстави паметен телефон со „андроид“ за љубителите на фотографијата. Од „Кодак“ потекнува само името. Многумина љубители на фотографијата уште веруваат во „Кодак“ иако фирмата во меѓувреме банкротираше и потоа се преориентира на дигитален печат. На „Консумер електроникс шоу“ ќе биде претставена нова серија паметни телефони со „андроид“, коишто ќе овозможат...

Втор саем за проектот „Купи куќа, купи стан“

Во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје се одржува вториот саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“, организиран од Министерството за финансии. На саемот, освен министерството учествуваат банки, градежни компании и компании поврзани со домување. Тие на штандови даваат информации за заинтересираните граѓани, кои сакаат да дојдат до сопствен дом преку поволностите што ги нуди владиниот проект. - Овде ќе...

Саем за вработување во Куманово

Саем за вработување во Куманови ќе се оддржи в среда, 17 декември, со почеток во 10 часот и ќе биде отворен за посетители сè до 15 часот. Место на одржување е НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.  

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...