fbpx
Таг: САД

таг: САД

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На почетокот на првото судење за кривично дело на американски претседател, обвинителите побараа од судијата Хуан Меркан да го казни Трамп со 3.000 долари, поради објавите на социјалните мрежи за клучните...

Бајден: Очекувам Иран да го нападне Израел, САД ќе помогнат Израел да се одбрани

Џо Бајден рече дека очекува ирански напад врз Израел и упати последна порака до Техеран: „Немојтe“, пренесе „Гардијан“. „Ние сме посветени на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел. Ќе помогнеме да се одбрани Израел и Иран нема да успее“, изјави Бајден. Претходно, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби предупреди дека заканата од ирански напад врз Израел е...

Бајден: Пристапот на Нетанјаху кон Газа е погрешен, Израел да повика на прекин на огнот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пристапот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кон Газа е „погрешен“ и го предупреди Израел да повика на прекин на огнот, пренесува „Гардијан“. Коментарите на Бајден беа некои од неговите најсилни критики досега кон Нетанјаху, во период кога има тензии околу бројот на цивилни жртви од војната на Израел против Хамас и тешките услови во Газа. „Мислам...

Целосно затемнување на сонцето во САД, Канада и Мексико

Милиони луѓе низ Мексико, САД и Канада ќе патуваат да го видат целосното затемнување на сонцето, кое ќе започне ова попладне, пренесува Гардијан. Затемнувањето прво ќе може да се види на западниот брег во Мексико, па ќе се „придвижи“ североисточно низ САД и Канада, по т.н. „патот на тоталноста“. Патот на сенката на месечината од запад кон исток ќе трае...

Мајкрософт: Кина ќе користи вештачка интелигенција за да ги попречи изборите во САД, Јужна Кореја и Индија

Кина ќе се обиде да ги наруши изборите во САД, Јужна Кореја и Индија годинава со содржина генерирана од вештачка интелигенција, предупреди технолошката компанија „Мајкрософт“, а пренесе Гардијан. Според извештајот на разузнавачкиот тим за закани, од компанијата соопштија дека очекуваат кибер-групите поддржани од кинеската држава да ги таргетираат изборите во 2024 година во големите држави, а вмешана е и Северна...

Израелски напад во Газа усмрти седум хуманитарни работници од Британија, САД, Австралија, Полска

Израелски воздушен напад во Газа усмрти седум работници од хуманитарната организација Светска централа кујна (СЦК), пренесува Гардијан. Жртвите потекнуваа од Австралија, Велика Британија, Палестина, Полска, а еден од загинатите имал двојно државјанство од САД и Канада. Светската централна кујна, која беше клучна во доставата на хуманитарна помош преку новиот поморски коридор од Кипар, соопшти дека работниците патувале во две возила...

Нема докази дека САД, Велика Британија и Украина стојат зад терористичкиот напад во Москва

Исламска држава презеде одговорност за нападот. Истрагата за терористичкиот напад уште трае, а обвинувањата кои Москва ги упати дека Западот и Украина стојат зад терористичкиот напад ја ставаат Русија пред голем проблем, а тоа е што не може да ги докаже непоткрепените тврдења. На 7 март, Соединетите Американски Држави издадоа предупредување за потенцијален терористички напад во Русија, повикувајќи ги...

Британските судии бараат гаранции од САД дека Асанж нема да добие смртна казна ако биде екстрадиран

Британскиот суд ја одложи својата одлука за екстрадицијата на Џулијан Асанж во САД. Основачот на Викиликс доби одложување на борбата против екстрадицијата, откако судиите одлучија дека тој може да го однесе случајот на жалбена расправа, но само доколку администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не може да му даде на судот соодветни гаранции, јавуваат британски медиуми. Британскиот суд им даде...

Израел ја откажа посетата на САД и го повлече преговарачкиот тим од Катар

Израел ја откажа посетата на Вашингтон на која требаше да се разговара за планираната офанзива на јужниот град Рафа во Газа, на што САД се противат, јави Гардијан. Посетата беше откажана по гласањето на Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прекин на огнот. САД се воздржаа од гласање, со што овозможија резолуцијата да помине. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

По удар од брод, се сруши мост во Балтимор – автомобили и луѓе завршија во реката

Дел од мостот Френсис Скот Ки во американскиот град Балтимор се урна откако товарен брод удри во него утрово. Повеќе автомобили завршија во реката Патапско, јави Гардијан. Бродот Дали, под знаме на Сингапур, удрил во мостот, по што се запалил, пред да потоне. Во видео споделувано на социјалната мрежа „Х“ се гледа како голем дел од мостот долг 2,6 километри...

Блинкен во посета на Израел додека САД повикуваат на итен прекин на огнот во Газа

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тел Авив, Израел, во неговото шесто патување во регионот од почетокот на војната во Газа. Блинкен рече дека за време на разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот кабинет ќе сподели алтернативи за планираниот копнен напад на Израел врз градот Рафа во јужниот дел на Газа, пренесе Гардијан. Посетата на Блинкен во Израел...

Tрамп: Ќе има крвопролевање ако не победам на изборите во ноември

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател кој обезбеди доволно републикански делегати за повторно да ја номинира Белата куќа, изјави дека ќе има „крвопролевање“ ако не победи на изборите во ноември, пренесува Гардијан. Во саботата, во моментот кога поранешниот претседател правеше вербални гафови на предизборен митинг во Охајо, како и за време на изјавите за економијата и автомобилската индустрија, предвиде „крвопролевање“ за...

Бајден против Трамп: Кој води на анкетите?

Американскиот претседател Џо Бајден има маргинална предност од  еден процент пред Доналд Трамп во трката за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември, според најновата анкета на Ројтерс/Ипсос, објавена откако двајцата кандидати обезбедија доволна поддршка од своите партии за да се појават на гласачкото ливче. Околу 39 отсто од регистрираните гласачи одговориле дека би гласале за Бајден...

Пентагон вети воена помош од 300 милиони долари за Украина

Оружја, муниција и други компоненти од новиот пакет воена помош од САД за Украина ќе бидат доставени на земјата многу набргу, преку претходно воспоставените канали, соопшти Генерал мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон на брифинг за медиумите. Како што пренесе украинската државна новинска агенција ukrinform.net, новиот пакет помош вреден 300 милиони американски долари, на украинските вооружени сили ќе им обезбеди...

Бајден: Нетанјаху повеќе го повредува отколку што му помага на Израел

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ во пристапот кон војната против Хамас во Газа. Во вчерашно интервју за „MSNBC“, Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на изгубените невини животи како последица...

Американскиот Конгрес со нов предлог-закон за принудна продажба или забрана на ТикТок

Американски конгресен панел одобри нацрт-закон кој ќе ја принуди кинеската матична компанија на социјалната мрежа ТикТок да ја продаде апликацијата во рок од шест месеци или ќе се соочи со забрана за користење во САД, јави Би-би-си. Мерката е воведена од комисија на Претставничкиот дом и е поддржана од Белата куќа поради загриженост за националната безбедност. Од ТикТок велат дека предложеното...

Амбасадата на САД во Москва предупреди на можни терористички напади во Русија

Амбасадата на САД во Русија ги предупреди државјаните на САД кои престојуваат во земјата да избегнуваат големи собири во следните 48 часа поради закани од терористички напади, односно напади при поголеми собири, вклучително и концерти. Според известувањето, државјаните на САД треба да внимаваат што се случува во нивната околина, да избегнуваат толпи и да следат на локалните медиуми за нови...

Руски разорни дезинформации ја потпалуваат американската политичка сцена

Kлучниот сведок во истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден,  за наводно примање мито од украинска фирма преку неговиот син Хантер Бајден, покрената од републикански политичар од претставничкиот дом на САД, испадна дека не ја говорел вистината кога споделувал доверливи информации до Федералното истражно биро (ФБИ). Не само тоа, туку и според неговите изјави, тој имал контакт со руски претставници кои...

Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон

Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон, што е нејзина прва победа над поранешниот американски претседател во кампањата за 2024 година за тоа кој ќе стане републикански претседателски кандидат. Хејли, која е единствен преостанат предизвикувач на Трамп, освои 62,9 отсто од гласовите во Федералниот округ Колумбија, наспроти 33,2 проценти што ги освои поранешниот претседател, пренесува...

РСЕ: Велешани повторно мамат и заработуваат на Трамп

По големата приказна дека претходните претседателски избори во САД, Доналд Трамп ги добил со помош на велешани, сега, пред новите избори во Америка, велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, пишува Радио Слободна Европа. Најновата „жртва“ е бабичка од 86-години од САД, Ен Братон, која мислела дека...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...