Таг: САД
таг: САД
Tрамп: Ќе има крвопролевање ако не победам на изборите во ноември
Доналд Трамп, поранешниот американски претседател кој обезбеди доволно републикански делегати за повторно да ја номинира Белата куќа, изјави дека ќе има „крвопролевање“ ако не победи на изборите во ноември, пренесува Гардијан.
Во саботата, во моментот кога поранешниот претседател правеше вербални гафови на предизборен митинг во Охајо, како и за време на изјавите за економијата и автомобилската индустрија, предвиде „крвопролевање“ за...
Бајден против Трамп: Кој води на анкетите?
Американскиот претседател Џо Бајден има маргинална предност од еден процент пред Доналд Трамп во трката за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември, според најновата анкета на Ројтерс/Ипсос, објавена откако двајцата кандидати обезбедија доволна поддршка од своите партии за да се појават на гласачкото ливче.
Околу 39 отсто од регистрираните гласачи одговориле дека би гласале за Бајден...
Пентагон вети воена помош од 300 милиони долари за Украина
Оружја, муниција и други компоненти од новиот пакет воена помош од САД за Украина ќе бидат доставени на земјата многу набргу, преку претходно воспоставените канали, соопшти Генерал мајор Пет Рајдер, портпарол на Пентагон на брифинг за медиумите.
Како што пренесе украинската државна новинска агенција ukrinform.net, новиот пакет помош вреден 300 милиони американски долари, на украинските вооружени сили ќе им обезбеди...
Бајден: Нетанјаху повеќе го повредува отколку што му помага на Израел
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ во пристапот кон војната против Хамас во Газа.
Во вчерашно интервју за „MSNBC“, Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на изгубените невини животи како последица...
Американскиот Конгрес со нов предлог-закон за принудна продажба или забрана на ТикТок
Американски конгресен панел одобри нацрт-закон кој ќе ја принуди кинеската матична компанија на социјалната мрежа ТикТок да ја продаде апликацијата во рок од шест месеци или ќе се соочи со забрана за користење во САД, јави Би-би-си.
Мерката е воведена од комисија на Претставничкиот дом и е поддржана од Белата куќа поради загриженост за националната безбедност.
Од ТикТок велат дека предложеното...
Амбасадата на САД во Москва предупреди на можни терористички напади во Русија
Амбасадата на САД во Русија ги предупреди државјаните на САД кои престојуваат во земјата да избегнуваат големи собири во следните 48 часа поради закани од терористички напади, односно напади при поголеми собири, вклучително и концерти.
Според известувањето, државјаните на САД треба да внимаваат што се случува во нивната околина, да избегнуваат толпи и да следат на локалните медиуми за нови...
Руски разорни дезинформации ја потпалуваат американската политичка сцена
Kлучниот сведок во истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден, за наводно примање мито од украинска фирма преку неговиот син Хантер Бајден, покрената од републикански политичар од претставничкиот дом на САД, испадна дека не ја говорел вистината кога споделувал доверливи информации до Федералното истражно биро (ФБИ). Не само тоа, туку и според неговите изјави, тој имал контакт со руски претставници кои...
Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон
Ники Хејли го победи Доналд Трамп на републиканските прелиминарни избори во Вашингтон, што е нејзина прва победа над поранешниот американски претседател во кампањата за 2024 година за тоа кој ќе стане републикански претседателски кандидат.
Хејли, која е единствен преостанат предизвикувач на Трамп, освои 62,9 отсто од гласовите во Федералниот округ Колумбија, наспроти 33,2 проценти што ги освои поранешниот претседател, пренесува...
РСЕ: Велешани повторно мамат и заработуваат на Трамп
По големата приказна дека претходните претседателски избори во САД, Доналд Трамп ги добил со помош на велешани, сега, пред новите избори во Америка, велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, пишува Радио Слободна Европа.
Најновата „жртва“ е бабичка од 86-години од САД, Ен Братон, која мислела дека...
Бајден најави нови санкции против Русија на двегодишнината од војната во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден објави дека Вашингтон ќе воведе повеќе од 500 нови санкции против Русија. САД се обидуваат да го зголемат притисокот врз Москва во пресрет на втората годишнина од нејзината инвазија во Украина, пишува Ројтерс.
Соединетите Држави, исто така, ќе воведат нови извозни ограничувања за речиси 100 субјекти кои даваат поддршка на Русија и ќе преземат активности за...
По повеќе од половина век, американско летало повторно слета на Месечината
Соединетите Американски Држави се вратија на површината на Масечината за првпат по повеќе од педесет години, откако приватното летало наречено „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата во близина на јужниот пол на Месечината.
Американската вселенска агенција НАСА го поздрави „џиновскиот скок напред“, без да го потврди статусот или состојбата на леталото, пренесува „Гардијан“.
Подоцна компанијата „Интуитив Машинс“ (Intuitive Machines) која...
Адвокатите на САД негираат дека обвинувањата против Џулијан Асанж се политички мотивирани
Кривичната пријава е поднесена против Џулијан Асанж бидејќи го открил идентитетот на изворите и поттикнувал кражби и хакирање, а не поради политички причини, рекоа адвокатите што ја застапуваат владата на САД, која бара екстрадиција на основачот на WikiLeaks (Викиликс) на денешното сослушување во судот во Лондон, извести „Гардијан“.
Асанж би можел да биде екстрадиран во САД за неколку дена. Таму...
Откако Конгресот „дигна рачна“, Бајден порача дека ќе се бори за постојана помош за Украина
Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина.
Објаснувајќи го тоа за новинарите по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, тој рече дека...
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван
Американскиот Сенат, предводен од демократите, го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај зголемените сомнежи за судбината на предлог-законот во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците.
Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и еднаш претходно го изгласаа „против“.
На денешното гласање, сенаторите со 70 гласови „за“ и 29 „против“ го...
Кампањата на Бајден се приклучи на ТикТок, и покрај загриженоста за националната безбедност на САД
Претседателот на Комитетот за разузнавање во американскиот Сенат и претставник на Демократската партија, Марк Ворнер, рече дека е загрижен поради одлуката на кампањата на претседателот Џо Бајден да се приклучи на ТикТок.
Во неделата, кампањата за реизбор на Бајден го искористи „Супербоул“ за да ја најави својата нова корисничка сметка на ТикТок во обид да допре до младите гласачи пред...
Изјавите на Трамп може да ги загрозат животите на САД и ЕУ, смета Столтенберг
Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека секој напад врз западната воена алијанса ќе биде дочекан со „обединет и силен одговор“, откако Доналд Трамп ја покани Русија да ги нападне земјите-членки на алијансата за кои тој смета дека не ги исполнуваат нивните финансиски обврски.
„Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува целата наша безбедност, вклучително и...
САД со прецизен напад уби лидер на терористичка група поврзана со Иран во Багдад
Прецизен воздушен напад со дрон лансиран од САД во Багдад резултираше со смрт на три члена на Катаиб Хезболах, ирачка исламистичка група поддржана од Иран, известува Би-би-си. Еден од убиените бил Абу Бакир ал-Саади, висок раководител во групата.
Според Пентагон, Ал-Саади бил бил вклучен во планирањето на нападите врз американска база во Јордан на 28 јануари, кои резултираа со смртта...
Американскиот Сенат ја блокираше помошта за Украина и границата со Мексико
Со 49 гласа „за“ и 50 „против“, Сенатот на САД го блокираше унапредувањето на двопартискиот нацрт-закон за границата и националната безбедност. Демократите ги обвинија републиканците дека се поклонуваат пред политичките желби на Доналд Трамп на сметка на нивните гласачи, јавува Гардијан.
Четириесет и пет демократи и четворица републиканци го поддржаа унапредувањето на предлог-законот. За да започне расправата по предлогот, потребни...
САД лансира воздушни напади во Ирак и Сирија како одговор на нападот на американска база во Јордан
Соединетите Американски Држави лансираа воздушен напад на повеќе од 80 воени цели во Ирак и Сирија кои се поврзани со паравоени сили поддржани од Иран, пренесува Гардијан.
„Овие напади започнаа вечерва. Тие нема да завршат вечерва. Ќе преземеме и дополнителни активности, сите со цел да ставиме крај на овие напади и да се намалат капацитетите на иранската револуционерна гарда“, изјави...
Уапсен маж во САД кој го обезглавил својот татко и тоа го објавил на „Јутјуб“
Џастин Мон (32) од Пенсилванија го обезглавил својот татко и ја покажувал отсечената глава во видео, пренесе Си-Ен-Ен. Мон е обвинет за убиство откако бил уапсен во базата на Националната гарда, според официјалните лица и судските документи.
Грозоморното видео кружеше со часови на Јутјуб и „собра“ повеќе од 5.000 прегледи, пред да биде отстрането. Џастин Мон сега е притворен.
Таткото, Мајкл...