Ловец со сачми застрелал соселанец што собирал смрекинки


Берово, 1 јануари, 2018 - 12:49 (META) 

Во инцидент вчера кај малешевското село Будинарци, 63-годишен жител на селото бил застрелан и тешко повреден со сачми во двете нозе. Во него пукал негов соселанец, 36-годишниот И.П., кој мислел дека нишани во дивеч.

Како што извести СВР Штип, ранетиот С.К. првин бил пренесен во Здравствениот дом во Берово, а потоа поради сериозноста на повредите во префрлен во Клиничката болница во Штип.

Инцидентот се случил вчера околу пладне, кога И.П., кој бил на лов во месноста Лесови Ливади, во еден момент се посомневал дека на смрека на околу 60 метри од него има дивеч и испукал патрон. Но на дрвото немало птици, туку неговиот соселанец, кој собирал смрекинки.