fbpx
Таг: руско МНР

таг: руско МНР

Бејли: Не бев во Собранието, гласањето го следев на телевизија

По обвинувањата од руското Министерство за надворешни работи дека амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, бил во Собранието во текот на гласањето за почнување на уставните измени, тој вчера за телевизијата 21 ги негираше таквите тврдења, велејќи дека гласањето го гледал на телевизија, од неговата дневна соба. - Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран...

Руско МНР: Балканските држави не треба да се тераат да брзаат кон ЕУ

Принципиелен став на Русија е дека најкомлицираните проблеми во регионот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови - без никакво надворешно мешање. „Ова се однесува на прашањата за границите, темата со именувањето на Македонија, и особено ситуацијата со Косово“, изјави портпаролката...

Руско МНР за Стратегијата за Западен Балкан: Нашиот став не е „Со нас или против нас“

Русија не гледа никакви пречки во развојот на односите со земјите кои сакаат да станат членки на Европската Унија и кон нив не пристапува по принципот „со нас или против нас“, изјави вчера на прес-конференција портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова прашана за коментар на Стратегијата на Европската комисија за проширувањето на ЕУ со земјите од...

Руско МНР: Еди Рама и понатаму ги турка големоалбанските амбиции

Одделот за медиуми на Министерството за надворешни работи на Русија вечерва порача дека изјавата на албанскиот премиер и претседател на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама, за Законот за употреба на јазиците во Македонија е потврда дека тој и понатаму сака да ја реализира „тиранската платформа“ и да се заканува на уставните темели на македонската државност и на Охридскиот...

Руското МНР нема коментар за насилствата од 27 април, кои биле „антинатовски митинг“

Министерството за надворешни работи на Русија нема никаков коментар во врска со притворањето на 36-мина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и шестмина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, прашана „за коментар за ситуацијата во Македонија, каде што кон крајот од минатата недела имаше апсења на претставници на...

Заев во ниту еден момент не ги доведе во врска заканите со атентат со Русија, велат од Владата

Изјавата на премиерот Зоран Заев за црногорискиот медиум се темели на искуствата од регионот и на реакциите на Руската Федерација при зачленувањето на други земји од регионот во НАТО, стои во соопштението на Владата по денешните реакции на Москва на изјавите на Заев за црногорското радио „Антена М“. „Во интервјуто за црногорскиот медиум, претседателот на Владата, Зоран Заев, во ниту...

Обвинувањата за руско мешање во Македонија не се неосновани

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по повод интервјуто на  министерката за одбрана Радмила Шекеринска за агенцијата „Блумберг“ (во кое таа рече дека новата Влада ги зајакнува напорите за влез на Македонија во НАТО и дека членството во воената алијанса ќе ја заштити земјата од руското мешање), изјави: Обвинувањата на сметка на Москва за наводното мешање во...

Руското МНР иронично му забележа на Столтенберг за изјавата по средбата со Заев

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за новинарите иронично ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во понеделникот оваа недела во Брисел. Захарова се осврна на изјавата на Столтенберг, во која тој рече дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси на некоја земја...

Руско МНР: Демонстрантите им се спротивставија на „натрапниците“

Руското министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост за вчерашните насилства во Собранието, а причината за нив ја лоцираше во „обидот на опозицијата преку грубо кршење на процедурите да избере претседател на Собранието“. Како резултат на тоа, велат од министерството, се случил „метеж во кој беа инволвирани демонстранти кои им се спротивставија на 'натрапниците', од кои дел беа хоспитализрани“. Руското...

Руско МНР: Провокација се тврдењата дека Лавров заговарал поделба на Македонија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров никогаш не дал изјава во која наводно заговара поделба на Македонија, стои во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Русија на текст на македонската редакција на „Дојче веле“ со наслов „Предлогот на Рорабакер- верзија на стар руски предлог?“ - Забележавме дека во написот на македонското издание на „Дојче веле“, идејата за поделба...

Москва: Бесрамното манипулирање со гласачите може да ја дестабилизира Македонија

Констатираме сериозно продлабочување на политичката криза во Република Македонија и станува очигледно дека „вештачки предизвиканите“ предвремени парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година не придонесоа за решавање на ситуацијата, се вели во денешниот коментар на одделот за информации и за печат на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Според руското МНР, под „псевдодемократски слогани“ продолжува длабокото надворешно влијание...

Руско МНР: Агресивно малцинство подготвува „обоена револуција“ во Македонија

Едно агресивно малцинство платено однадвор, по добро разработена шема подготвува нова „обоена револуција“, овојпат во Македонија, изјави денеска на брифинг за новинарите портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова оваа забелешка ја дала зборувајќи во контекст на неодамнешните протести во Белград, кои, како што вели, биле директно организирани од различни невладини организации, со финансиска поддршка однадвор. - Генерално,...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...