fbpx
Таг: руски гас

таг: руски гас

Бугарија ја отфрли таксата за пренос на руски гас која ја воведе во октомври

Набрзо откако во октомври годинава соопшти дека ја воведува таксата од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија, бугарската влада се одлучи да ги суспендира таксите за транзит на руски гас што минуваат низ нејзината територија, пишува Медиапул.бг. Бугарските медиуми информираат дека воведената такса за транзит на руски гас не само што нема...

Шолц во Нигерија бара алтернатива за рускиот гас за Германија

Германија е заинтересирана за увоз на природен гас од Нигерија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервјуто објавено откако во неделата го напушти Берлин на патување во Западна Африка, пренесува германската новинска агенција ДПА. „Нигерија ги има најголемите резерви на гас во Африка“, изјави тој за нигерискиот дневен весник Д Панч. „Германските компании се заинтересирани за испораки на гас од Нигерија...

Таксата за руски гас ги вжешти политичките односи во Бугарија, Бектеши ја коригира изјавата

Жестоки политички пресметки се случуваат во Бугарија откако владата минатата недела воведе такса од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска пред Уставниот суд ја оспори ваква владина одлука, додека бугарскиот министер за финансии реагираше дека Радев врши срамна заштита на руската компанија „Газпром“, пренесува Медиапул.бг. Претседателот Радев...

Бугарија го проширува депото за гас во Чирен, и Македонија заинтересирана за капацитетот

Булгартрансгаз, државниот оператор за гас на Бугарија, денеска потпиша договор за проширување на депото за гас кај Чирен, на 90-тина километри северно од Софија, и се очекува зафатот да биде готов за отприлика две години, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според Владимир Малинов, извршниот директор на Булгартрансгаз, капацитетот од сегашните 550 милиони кубни метри ќе се зголеми на милијарда кубни метри,...

Руски гас преку бугарски гасовод – засега најопиплива опција за млаки радијатори

Засега, Владата нема сигурна алтернатива за набавка на гас за затоплување на домовите преку централно парно греење, освен набавка на природен гас од руската државна компанија „Газпром“ преку гасоводот кој доаѓа од Бугарија до Куманово. Судејќи според крајот на минатата грејна сезона, а имајќи ја предвид непредвидливоста на руската енергетска политика, ниту таа опција не е сигурна. Како што информираат...

За привремената бугарска влада „неизбежно“ било да се купува гас од „Газпром“

Обезбеден е еден танкер течен гас за Бугарија за октомври, ама мора да се работи за обезбедување на потребните количества по прифатливи цени за бизнисот и за домаќинствата, соопшти Кризниот штаб за енергетика на техничката владата на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“. Техничкиот министер за енергетика Росен Христов смета дека во сегашната ситуација и недоврешноста на гасоводната врска со Грција, е...

Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?

Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што зависи загревањето на домовите...

Во Софија повторно протест #ГаzWithMe против намерата на техничката влада да се купува руски гас

Стотици демонстранти се собраа вчеравечер пред Кабинетот на претседателот на Бугарија, во најстрогиот центар на Софија, да протестираат против намерите на техничката влада на Бугарија повторно да купува гас од руски Газпром, јави mediapool.bg. Ова е вториот протест #ГаzWithMe – првиот се случи пред една седмица. „Гасот од внатрешно-политички проблем веќе се претвори во надворешно-политички. Интересот на Бугарија е да сме...

Петков: Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот

Бугарскиот премиер Кирил Петков | Фото: Влада на Република Бугарија
Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за британскиот весник „Тајмс“, а чии најважни поенти ги пренесува Медиа Пул. За време на краткиот премиерски мандат, Петков вели дека успеале да ја ограничат корупцијата на локално ниво во Бугарија, но и откриле дека имале поголем непријател, а тоа е руското...

Крај на рускиот монопол со гасот на Балканот, отворен гасниот интерконектор Грција-Бугарија

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска кај грчкиот град Комотини го пуштија во употреба новиот гасен интерконектор меѓу двете земји. На свеченоста присуствуваше и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов. „Интерконекторот ќе ја трансформира енергетската карта на регионот. Ќе ја продлабочи енергетската поврзаност меѓу двете земји“, изјави Кирил Петков, пренесува bTV Novinite. Тој додава...

Борбите продолжуваат, Украина го запре транзитот на руски гас преку Луганск

Украинските власти за првпат од почетокот на руската агресија се одлучија да го сопрат транзитот на руски гас преку станицата „Сохрановка“ и пограничната компресорска станица „Новопсков“ во Луганскиот регион, објавува Би-би-си. Операторот на украинската гасоводна мрежа ГТСОУ објави дека поради околности од „виша сила“ е прекинат транспортот на руски гас. Двете инфраструктурни точки во Луганската област сега се под контрола...

ЕУ во трка за енергија

Кога пред околу една година се вжешти кризата со енергенсите малкумина предвидуваа дека тоа ќе биде подолгорочно. Агресијата на Русија врз Украина целосно ги промени прогнозите и плановите, а енергетиката уште поцврсто се поврза со гео-политиката. Зависноста од руските енергенси (гас – 45,3%, нафта – 27%, јаглен – 46%) ги оневозможи поострите санкции на ЕУ кон Русија. Иако руски енергенси...

Путин со указ од утре сака да го продава рускиот гас во рубљи, европските земји реагираат

Рускиот претседател Владимир Путин во денешното обраќање до јавноста рече дека од 1 април странските купувачи на руски гас ќе мора истиот да го плаќаат во рубљи, пренесува Би-би-си. Како што јавува дописникот на британскиот јавен сервис од Москва, новиот указ потпишан од Путин практично ќе значи дека странските купувачи ќе мора да отворат сметка во банката на Газпром...

Путин: Русија ќе вложи две милијарди долари во Аргентина

Обемот на руски инвестиции во изградба на хидроелектрани во Аргентина, ќе достигне околу две милијарди долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во телефонскиот разговор со аргентинската претседателка, Кристина Киршнер. - Вниманието ќе го посветиме на зголемување на трговско-економската соработка. Реализацијата на овие големи заеднички проекти во областите како што се хидроенергетика, нуклеарна енергија, производство на нафта и на гас, се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...