fbpx
Таг: Русино

таг: Русино

Вистиномер: Полошките општини започнаа да го носат комуналниот смет во депонијата Русино

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ за ветување на тетовскиот градоначалник Биљал Касами:   Ветување – Оптимални услови веќе се создадени за депонирање на отпад во Русино. Имаше административни проблеми во делот на општините, кои треба да платат побарувања кон претпријатието. Ние најдовме законска можност иако имаме блокирана сметка да ја платиме обврската. Се надеваме дека за една недела ќе...

Вистиномер: Наместо стандардизирано депонирање на отпад, во полошко со децении се создаваат диви депонии

Во последниот Извештај на Европската комисија, во Поглавјето 27 – делот за управување со отпад, меѓу другото стои дека слабите административни капацитети, ниската примена и ограничената меѓусекторска соработка остануваат главна пречка за напредок во овој сектор. Воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад и понатаму се соочува со одложувања, а нестандардните и дивите депонии претставуваат важен проблем за...

Oколината на „Русино“ ќе се санира со систем за третман на исцедокот од депонијата

Ќе се санира околината на депонијата „Русино“ во Гостивар. Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска најави дека по усвојувањето на заклучок на Владата, Центарот за развој на Полошкиот плански регион ги ангажирал изведувачите „Пелагонија“ и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар кои ќе треба изградат систем за третман на исцедокот, со насип кој ќе спречува влевање на атмосферски...

Постигнат договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, денеска ги прими на консултативна средба претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. При тоа, на средбата присуствувале и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион. На средбата присутните, изразиле...

Палење депонија е кривично дело, инспекциите почесто да се на терен и да казнуваат, бара министерот Нуредини

Општините да не дозволуваат да се создаваат диви депонии и да се палат огнови на отворено, а инспекциите повеќе да казнуваат, за да се подобрат состојбите со загадувањето на воздухот и на животната околина, апелира министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој денеска ги претстави приоритетите за својот нов мандат, а ги издвои аерозагадувањето, управувањето со отпадот, заштитата на...

Отпадот од тетовската депонија ќе се дислоцира во Дрисла или во Русино

Отпадот од депонијата во Тетово ќе се дислоцира и ќе биде складиран во скопската депонија Дрисла или во депонијата Русино. Дислоцирањето на отпадот ќе го врши фирмата „Голец Транс“, која, како што соопштија денеска од Владата, е избрана на тендер, кој завршил во петокот, минатата недела. Фирмата, заедно со Јавното комунално претпријатие „Тетово“ со дислокација на отпадот почнува денеска. Од Владата информираат...

Тетовскиот отпад повторно се носи во Русино

Блокадата за тетовскиот смет кон депонијата Русино е отстранета. Од саботата навечер камионите на Јавното комунално претпријатие „Тетово“ го носат сметот во Русино бидејќи жителите на гостиварските села постигнаа договор со Центарот за Полошки плански регион за исполнување на минимум услови за носење и за депонирање на смет во депонијата во Русино. - Договорот за носење и за депонирање смет кој...

Патот кон депонијата Русино повторно е блокиран

Повторно е воведена блокадата кон Русино за камионите на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Тетово. Жителите од гостиварсктие села не дозволуваат да се носи тетовскиот смет до Русино, поради како што велат, непочитувањето на точките од договорот кој е склучен меѓу нив и ЈКП Тетово. - Се договоривме да се носи сметот во 1 часот по полноќ, но оваа точка од...

Тетовскиот смет од утре ќе се транспортира во Русино

Блокадата кон регионалната депонија Русино, која изминативе четири месеци важеше за камионите од комуналните претпријатија од полошкиот регион е остранета. На вчерашната средба одржана во Гостивар, Центарот за полошки плански регион ги прифати барањата на жителите од гостиварските села, кои не дозволуваа да се носи сметот до Русино. - Ги прифативме барањата на жителите од гостиварските села и тие се...

Тетово и Гостивар се гушат во смет поради блокада на патот до депонијата Русино

Тетово и Гостивар се гушат во смет, откако жителите од гостиварските села четири дена го блокираат патот кој води до регионалната депонија Русино, каде повеќе општини од полошкиот регион го депонираа сметот. Во Гостивар контејнерите се преполни со смет, а отпад се трупа и на тротоарите и улиците. - Низ, цел град се шири непријатна миризба, срамота - вели еден гостиварец И...

Жителите од Гостивар и околината го блокираа транспортот на смет

Жителите од Гостивар и околните села со блокада на локалниот пат кој води до регионалната депонија „Русино“, го изразија револтот од како што рекоа, неодговорниот однос на полошките општини, кои го носат сметот на оваа локација. Според учесниците на протестот, депонијата работи без никакви стандарди, а патната делница која води до „Русино“ е целосно уништена од камионите на комуналните претпријатија,...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...