fbpx
Таг: рударство

таг: рударство

Индустриското производство во октомври опаднало за 5,3 отсто на годишно ниво

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на индустриското производство во октомври е 94,7 во однос на октомври 2021 година, односно бележи негативна разлика од 5,3 отсто. Најголем е падот во секторот Рударство и вадење на камен, при што за само една година, односно октомври 2021-октомври годинава, се бележи пад од 13,2 отсто. Во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од...

Само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени [инфографик]

Негативни бројки за (не)постоењето на соодветен третман на индустриските отпадни води во земјава. По серијата на еколошки инциденти кои се случија изминативе месеци со испуштање на води од индустријата непречистени во реките и езерата, Државниот завод за статистика во официјалниот извештај за 2020 година посочува дека само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени. Најголем дел...

Рударскиот сектор создал над 7.000 тони опасен отпад во 2018 година

Компаниите од разни сектори во Македонија во 2018 година создале вкупно 1.143 илјади тони отпад. Од ова количество, 98,21 отсто се неопасен отпад, а 1,79 отсто е опасен, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС. Од создадениот отпад, 1.145 тони е складиран. Најмногу имало отпад во секторот преработувачка индустрија, 531.762 тони или 46,54 отсто. Од ова количество,...

Пад од 5,9 проценти на индустриското производство во декември лани

Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот...

Индустриското производство во првите два месеци е со пораст од 9,6 отсто во однос на лани

Индустриското производство во првите два месеци од годината е со пораст од 9,6 проценти во однос на првите два месеци лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 2,9 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од...

Индустриското производство зголемено за 5 проценти во однос на лани

Индустриското производство, во првите девет месеци годинава, е зголемено за пет проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во септември зголемувањето изнесувало 4,5 проценти во однос на истиот месец лани. Индустриското производство е зголемено во секторот рударство и вадење на камен од 4,7  проценти, во преработувачка индустрија има пораст од 3,6 проценти, а во секторот снабдување со...

Индустриското производство зголемено за пет отсто во однос на лани

Индустриското производство во првите шест месеци е зголемено за пет отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во јуни годинава во однос на истиот месец лани пак, е зголемено за 12,1 отсто. Според главните индустриски групи, производството во јуни  во однос на истиот месец лани бележи пораст кај енергија за 12,3 отсто, интермедијарни производи, освен енергија...

Просечната нето-плата во април изнесувала 23.942 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април изнесувала 23.942 денари и е зголемена за 5,6 проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата за април изнесувала 35.117 денари. Ваквото зголемување се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен (32,2 отсто), преработувачка индустрија (13 отсто) и...

Анѓушев: Рударството е важно, треба да се смени перцепцијата на граѓаните

Во Македонија кога ќе се спомне рударство се раѓаат негативни чувства, мора да отвориме дискусија зошто е тоа така рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на отворањето на 3. Европски форум за рударство и истражување „Minex Europe 2018“  организиран од Стопанска комора на Македонија. - Мој заклучок е дека таквата состојба е генерирана од неодговорниот однос на дел од концесионерите...

Бектеши: Отворањето на рудници зависи од позитивното мислење на општините

Доделувањето на концесија за отворање на рудник, освен од надлежните институции, најдиректно зависи од позитивното мислење дадено од општината каде се наоѓа, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на доделувањето на признанијата на најуспешни рудари во Македонија. Тој посочи дека во земјава има активни повеќе од 120 рудници и дека рударството претставува база за развој на индустријата во државата. „Ова...

Просечната нето-плата во ноември била 22.380 денари

Просечната месечна нето-плата во ноември лани изнесувала 22.380 денари, додека просечната бруто-плата била 32.877 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година за 1,8 отсто се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 10,5 проценти, уметност,...

Намален бројот на работници во индустријата во октомври во однос на лани

Бројот на работниците во индустријата во октомври во однос на истиот месец лани е намален за 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во првите десет месеци годинава во однос на истиот период лани бројот е зголемен за 0,3 отсто. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во октомври во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 3,2 проценти,...

Прометот во индустријата до август зголемен за 10,8 отсто во однос на лани

Во првите осум месеци од годинава, прометот во индустријата во однос на истиот период лани е поголем за 10,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата во август годинава во однос на истиот месец лани е поголем за 4,1 отсто. Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за истиот период бележи зголемување од 8,4 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи...

Индустријата со пораст од 10,4 отсто во првите 7 месеци годинава во споредба со лани

Во јули годинава во споредба со истиот месец лани, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи зголемување од 3,5 проценти, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 16,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Прометот од јануари до јули е зголемен за 10,4 проценти во однос на истиот период лани. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јули во...

Во рударскиот сектор не се издаваат концесии за истражување и за експлоатација

Запирање на добивањето концесии како за истражување така и за експлоатација на минерални суровини е состојба со која се соочува рударскиот сектор, а е последица на моменталната политичка состојба во земјата, оценуваат од Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора. Според претседателот на МАР, Николајчо Николов, индустриското производство кај рударството и вадење камен, за првите три месеци од оваа година споредено со...

Пониски цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а за 4,4 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во февруари во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 5,8 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,2 отсто,...

Прометот во индустријата на домашниот пазар бележи пад

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври годинава, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 3,4 проценти, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,3 проценти, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во октомври 2015 година, во однос на истиот месец лани, бележи пораст...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...