fbpx
Таг: РСБСП

таг: РСБСП

Возила-пресретнувачи ќе документираат сообраќајни прекршоци низ улиците

Две возила, опремени со системот PolCam, внатрешен уред дизајниран за контрола и мониторирање на сообраќај и прешкршоци на возила во движење, му предаде денеска претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Системот PolCam документира сообраќајни прекршоци како што се: минување на црвено светло, возење со поголема брзина...

Во сообраќајни несреќи на македонските патишта годинава до август починале 85 лица

Во светот годишно околу 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Во Северна Македонија, минатата година 124 лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа, додека 3.834 биле повредени, информираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни...

„Јас внимавам и безбедно возам“ – дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот

Повеќе од 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти возеа на дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“ што денеска се одржа во Скопје. Целта на дефилето, како што информираа организаторите, е да се подигне свеста за поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, како и за користењето на заштитна опрема. Велосипедистите и мотоциклистите тргнаа од различни локации во главниот град, а...

РСБСП со апел до возачите и до учениците: Бидете внимателни и почитувајте ги сообраќајните правила

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до возачите, учениците и нивните родители за внимание и почитување на сообраќајните правила и прописи на стартот на новата учебна година. Од Републичкиот совет апелираат возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни во близина на воспитно-образовните установи, но и до родителите на учениците,...

Почнува кампањата „Носи кацига, вози безбедно!“ за намалување на бројот на жртви на сообраќајниците

Минатата 2021 година е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите четири месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на значително намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи. Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата(РСБСП) и Факултетот за безбедност од...

РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти

„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги упати до матурантите и нивните родители на почетокот од периодот на матурските прослави. Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите да не управуваат моторно возило без возачка дозвола...

РСБСП со апел на Денот на културата во сообраќајот: Преку личен пример да ја зголемиме безбедноста

Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11 мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена ореганизација, за првпат е организиран настан во чест на подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Овој настан прерасна во традиционална манифестација „Ден на културата во сообраќајот“, соопшти денес...

РСБСП: Внимателно со возењето во есенски услови, октомври и ноември најризични за возење

Според статистичките податоци, месеците октомври и ноември се најризични за возење, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Есенскиот период се карактеризира со пад на температурите и повеќе опасности во сообраќајот кои возачите мораат да ги имаат предвид. Тмурното време, обилните врнежи, првите мразеви, накиснатите лисја кои паѓаат на коловозите, големите температурни разлики, како и...

Родителите да ги подучат децата за безбедноста во сообраќајот, апелира РСБСП

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до родителите да се вклучат во зголемување на нивото на сообраќајно образование на децата, посочувајќи дека секое незнаење има своја цена, а незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи. „Почитувани родители! Да ги научиме децата како безбедно да поминат улица, да ги научиме безбедно да користат јавен превоз. Да...

„Европската недела на мобилност“ почнува денеска, пораката е да користиме повеќе велосипед

Како и минатите години, кампањата „Европска недела на мобилност“ која се спроведува на иницијатива на Европската комисија започна денеска и ќе трае до 22 септември. Кампањата има за цел да промовира алтернативни форми на мобилност, како што се пешачењето и велосипедизмот. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) нареднава недела ќе реализира низа активности за промоција и поддршка...

РСБСП апелира до возачите да возат одморени за време на долгите патувања и почесто да прават паузи

Летото е период кога температурите секојдневно се издигнуваат над 30°C. Во вакви услови возењето и патувањето стануваат се потешки и бараат многу повеќе внимание, концентрација и фокусираност. Високите летни температури влијаат на способноста на возачот, влијаат на техничката исправност на возилото, а секако влијаат и на условите на патот. Со цел безбедно патување, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на...

За да се намали сообраќајниот метеж: Користете јавен превоз или возете велосипед

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за да се намали сообраќајниот метеж во градовите им препорачува на граѓаните да користат јавен превоз секогаш кога можат, да возат велосипед, а кога веќе управуваат со автомобил, да ги почитуваат сообраќајните правила и по можност со еден автомобил да се превезуваат повеќемина. „Истражувањата покажуваат дека патувањето со јавен превоз е побезбедно...

РСБСП: За безбедни и весели празници – возете внимателно и одговорно

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината. Оттаму потсетуваат на статистиките кои покажуваат дека и понатаму доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со...

За осум месеци во сообраќајки во Македонија загинале повеќе од 90 луѓе

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на почетокот на продолжениот празничен викенд апелираше до сите учесници во сообраќајот  да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да внимават на правилата за ограничување на брзината, да не престигнуваат неправилно и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол. „Карактеристични за секој продолжен викенд се зголемениот...

„Последен поздрав до оној кој не стави појас“, нова кампања на РСБСП

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја почна новата кампања „Последен поздрав до оној кој не стави појас“, која има цел да ја зголеми свесноста за користење на сигурносните појаси и кај возачите и кај сопатниците. Кампањата преку раскажување животни приказни низ фотографии ги прикажува последиците од некористењето појаси. „Животните стории од фотографиите се вистински и се лични...

Користењето сигурносен појас во возило се зголемило за 14 отсто

За два месеци, од почетокот на кампањата за безбедност во сообраќајот, употребата на сигурносен појас во возило се зголемила за 14 отсто, покажале резултатите од истражувањето на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП). Како што соопшти професорот Миле Димитровски од РСБСП, истражувањето е правено по општини и општа оценка е дека на целата територија на Скопје има...

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...