fbpx
Таг: Ростуше

таг: Ростуше

Еколошка акција во Ростуше – „Сите сме рефлексија на животната средина“

Клубот за младински активизам при Младинскиот образовен форум (МОФ) заедно со уметникот и скулптор Андреј Миневски и Зеукстритон, здружение за заштита на екологијата и унапредување на културата и спортот во четвртокот во Општина Ростуше ја спроведоа еколошката акција „Сите сме рефлексија на животната средина“. Целта на оваа акција е да се подигне еколошката свест кај граѓаните на општината со оглед...

ДИК ги објави конечните резултати за изборите во општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. На изборите...

Пробиени лавините кај Бигорскиот манастир, сообраќајот е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир утрово е нормализиран, откако ноќеска се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница. Градоначалникот на Маврово Ростуше Медат Куртовски синоќа на својот фејсбук- профил објави дека едно лице е повредено во лавините што вечерtа паднаa во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир.

Мапирани и снимени 42 депонии во Националниот парк Маврово

Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО „Инфоцентарот“, ги мапираше дивите депонии во Долнореканскиот крај, се со цел, за да се обелодени и актуелизира сериозноста на повеќедеценискиот проблем со дивите депонии во Националниот парк Маврово. Со помош на локалното население од 11 села (Ростуше, Велебрдо, Битуше, Требиште, Видуше, Жировница, Врбјане,...

Монаси од Бигорскиот манастир пронашле коски во близина на селото Ростуше

Двајца монаси од монашакото братство на Бигорскиот манастир откриле човечки коски во близина на селото Ростуше, во месноста Кај поповите, и случајот го пријавиле в полиција. Првичните информации наведуваат дека останките се на тројца монаси, кои биле погубени на почетокот од минатиот век. Од СВР Тетово информираат дека случајот во петокот попладне го пријавил игуменот на манастирот, по што увидна...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...