fbpx
Таг: Росоман

таг: Росоман

Поднесено обвинение за инцидентот со новинар и снимател кај Росоман

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднело Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Станува збор за инцидентот во јули кај Росоман кога беа нападнати новинар и снимател, а овој обвинителен предлог поднесен денеска...

Стојан Николов, најмладиот градоначалник: Младите да излезат од зоната на комфорот, спасот не е надвор од државата

Стојан Николов, Општина Росоман
Учеството на младите како кандидати на политичките партии во изборните циклуси останува да биде минорно, а во скопските општини речиси и да не постои. На последните локални избори само 3 отсто од кандидатите за градоначалници беа млади. Најголем дел од нив, или повеќе од две третини беа предложени во рурални општини, покажа истражувањето на Фондацијата за демократија на Вестминстер...

Инспекцијата подели казни за загадување на воздухот од депонијата во Росоман

Државниот инспекторат за животна средина подели казни за Јавното комунално претпријатие и одговорното лице во Росоман заради горење на локалната депонија. Инспекторите минатата недела направиле надзор на депонијата, која во овој период од годината многу често се опожарува и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Депонијата горела и во моментот кога инспекторите биле на терен, а надлежните...

Владата ќе држи седница за поддршка на овоштарите

Владата на Република Македонија денеска од 18 часот ќе ја одржи својата осма седница, на која се очекува да се донесе одлука за поддршка на овоштарите. Поточно, на дневен ред е уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2017 година, за одлуката за интервентен увоз на производ за...

СДСМ: Тренов да објасни зошто ја попречува исплатата на субвенции

Владата предводена од СДСМ веднаш пристапи кон решавање на проблемите што ВМРО-ДПМНЕ ги остави во земјоделството, порача владејачката партија денеска, реагирајќи на прес-конференцијата на Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ побара Тренов да докаже дека навистина мисли добро за земјоделците така што ќе им овозможи, како државен функционер, да си ги земат субвенциите. „Наместо да држи партиски прес-конференции, директорот на АД...

ВМРО-ДПМНЕ бара итна владина седница за обесштетување на овоштарите

„Министерот на СДС, Љупчо Николовски, со денови се крие и ги одбегнува овоштарите кои се соочуваат со реални проблеми. Николовски го нема да се појави во Росоман каде што состојбата со производството на праски е алармантна, исто како и со речиси целокупното овоштарство во Македонија“, обвини денеска Ромео Тренов на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Владата на СДС покажа...

Патничка загина во директен судир на две возила кај Росоман

Едно лице го загубило животот, а две биле повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 12.30 часот се случила во близина на Росоман, соопшти попладнево Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму до несреќата дошло при директен судир на автомобил „форд фиеста“ и возило марка „мерцедес“. „Патничко моторно возило 'форд фиеста' со скопски регистарски таблички, движејќи се на патот, кај...

Полицијата трага по 78-годишен жител на Росоман, пријавен за исчезнат

Жителка на Росоман, вчера во полициската станица во Кавадарци го пријавила за исчезнат својот 78-годишен свекор Б.А., кој пред четири дена со такси-возило заминал кон болницата во Велес и оттогаш му се губи секаква трага. Според досегашните сознанија на полицијата, во Градско, Б.А., на свое барање, се симнал од возилото и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости во...

Пожар во две куќи во Кавадарци

Две куќи се запалија денеска во центарот на Кавадарци. Според првичните информации на територијалната противпожарна единица од овој град, причината за првиот пожар е неисправната електрична инсталација. Во вториот случај, пак, најверојатно се работи за неправилно изведен оџак кој се запалил. На двете локации интервенирале по две возила и по четворица пожарникари. Илчо Богевски, командир на територијалната противпожарна единица, апелираше до...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...