fbpx
Таг: роми

таг: роми

Инклузијата на Ромите во зелените и дигитални иновативни технологии, во фокус на РЕДИ самитот

Инклузијата на Ромите во зелените и дигиталните иновации и еднаквоста при управување со животната средина беа темите во фокус на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во хотел Мериот во Скопје. Самитот претставува платформа за суштински дискусии и размена на знаења за потенцијалните предности и предизвици со кои се соочуваат ромските претприемачи во прифаќање на зелената и дигиталната...

Објавени се резултати од конкурсот за стипендии за студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава за студиската 2023/2024 година. Според резултатите, условите за добивање стипендија ги исполнуваат 122 студенти, додека во конкурсот беа предвидени вкупно 135 стипендии. Сите добитници на стипендија треба да...

Објавен е конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година. Висината на стипендијата изнесува 6.000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година. Право на стипендија имаат студентите кои се припадници...

Доделени свидетелства на 97 Роми од програмата за дооформување на основно образование

Институтот „Ромалитико“ вчера додели 97 свидетелства на Роми вклучени во програма за дооформување на основно образование. Оваа активност се спроведе во соработка со Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ – Штип. Учесници во програмата за дооформување на основно образование биле Роми од 13 општини: Радовиш, Прилеп , Шуто Оризари, Кичево, Кочани, Берово, Штип, Виница, Велес, Куманово, Струмица, Чаир,...

Маричиќ: Социо-економското зајакнување на Ромите е дел од процесот на евроинтеграција

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ го честита 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, укажувајќи дека Ромите се нераскинлив и исклучително важен и вреден дел од македонскиот мозаик. Тој вели дека работејќи заеднички, треба да се отклучи големиот потенцијал на Ромите во корист на целото општество и да се направи суштинска интеграција на Ромите во сите...

Пендаровски на Меѓународниот ден на Ромите: Подеднакво да се почитуваат правата на сите граѓани

Ромската заедница е нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашето општество и потребно е заеднички да продолжиме да ги следиме европските вредности за еднаквост и за почитување на фундаменталните права на сите граѓани подеднакво, се вели во честитката на претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите ‒ 8 Април. Тој вели дека со новата Стратегија за инклузија на...

Најавена забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери

Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан во Владата, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, на тема „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“ порача дека неговата лична заложба, како и заложбата на Владата, е да се изгради општество еднакво и кохезивно, во кое граѓаните и заедниците ќе се чувствуваат безбедни и ќе имаат...

Утре во Велес стрип изложба: Животот и состојбата на Ромите

Утре со почеток во 12 часот во библиотеката „Гоце делчев“ во велес ќе се одржи стрип изложба. Посетителите ќе имаат можност да ги видат најдобрите стрипови од ученичкиот стрип конкурс на тема „Животот и состојбата на Ромите“, а ќе се промовира публикуваниот каталог. Изложбата којашто е завршен дел од Грантот „За нашите соседи и прилатели“ ја огранизира Стрип центар на...

МОН го објави конкурсот за стипендии за студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава за академската 2022/2023 година. Годинава се предвидени вкупно 135 стипендии за редовните студенти Роми, а заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и условите да бидат државјани на Северна Македонија и...

Пендаровски: Ромскиот народ е нераскинлив дел од македонскиот општествен мозаик

Претседателот Стево Пендаровски по повод 2. август, Европскиот ден на сеќавање за холокаустот врз Ромите, упати порака во која вели дека не смее да се заборави на над 4.300 деца, жени и мажи Роми, погубени во нацистичкиот логор во Аушвиц-Биркенау. „Во тој ужасен период од историјата на сила беа закони кои го обезвреднуваа човековиот живот и вроденото достоинство на различни...

Порталб: Стар проблем – нови решенија, повеќе од 25.000 млади лица без работа – дали ќе помогнат новите владини мерки?

„Прв дојден – прв услужен“ и воведување на квота од 5 отсто опфатеност на Ромите, учество на младите лица до 29 години со најмалку 30 отсто – ова се новите критериуми во новиот Оперативен план за вработување за 2022 година, пишува Порталб.мк. За оваа година предвидено е рекордно највисок износ од 28 милиони евра за отворање на нови работни...

Малолетничките бракови се клучната причина за прекин на образованието, но не и единствената

Наметнато од неискоренетите стереотипи во традиционалните семејства, според искуството на експертите, најчесто очекувањата се дека девојчињата Роми треба да останат во семејството, да помагаат околу домаќинството, да се грижат за своите помали браќа и сестри, а таму каде што има млади мајки да се грижат за своите деца. Тоа е и клучната и главната причина зошто го напуштаат образованието,...

Вистиномер: Ромите сè уште се дискриминирани, ЕК бара поголема инклузија

Ромската популација во Република Северна Македонија сè уште е најранливото малцинство во земјата и продолжува да биде заедница што се соочува со институционална дискриминација, сегрегација и социјални предрасуди. Ромите официјално се признаени како етничка заедница која се спомнува во Преамбулата на Уставот, изменета со Охридскиот рамковен договор во 2001 година, но се заедница која останува исклучена од многу сегменти...

Шахпаска – Галовеј: Ја интензивираме соработката со Велика Британија, положбата на Ромите е приоритет

Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј. На средбата министерката и амбасадорката разговараа за тековните проекти на Министерството, со посебен акцент на проектите кои се однесуваат за помош и реинтеграција на Ромите во време на ковид-криза. „Успешно ја реализираме втората фаза на Програмата РОМАКТЕД, 2021-2024 година. Зајакнување...

Шахпаска: За период од 15 години, во предучилишните установи се вклучиле 5.000 деца, Роми

Развојот на интелектуална љубопитност, истрајностa, социјалните вештини и емотивната стабилност во текот на детството се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето. Ова го посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешниот завршен настан за постигнатите резултати од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“. Целите...

Остри реакции против планот да се изгради триметарски ѕид пред Ромското маало во Ѓорче Петров

Мрежата за заштита од дискриминација денеска побара од Општина Ѓорче Петров итно да се повлече од намерата за изградба на триметарски ѕид во маалото каде што живее претежно ромско население. „По првичните реакции и протести на жителите, од надлежни лица во општината беше посочено дека станува збор за ограда која е наменета за заштита и превенција од идни сообраќајни несреќи...

Шахпаска: Целосна интеграција на Ромите преку повеќе проекти, е приоритет на Владата

Интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата и за таа цел се реализираат повеќе проекти за нивна поддршка и за намалување на разликите кај населението. Ова го посочи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020, при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин и експертот за политики,...

АИ загрижени за неказнивоста, говорот на омраза, дискриминацијата на жените, Ромите и ЛГБТИ лицата во земјава

Амнести Интернешнл (АИ) во најновиот годишен извештај во делот за Северна Македонија упатува загриженост поради неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата на жените, Ромите и ЛГБТИ лицата. И покрај спроведувањето на реформите што се определени од Европската Комисија, за Амнести Интернешнл овие теми остануваа актуелни за земјава. Воедно, АИ укажува дека продолжиле незаконското притворање и притисокот врз бегалците и...

Доделени 638 стипендии на учениците Роми во учебната 2020/2021

На учениците Роми запишани во прво и во второ одделение во учебната 2020/2021 година им се доделени вкупно 638 стипендии. Сето тоа во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Редовно часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“. Овој проект е имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија,  Здружението „Центар за образовна поддршка Дендо вас“ и Фондацијата за...

АВАЈА бара Роми попишувачи на пописот во април годинава со цел кредибилност на податоците

Во пресрет на пописот најавен за април годинава, граѓанската иницијатива Аваја ја започнува кампањата „Горди Роми“ која има за цел да го афирмира идентитетот на Ромите, со цел ромската заедница да го искаже својот идентитет гордо, без никакви притисоци и манипулации, како и да ја информира ромската заедница за пописот како процес кој ќе се одвива во периодот кој...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...