fbpx
Таг: Романија

таг: Романија

Северна Македонија и Романија ќе соработуваат во креирање антикорупциски политики

Заменичката на претседателот на Владата зaдолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во земјава. На средбата се разговараше за можноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање  антикорупциски политики и во делот на доброто владеење, како и за споделување корисни искуства...

По Источна Европа, Русија бара повлекување на силите на НАТО од Бугарија и Романија

Не само за земјите од Централна и Источна Европа, туку барањето на Русија за повлекување на силите на НАТО (странски војници, оружје и опрема) е за сите земји коишто не биле членки на НАТО во периодот пред 1997 година. Безбедносните гаранции што Русија ги бара од НАТО важат и за Романија и Бугарија, изјави рускиот министер за надворешни работи...

(Видео) Седум загинати во пожар во ковид болница во Романија

Седум лица загинаа во пожар што денес избувна во романската единица за интензивна нега, во која се лекуваат пациенти со ковид-19, соопштија официјалните лица, пренесе Ројтерс. Ова е трет смртоносен пожар во болниците во земјата за помалку од една година. https://youtu.be/kKPk6JIo6Jk Видео снимката покажува како пациентите скокаат од прозорците од пониските нивоа на болницата, а пожарникарите носат луѓе. Единицата за итна помош...

Делегација на романските вооружени сили предводена од генерал Даниел Петреску во посета на земјава

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, информираат од Генералштабот на македонската армија. Генералот Петреску имал прием кај својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по што оствари средба...

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 - те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија наназад преку отписи на...

Романија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Романија денеска на пленарна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на Романија. -Романија денеска уште еднаш ја демонстрираше својата посветеност, пријателство и поддршка кон Република Северна Македонија за остварување на нејзината евроатланска определба, овозможувајќи една кохерентност и заедничка иднина....

Џафери во работна посета на Романија и Литванија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Тој ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи утре, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба на пратеникот...

Џафери во Романија и Литванија на ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 12 до 14 март ќе престојува на работна посета во Романија и Литванија, каде ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи на 13 март, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба...

Економските ефекти од НАТО не се мит, туку сурова реалност

Речиси е невозможно во земјава да се најде човек кој со факти ќе ги оспори економските придобивки од евро-атлантските интегративни процеси, а посебно од членството во НАТО. Регионалните искуства и истражувањата спроведени во балтичките и балканските земји кои станаа најнови членки на НАТО-алијансата неспорно укажуваат на значителен број краткорочни и долгорочни придобивки како што се пораст на бруто домашниот...

Растот на животниот стандард најбавен во Македонија и во Србија

Во изминатите пет години, вклучувајќи ја и оваа 2018, во Југоисточна и во Централна Европа најбавен раст на стандардот на граѓаните е забележан во Македонија и во Србија, пишува српскиот весник „Данас“. Според податоците од октомврискиот Светски економски преглед на ММФ, во тој период Бруто домашниот производ (БДП) по жител измерен преку паритетот на куповната моќ, во Македонија пораснал за...

ЕУ и НАТО ќе го стресат пазарот на труд, но се голема шанса за работниците

Македонија се соочува со хроничен дефицит од одредени профили стручно квалификувани работници, а на тоа подолг период укажуваат стопанските комори во земјава. Најсвеж пример за тоа се транспортерите и стопанствениците од текстилната индустрија кои изминативе денови јавно се пожалија дека имаат недостиг од кадар и дека се потешко се наоѓаат работници од одредени струки. Извесно е дека овој проблем...

EК ја повика Романија да го ревидира контроверзниот закон

Европската комесарка за правда, потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ ги повика романските власти да го ревидираат предлог-законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата. Протестите продолжија мирно вчера, со околу 15.000 демонстранти на плоштадот „Викториеи“ во Букурешт. Протестите почнаа во петокот, кога ескалираа, и  при судирите на полицијата со дел од...

Четири жртви во поплави во Романија

Четири лица загинаа, а неколку стотици луѓе беа евакуирани поради обилните дождови што ја зафатија Романија во последниве денови. Маж кој поминувал река на коњ и една жена се удавиле од надојдените води, исто како и маж што бил однесен од водата додека собирал зеленчук. Четвртата жртва настрадала при уривање куќа која била оштетена од дождот. Во најтешко погодениот регион Ковасна,...

Ципрас: Ако Скопје направи отстапки, 2018 година би можела да биде позитивна

Македонската влада треба да сопре со иредентизмот и со реторката за единствени потомци на Македонците, за да се направат суштински чекори и да се најде заемно прифатливо решение, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, велејќи дека ако се направат неопходните чекори, следната година може да донесе позитивен развој на прашањето за името. Во Белград, по вториот состанок на четворката...

Борисов: Да се обединиме и да помогнеме во решавање на проблемот за името

Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да ѝ помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесе правилни одлуки, а не да поставува некакви ултиматуми, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Белград, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Грција, Алексис Ципрас,...

Поради уцена притворен државниот секретар за транспорт на Романија

Обвинителите од Националната антикорупциска управа на Романија, вчера под обвинување за уцена го притворија Нинел Церцел, државен секретар во Министерството за транспорт на Романија. Случајот на антикорупционерите е поврзан со  инцидент од 31 октомври годинава, кога во еден од вагоните на воз натоварен со амониум нитрат избил мал пожар, а Министерството за транспорт и националната компанија ЦФР Марфа не го...

Демонстранти фрлаа тоалетна хартија кон романската Влада

Околу 1.500 демонстранти синоќа фрлаа тоалетна хартија кон зградата на романската Влада, на протестот против итните мерки предложени од владата. Дел од мерките е и владиниот предлог-закон со кој се предвидува во иднина министерот за правда да го именува јавниот обвинител, без можност претседателот на државата да влијае врз изборот. Според опозициските демонстранти, оваа одредба ќе доведе до потчинување на...

Протести во Романија поради најавените правосудни закони

Повеќе од 7.000 граѓани на Романија синоќа излегоа на протест во Букурешт поради намерата на владата да усвои повеќе закони од областа на правосудството. Опозицијата смета дека законите ќе ги ослабат напорите да се искорени корупцијата. Демонстрантите се собраа пред зградата на Владата, носејќи романски знамиња и извикувајќи „демократија под опсада“ и дека владејачката Социјалдемократска партија е „црвена чума“. Романските медиуми наведуваат дека демонстрантите...

Бугарија и Романија добија пристап до информацискиот систем на Шенген

Европскиот парламент го поддржа предлогот на Советот на ЕУ, на Бугарија и на Романија да им се овозможи делумен пристап до базата на податоци за визите од информацискиот систем за шенгенскиот режим, јавија бугарските медиуми. Кога ќе биде изгласана од Советот на ЕУ, одлуката ќе им дозволи на двете држави да проверуваат информации во визниот систем, без да можат...

Борисов: Грција и Македонија да најдат решениe, како што тоа го направивме ние

„Треба да се најде решение меѓу двата народа, така како што ние го најдовме. Инаку Грција ќе ги блокира за НАТО и за ЕУ“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарскиот весник „Труд“. Тој сепак не одговори на прашањето зошто на конференцијата на премиерите на балканските земји вчера во Варна не присуствувал и македонскиот премиер Зоран Заев. Во Варна вчеравечер...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...