fbpx
Таг: рокови

таг: рокови

Ќе ги помести ли штрајкот уписите во средно?

Со оглед на тоа дека веќе втора недела се штрајкува во просветата, неизвесно е дали ќе биде продолжена учебната година, нешто што може да влијае на уписот во средно образование. Бидејќи има прецизни датуми и конкретни рокови, некои директори на училишта стравуваат дека штрајкот може да го помести планот за запишување нови ученици. Андреј Манолев, директорот на гимназијата „Никола...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ слободни 10.678 места за упис на факултетите

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го објави Конкурсот за упис на факултетите во учебната 2021/2022 година. На факултетите на УКИМ во Скопје, во прва година на прв циклус студии, во учебната 2021/2022 година може да се запишат 10.678 студенти. Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021,...

Порталб.мк: Ветувањето за гасоводот во Гостивар сѐ уште неисполнето, завршени се 75 отсто од работите

Гасификација фото: Порталб
Изградбата на гасоводната мрежа од Скопје, до Тетово и Гостивар, сѐ уште трае, но не со исто темпо како на почетокот од овој проект, бидејќи оптимизмот е намален, а рокот ветен од надлежните органи е поминат, пишува Порталб.мк. Од Министерството за транспорт и врски за Порталб.мк велат дека од вкупно 86 километри, досега е инсталирана мрежа во должина од 53...

МВР го продолжи рокот на пасошите и возачките дозволи до 31 јули

Министерството за внатрешни работи извести дека е продолжен рокот на важност на пасошите и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба и тие ќе важат до 31 јули 2020 година. „На 51. седница на Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи, се донесени уредби со законска сила за патните исправи и за возачките...

ДИК утре ќе достави мислење до Пендаровски за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК), која следува по вчерашната одржана лидерска средба во Кабинетот, а на која се разговараше за одржувањето на предвремените избори. „Претседателот ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење...

Чистењето на малата депонија со токсичен линдан ќе трае подолго од планираното

Рокот за чистење на малата депонија на токсичниот линдан во дворот на ОХИС истекува на крајот на следната година. Работите на терен сè уште не се започнати, бидејќи, заради пандемијата на коронавирусот, доцни изборот на компанија која ќе треба да ја собере и транспортира опасната хемикалија. Третманот на малата депонија може да трае и до 18 месеци, што значи...

Сите рокови за Република Северна Македонија: Што и до кога треба да се промени (инфографик)

Промената на таблата на граничниот премин со Република Грција е првиот чекор што го направи државата кон целосна промена на уставното име во Република Северна Македонија. Според меѓуресорската група задолжена за извршување на обврските од Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, роковите за целосна промена на името се движат од 3 дена па до се до пет години од...

Првите пари со новото име во 2020, а првите пасоши на крајот на 2019 година

По оддржаниот прв состанок Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Преспанскиот договор, донесе одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија со индикативни временски рокови за нивна реализација. „Царинската управа треба да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница и на двата аеродроми во рок од три дена....

Заев: Референдумското прашање ќе се знае по поканата за НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека референдумското прашање сè уште не се знае и додаде дека со партиите и со граѓанскиот сектор ќе се утврди дали референдумот ќе биде консултативен или обврзувачки, но дека во секој случај резултатот ќе биде задолжителен. – За ова прашање немаме разговарано. Веројатно, чекаме да завршат интеграциите, односно 11 и 12 јули кога се нашите...

МНР: Моментот е деликатен, не треба да се брза, поважен е квалитетот на договорот од роковите

Попладнево македонското Министерство за надворешни работи испрати соопштение до, како што вели, „домашната и меѓународната јавност“ дека се работи на постигнување договор за името, но дека „за вака значајни прашања не треба да се брза“. Еве го соопштението во целост: Министерството за надворешни работи во овој исклучително деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Република Македонија и...

Џолев: Кривичните постапки се решаваат за најмногу две години

Кривичните постапки, во принцип, најчесто се решаваат за најмногу две години, рече денеска претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, на средбата со новинари. Тој информираше дека во 2014 година биле покренати вкупно 34 кривични постапки за организиран криминал од кои 21 биле завршени истата година, во 2015 година биле завршени 10, во 2016 една, а две во 2017 година по...

Ако Иванов не го потпише за седум дена, законот за јазиците ќе почека уште еден месец

По денешното усвојување во Собранието, Законот за употреба на јазиците во следните седум дена е во рацете на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој треба да го потпише указот за негово прогласување за да може законот да биде објавен во Службен весник и официјално да стапи на сила. Надлежностите на претседателот на државата и роковите за попишување на указите за...

Фетаи: Ако има добра волја ќе се најде решение за подигање обвиненија и за новите истраги

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи во интервју за емисијата „360 степени“ на „Алсат-М“, изјави дека „несреќниот член 22“ од Законот за СЈО го ограничува ова обвинителство во овој момент да подига обвиненија, но, формално правно не го ограничува да отвора нови истраги. Таа најави дека е можно некои од отворените истраги, кога ќе стигнат до фаза за подигање на обвиненија,...

Два месеци ќе трае подготовката на измените на Законот за судовите

Основите за разрешување судија и редефинирањето на условите за избор на судија ќе бидат дел од новиот закон за судовите, чија подготовка Министерството за правда ја почнало вчера. Измените и дополнувањата на законот треба да бидат готови до 30 декември. „Со предлог-законот за изменување и за дополнување на законот за судовите се врши негово усогласување со препораките дадени во мислењето на Венецијанската...

СДСМ на 19. место, ВМРО-ДПМНЕ седма на гласачкото ливче за локалните избори

Денеска, со жрепка, во Државната изборна комисија (ДИК) беше утврден редоследот на кандидатите за градочалници и за советници на гласачките ливчиња за претстојните локални избори закажани за 15 октомври. Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции. Како што одреди жрепката, прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора - Коалицијата Алијанса на Албанците и...

Објавен огласот за нов јавен обвинител, почнуваат да течат роковите за пријавување

Собранието на Република Македонија денеска го објави огласот за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски од оваа функција. Со ова и официјално почнува да тече рокот од 15 дена за пријавување на заинтересираните кандидати за оваа функција. „Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени со членот 44, ставови 1 и 2 од Законот за јавно обвинителство (да...

Сугарески: Владата го усвои предлогот за продолжување на рокот за легализација

Владата на денешната седница го усвоила предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и за дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што се дава нова можност за легализација на дивоградбите, информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. - Сметано од 1 јануари до 31 декември 2018 година, сите граѓани што претходно не успеале да поднесат...

Рокови, процедури и можни сопки за изборот на новиот Јавен обвинител

Со разрешувањето на Марко Зврлевски од функцијата државен јавен обвинител, Владата може да почне со процедурата за именување на негов наследник. Ако разрешувањето на Зврлевски ја окупираше јавноста добар дел од летото, со развлекувањето на расправата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш речиси извесно е дека постапката за именување на нов јавен обвинител, која и онака е покомплицирана,...

Роковник на ДИК: Кој, кога и што треба да направи до локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои роковникот за локалните избори, според кој изборите ќе се одржат на 15 октомври, вториот круг на 29 октомври, а политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември. Јавниот увид во избирачкиот список почнува на 21 август и ќе трае до 9 септември. Рокот за собирање потписи за...

Џафери ќе ги распише локалните избори утре во 12 часот во Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе ги распише локалните избори, кои треба да се одржат на 15 октомври, информираат од кабинетот на претседателот. „Претседателот на Собранието, Талат Џафери, в недела, на 6 август, во 12 часот ќе потпише решение за распишување избори за членови на советите на општините и на советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...