fbpx
Таг: родов јаз

таг: родов јаз

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на активност е повеќе намалена кај жените отколку кај мажите, што е слично и со глобалните трендови. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Улогата на жената...

Премиерката на Исланд се приклучува кон штрајкот поради родовиот јаз во платите

Десетици илјади жени во Исланд, а меѓу нив и премиерката Катрин Јакобсдотир, денеска одбиваат да работат. Слободниот ден на жените - „квенафри“ (kvennafri) е повикан во знак на протест поради родовиот јаз во платите и родовото насилство, пренесува Би-би-си. Планираното излегување на улица го означува првиот целодневен штрајк на жените од 1975 година. Жените и небинарните луѓе беа повикани денеска, вторник,...

Клаудиа Голдин ја доби Нобеловата награда за економија за работата на родовиот јаз на пазарот на труд

Нобеловата награда за економија годинава ѝ беше доделена на американската економска историчарка Клаудиа Голдин за нејзината работа на полето на вработувањето и платите на жените. Истражувањето на професорката Голдин ги откри клучните двигатели зад родовиот јаз во платите, соопшти шведската Кралска академија на науките која ја доделува Нобеловата награда, а пренесе Би-би-си. Голдин е третата жена што ја добила наградата и...

Презентирана иницијативата „Алијанса за родова еднаквост на работното место“

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АТЕМ), денеска официјално беше презентирана иницијативата Алијансата за родова еднаквост на работното место. Главниот стремеж на ваквата нова иницијатива е да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот, со насока кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната...

Жените сè уште се помалку платени од мажите, механизмите за заштита се неефикасни

Свежи официјални статистички податоци во однос на родовиот јаз во заработувачката на мажите и жените во земјава нема. Според една анализа објавена во јули 2020, која користи податоци од Евростат од 2018 година, жените во Македонија во просек заработуваат 15 отсто помалку од мажите. Оваа анализа е насловена „Повеќе работа за помалку пари: Како да се намали родовиот јаз во...

Платите и на новинарките и на новинарите се ниски, но на раководните места во медиумите доминираат мажите

Во рамките на Деновите на медиумска писменост 2020, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја организираше дебатата „Род, плати и радиодифузија“, во чии рамки беше промовирана нивната анализа „Родова структура на платите во радиодифузијата“, како и клучните наоди од начинот на известување за родовите прашања во вестите на националните телевизии за периодот од 2012 до 2017...

Отворен повикот на Women in Tech Macedonia за млади амбасадори

Меѓународната непрофитна организација Women In Tech Global и Women In Tech Македонија, чија мисија е да се затвори родовиот јаз и да им помогне на жените полесно да се вклучат во технологијата, отвораат повик за нивната програма, Women In Tech Youth Ambassadors, наменета за млади девојки од 16 до 21 година. „Women In Tech Youth иницијативата е наменета да им...

Останува поделбата на „женски“ и „машки“ институции, иако во просек жените се побројни во јавниот сектор (инфографик)

Фото: Борче Поповски/Kolektif.mk
Македонија има доминантно женски јавен сектор, покажуваат податоците од регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Повеќе од половина од вработените во јавниот сектор се жени, но, во овие анализи на извештаите од регистарот на вработените во јавниот сектор не влегуваат вработените во АРМ, полицијата и Агенцијата за разузнавање. За нив, во регистарот стои само број на...

На денешниот Марш на жените, учесничките испратија пораки за еднакви плати и права

Со транспаренти на кои пишуваше „Дали е среќен 8 Март?“,„Не сакам тава, сакам права“, „Не сакам цвеќе – сакам права“, учесничките на денешниот Марш на жените порачаа дека сакаат еднакви права, еднаква плата, достоинствен третман и должно почитување. Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената. Според организаторите, жените во Македонија се економски нееднакви со...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...