fbpx
Таг: Родос

таг: Родос

Бесплатен одмор во Грција за туристите кои го напуштија Родос поради шумските пожари минатата година

Девет месеци откако шумските пожари го опустошија Родос, Грција почнува со првите „бесплатни“ одмори за илјадници туристи кои беа принудени да го напуштат островот минатата година, објави Гардијан. Со одлуката што грчките туристички власти ја нарекуваат прва на светско ниво, од оваа недела, до 25.000 туристи ќе имаат право на компензација. Според програмата, луѓето кои престојувале во хотелите што биле евакуирани...

Вонредната состојба на Родос останува, пламените јазици стигнаа до предградија на Атина

Шумски пожар предизвика серија експлозии во складиште за муниција на воздухопловните сили во централна Грција. Депото било евакуирано пред експлозиите, кои ги искршиле прозорците во околината. Нема информации за повредени, иако континуираните експлозии ги спречиле противпожарните екипи да се приближат до местото, пренесува Индепендент. Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека објектот се наоѓа во крајбрежниот град Неа Агиалос во близина...

Пожарите во Грција беснеат и утринава, се евакуираат жители и туристи

Сè уште беснеат пожари во централниот и југоисточниот дел на Родос - битката за справување со пламените јазици продолжува седми ден по ред. Силните ветрови го разгоруваат огнот, додека температурите неделава се очекува да бидат многу високи, што ја прави ситуацијата уште полоша, пренесува Би-би-си.  Со помош на авиони кои фрлаат вода, властите деноноќно работат да ги скротат пожарите. Грчкиот премиер Киријакос...

Најголемата евакуација во историјата на Грција – во пламен грчките острови Родос, Крф и Евија

Пожарникарите во Грција се борат да стават под контрола 82 шумски пожари што горат низ целата земја, од кои 64 започнаа во неделата, најтоплиот ден на летото досега, пренесува Гардијан. Покрај огромните пожари на островот Родос, од каде беа евакуирани 19.000 луѓе, шумски пожари избувнаа и на островите Евија и Крф. Во Евија, властите им рекоа на жителите на четирите јужни...

МНР: Засега не се пријавиле Македонци што се во загрозените подрачја на Родос

Во врска со големите пожари кои ја зафатија соседна Грција, според последните информации од дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при евакуација, информираат во Министерството за надворешни работи. „Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана...

Родос гори петти ден по ред, се евакуираат жители и туристи

Пожарникарите на Родос продолжуваат со гаснењето на пожарите на островот веќе петти ден, а жителите од централно село беа евакуирани вчера вечерта, пренесува Екатимерини. Жителите во Лаерма ја добиле СМС пораката за евакуација вчера околу 22.30 часот. Словачките пожарникари се приклучија на напорите за гаснење на пожарот на островот. Претставник на противпожарната служба, говорејќи за радио СКАИ, ја опишал операцијата на...

Земјотрес регистриран на грчкиот остров Родос

Земјотрес од сила од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава, југоисточно од грчкиот остров Родос во Егејско Море, а засега нема информации за евентуални штети или повредени. Епицентарот на земјотресот, кој бил регистриран во 4.40 часот по локално време, бил на длабочина од 32 километри, на 39 километри југоисточно од Родос, соопшти атинскиот Институт за геодинамика.

Земјотрес од 4,3 степени го погоди Родос

Послаб земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала забележан е во морето кај грчкиот остров Родос. Агенцијата АНА пренесува дека според податоците на институтот за геодинамика на атинската опсерваторија, епицентарот бил на 31 километар југозападно од островот. Нема податоци за повредени или причинета материјална штета.

Родос: Тројца загинати при превртување на брод со мигранти

Три лица загинаа, од кои едно е дете, откако брод со илегални мигранти се превртел кај грчкиот остров Родос. Крајбрежната стража соопшти дека засега не се знае колку патници имало на бродот, кој испловил од Турција. Најмалку 83 лица се спасени, од кои 23 се хоспитализирани. Спасувачките екипи сè уште трагаат по евентуално преживеани мигранти.

Судот потпиша, телото на Дениса викендов ќе пристигне од Грција

се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа
Дозволата за транспорт на телото на Дениса Маркоска, од Грција во Македонија, ќе биде издадена денеска од судот на Родос, јавува дописникот на МРТ од Атина. Од судот за МРТ изјавиле дека судијата од Родос денеска ќе ја издаде дозволата иако, според првичните најави, телото на Маркоска требаше да пристигне во Македонија уште пред два дена. По пристигнувањето во Македонија, се...

Тодоров одобри да се направи нова обдукција на телото на Дениса

Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство, Никола Тодоров, да направи обдукција и ДНК-анализа на телото на Дениса Маркоска. Директорот на Институтот, Алексеј Дума, изјави дека министерот нагласил дека треба да им излезе во пресрет на барањата на семејството Маркоски. Во изминативе 24 часа, нејзиното семејство побара помош од премиерот Никола Груевски. Тие побараа од него да одобри...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...