fbpx
Таг: родители

таг: родители

ЦГК: 10 милиони евра се трошат без отчет за набавки во училиштата платени од родителите

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките коишто се финансираат со пари од родителите во училиштата“. Истражувањето спроведено во 96 основни и средни училишта во 8 општини во земјава открива дека набавките за осигурување, за униформи за учениците, за фотографирање, за ужина итн., се спроведуваат во постапки за кои нема јасно...

Meта факт: Владата само делумно ја оствари финансиската помош за родителите со ниски примања

Експремиерот Димитар Ковачевски, во јавно обраќање од собраниската говорница, во декември минатата година најави дека повеќе од 105.000 ученици во основното образование и во средното образование, во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари, секој месец. Но, дел од родителите со ниски месечни примања, односно со примања кои не надминуваат 50.000 денари, иако уредно и навреме...

Борбата на родителите на деца со аутизам е секојдневна и тешка

Бројот на лица со аутизам во земјава расте и сè повеќе родители и доктори ги препознаваат раните знаци на ова нарушување. Во земјава нема регистар за лица со аутизам. Според Светската здравствена организација, едно на 100 деца е дијагностицирано со ова нарушување. Само во САД, бројот на лица дијагностицирани со ова нарушување е зголемен за 312 отсто од 2000 година. Се...

Ги нема ветените 20 евра на сметките на родителите со ниски примања

Mинистерството за образование и наука (МОН) го објави четвртиот јавен повик за финансиска поддршка на основци и средношколци од семејства чии приходи во месецот не надминуваат 50.000 денари. Постојано се објавуваат нови повици, а во меѓувреме, стотици родители досега не добиле финансиска помош за ниту еден месец, иако уредно и навремено доставиле потребни документи. Иако премиерот Димитар Ковачевски во декември...

Кој контролира дали се почитува одлуката за целосна вакцинација на децата против голема кашлица?

Се почитува ли одлуката за забрана за прием во градинка за деца кои ги немаат примено потребните дози од ДиТеПер вакцината? Во ек на епидемија на пертусис (голема кашлица) во главниот град и во ек на секојдневен пораст на бројот на новозаразени, надлежните тврдат дека директорите на градинките примаат само вакцинирани деца. Но, родители со кои поразговаравме се сомневаат...

Неделава родителите ќе имаат по 20 евра на сметка за нивните деца

Во следниве неколку денови ќе започне исплатата на парите наменети како финансиска помош за основците и средношколците во државата, потврдија од Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк. „Сите родители/старатели кои имаат доставено документи и ги исполнуваат условите за остварување на правото, во следните неколку денови ќе добијат пари на своите трансакциски сметки“, информираат оттаму. Оние родители кои ќе бидат...

Погрешно се толкува новиот закон во Калифорнија за старателство врз децата

Новиот закон во Калифорнија не значи дека родителите ќе го изгубат старателството ако не прифатат транзиција на полот на нивното дете. Калифорнија е заговорник за споделено родителство и споделено старателство, а во одлучувањето за секое дете поединечно од страна на судовите ќе се земаат предвид бројни фактори, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на...

Никаде во Европа не е дозволено 8 годишни деца да прават што сакаат со своето тело

Не постои земја во Европа каде операциите за промена на полот се дозволени на 8 годишна возраст. Возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија.  Исто така, во Австрија, Чешка, Хрватска, Данска, Финска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска,...

Полицијата ќе казни родители на 13 малолетници оти после полноќ биле затекнати во казина, обложувалници и угостителски објекти

Доцна синоќа, од извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, Битола и Скопје, затекнати биле 13 малолетници без надзор на родител после 24 часот, информира денеска Министерството за внатрешни работи. „Малолетниците биле предадени на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци“, велат оттаму. Оваа...

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски" откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби разговарале со ученикот и со неговите...

УНИЦЕФ: Зголемена е анксиозноста кај децата, психолозите и педагозите да им помогнат

Анксиозност и страв чувствуваат сè поголем број ученици. Затоа УНИЦЕФ заедно со претставници од Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), денеска се сретнаа со тим од професионалци и експерти за ментално здравје за да разговараат за итни активности кои ќе обезбедат дополнителна поддршка на децата во последните шест недели од оваа учебна...

МОН: За два дена, десетина повици на електронската адреса за пријавување врсничко насилство

На eлектронските адреси [email protected] и [email protected] што ги отвори Министерството за образование и наука, изминатите два дена пристигнале 10-тина пораки, информираат од МОН. Дел од нив се однесувале на врсничко насилство, а имало и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст. „Со отворањето на електронската адреса, Министерството за...

Фотографија од работилница за семејство злонамерно извадена од контекст

Директорката на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ за Вистиномер вели дека на фотографијата споделена во постот има татко и синови и мајка и ќерка (еднородителско семејство и згрижувачко семејство). Родителите коишто реагирале, по консултацијата во училиштето се извиниле и го прифатиле објаснувањето од училиштето, пишува Вистиномер.   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: “Се е отидено. Секој има право да си прави дома што...

МОН бара од родители, наставници и стручната јавност да го реформираат образовниот систем

Министерството за образование и наука (МОН) ги повикува сите родители, наставници, стручна и научна јавност, да дадат свои сугестии за менување на постојните наставни програми, но и сугестии за изработка на нови. Оттаму велат дека сакаат да ја вклучат јавноста во реформирањето на националниот образовен систем. Ова го прават, како што велат, водејќи се по принципите на транспарентност и...

„Разговори со експерти“ в сабота во Јавна соба

„Разговори со експерти“, настанот организиран од Гете институтот, кој е наменет за родители, ќе се одржи в сабота во Јавна соба. Дискусиите треба да доловат различни перспективи на феноменот на дигиталниот свет, на кој нивните деца и тие самите се изложени како родители. „Интервенцијата „Проѕирниот човек“ содржи повеќе делови - изложба, натпервари за ученици, награда за најдобар наставник по германски...

Шаќири: Децата немаат заштитен ѕид од онлајн ризици и закани

Масовната онлајн изложеност на децата на Интернет, покрај сите придобивки, носи можности и за злоупотреби, закани, насилство и експлоатација. Затоа е многу важно системски и организирано да ги заштитиме младите од демнечките онлајн ризици и закани. Ова го кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната презентација на Проценката за безбедноста на децата онлајн за Северна Македонија,...

Шаќири: Ќе ги анализираме петките, па ќе одлучиме дали ќе воведеме приемен испит

Побарав од секторите за основно и за средно образование да направат анализа на резултатите што ги остваруваат учениците во последните три години и врз основа на тоа, но и врз основа на искуствата во земјите каде што се полага приемен испит за упис во средно образование, ќе процениме дали и кај нас да воведеме. Ова во изјава го вели...

Оваа учебна година имаме рекорден број на повторувачи во средните училишта

Минатата учебна година евидентирани се 118 ученици кои ја повторувале годината, а во учебната 2021/2022 година, оваа бројка изнесува 261. Зошто учениците „паѓаат“ година, односно на што се должи ова зголемување? Дали професорите се непопустливи при формирање на оценките или пак, учениците не се заинтереирани да научат доволно за да добијат оценка која ќе им овозможи премин во следна...

РСБСП со апел до матурантите: Прославите нека поминат без сообраќајни инциденти

„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги упати до матурантите и нивните родители на почетокот од периодот на матурските прослави. Во пресрет на матурските прослави, РСБСП апелира до матурантите да не управуваат моторно возило без возачка дозвола...

За шест години, 412 деца се оттуѓени од родителот со кој не живеат

Во периодот од 2016 година до денес, на СОС телефонскиот број „Ало Бушавко“ (070/390-632), евидентирани се 412 деца кои по разводот на нивните родители, се наоѓаат или во фаза на отуѓување или се веќе сосема отуѓени од родителот со кој не живеат. Сепак, се претпоставува дека реалниот број е многу поголем, иако кај нас не се води ваква статистика....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...