fbpx
Таг: родилка

таг: родилка

Почина родилката која скокна од првиот спрат на ГАК, неколку дена по породувањето

Почина 39-годишната родилка која се породи со прво дете на скопската гинеколошка клиника, откако се фрли од првиот кат на клиниката, неколку дена по породувањето. Родилката починала околу 21 часот вечерва и покрај обидите на лекарите од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) да се изборат за нејзиниот живот. Жената скокна од првиот кат на клиниката, на 2...

ДСЗИ: ГАК да утврди одговорност за родилката што се обиде да се самоубие – не ѝ бил обезбеден психијатар

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), со решение ќе наложи на одговорните лица на Клиниката за гинекологија и акушерство, да спроведат постапка за утврдување на одговорност од здравствените работници кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување доктор, специјалист по психијатрија за родилката која по неколку дена по породувањето, скокна од првиот кат на Клиниката и е во...

Вонреден испекциски надзор на Клиниката за гинекологија

По вчерашниот обид за самоубиство на 39-годишната родилка во Клиниката за гинекологија, се извршува вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат, соопшти Министрерство за здравство. Комисијата е на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. Родилката сè уште е во животозагрозувачка состојба и покрај операцијата по падот. Директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска вчера...

Се бори за живот родилката што скокна од прв кат на Клиниката за гинекологија

Триесет и девет годишната пациентка која пред неколку дена се породила на Клиниката за гинекологија, а три дена по породувањето скокнала од првиот кат во обид да се самоубие, е во тешка критична состојба, информира денеска во изјава за медиумите директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска. „Детето што го родила ѝ е прво. Не можам да кажам дали имала историја...

Сиријка и нејзиното новороденче двапати извлекувани од урнатини

Родилка од Сирија и нејзиното новороденче се под лекарска грижа в болница и во шатор без хуманитарна помош, откако два пати во една седмица се извлекувани од урнатините на нивната куќа во градот Џиндајрис, известува Би-би-си. Дима била во седмиот месец на бременост, кога минатиот понеделник наутро првиот катаклизмичен земјотрес предизвикал уривање на дел од куќата во Џиндајрис. Задобила полесни...

МЗ: Почина 26 годишна родилка со тешка здравствена состојба и неконторолирана бременост

Министерството за здравство со жалење информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА „Мајка Тереза“ – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во ваква лоша состојба таа...

Почина 29-годишна родилка од компликации предизвикани од ковид-19

Дваесет и девет годишна родилка е меѓу починатите лица од ковид-19, за кои денеска информираше Министерството за здравство. Жената била примена во болница во тешка состојба. - Пациентката прво се лекувала пет дена во болница во Куманово, а со царски рез во седмиот месец од бременоста е породена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето е во инкубатор. На 6...

Филипче: Директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани ќе биде разрешен поради случајот со родилката Веапоска

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска соопшти дека директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани ќе биде разрешен поради случајот со родилката Јалдз Веапоска, на која по породувањето и беа извадени три органи. „Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и во текот на денешниот или на утрешниот ден ќе биде назначен нов директор. Во тек се...

МЗ: Петчлена Комисија ќе утврдува пропусти во болницата во Струга за третманот на родилката Јалдз Веапоска

Венко Филипче-фото: Министерство за здравство
Денеска министерот за здравство Венко Филипче донесе решение за формирање петчлена Комисија за вршење на надзор на стручната работа на ЈЗУ Општа болница Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Јалдз Веапоска. За извршениот надзор Комисијата во рок од 8 дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до...

Платформа за родова еднаквост: Бараме детална истрага и одговорност за случајот со родилката Јалдз Веапоска од Дебар

Лекарската комора јавно да ги објави имињата на лекарите што биле дел од Комисијата за стручен надзор и да ја извести јавноста со детални информации според кои Лекарската комора не утврдила лекарски пропусти во случајот со родилката Јалдз Веапоска од Дебар, вклучително и за причините зошто се отстранети органите кај пациентката, побара Платформата за родова еднаквост откако во јавноста...

Вистиномер: Не е точно дека жената ќе се нарекува „родител кој раѓа”

Фејсбук пост, во којшто е споделен медиумски напис, ја дезинформира јавноста дека се воведуваат нови правила, со кои наместо мајка, жената ќе се нарекува „родител кој раѓа“, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, којашто подолу ја пренесуваме во целост. Во оваа објава, која во моментот на нашата рецензија има над 45 интеракции (реакции, споделувања и коментари), се вели: „Сатанисти !!! Орвел го...

Иницијативата на жените од Шуто Оризари побара решавање на случајот со починатата родилка на ГАК

Од Иницијативата на жените од Шуто Оризари повторно алармираат за немањето на матичен гинеколог во Шуто Оризари, како и за квалитетот на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари. Нивната реакција доаѓа по последниот случај со починатата родилка и нејзиното бебе на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. „Ги повикуваме Државниот здравствен и санитарен инспекторат и надлежните институции...

Новозаразени 18, а двајца починати во последното деноноќие

Почина родилката позитивна на ковид-19 од Куманово на возраст од 27 години, информираа од Министерството за здравство. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Инаку денешниот биланс е 18 новозаразени во последното деноноќие. Пет пациенти се испишани од Клиниката за инфективни болести и испратени на домашно лекување, а...

Ослободителна пресуда за гинеколог од Тетово обвинет за смрт на родилка

Гинекологот Казимир Копривњак е ослободен од страна на Основниот суд во Тетово по обвинението за тешки дела против здравјето на луѓето, во врска со смртта на 33- годишната родилка Виолета Кировска во август 2015 година. Клучна улога во ваквата одлука имале трите вештачења спроведени од експерти од врвните здравствени установи во земјава, истакна судијата Садула Изаири. Јавното обвинителство најави...

По смртта на родилката во Тетово, почина и нејзиното бебе

Бебето родено во петокот вечерта на Гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница во Тетово, чија 30-годишна мајка почина при породувањето, починало во текот на вчерашниот ден на Детската клиника во Скопје, информира Министерството за здравство. „Новороденчето починало вчера во текот на денот. Било примено во тешка состојба на Детска клиника во Скопје, со ниски породилни оценки. Она што е успешно е што...

Починала родилка во Тетово, бебето преживеало

Триесетгодишна родилка од селото Желино починала синоќа откако била донесена во тетовската болница во состојба кога породувањето било почнато. Бебето било извадено живо од нејзината утроба. Од Клиничка болница - Тетово велат дека жената имала висок притисок и била донесена во тешка состојба. Лекарите констатирале дека породувањето е веќе почнато и било постапено според медицински протокол, но наскоро жената паднала...

Почна судскиот процес против тројцата лекари обвинети за смрт на родилка и на бебе

Во Основниот суд во Велес почна судењето на лекарскиот тим од гевгелиската болница обвинет за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното новороденче, лани во октомври, информира „Дума“. На обвинителната клупа седнаа тројца лекари, двајца гинеколози и еден анестезиолог, обвинети за лекарска грешка поради која настапила смртта кај Кадиева. Судечкиот совет ја ислуша одбраната на тројцата обвинети лекари, додека бранителите...

Гинеколог од Прилеп обвинет за смрт на родилка

Основното јавно обвинителство - Прилеп до надлежниот основен суд поднесе обвинителен предлог против Г.О., лекар специјалист гинеколог- акушер во Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, информираа од обвинителството. На обвинетиот му се става на товар дека сторил тешки дела против здравјето на луѓето. Според обвинителството, тој на 18 февруари годинава, во просториите на болницата, при укажување лекарска помош – породување на...

Обвинителството ги истражува причините за смртта на родилката од Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Куманово почнало предистражна постапка за причините за смртта на 37-годишната родилка од Крива Паланка, која вчера починала откако ѝ се влошила состојбата по породувањето во кумановската општа болница, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, родилката вчера била донесена на одделението за гинекологија и акушерство во кумановската болница, каде по неуспешниот обид за спонтано породување, било...

Родилка од Крива Паланка починала во болница во Куманово

Вчера попладнето поради сè уште неутврдени причини, во кумановската Општа болница починала трудницата С.Демирова (37) од Крива Паланка, веднаш по породувањето. Според полицијата, родилката починала на пат кон Скопје откако поради компликации при породување со царски рез била пратена за скопските клиники. Случајот во полиција бил пријавен во 20.35 часот. Од болницата велат дека со официјален став ќе излезат по обдукцијата, која...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...