fbpx
Таг: рочиште

таг: рочиште

Продолжува судењето за насилствата и упадот во Собранието на 27 април

Судењето на 33. обвинети за насилствата при упадот во Собранието на 27 април 2017 година денеска е во третото продолжение, а исто како и на вчерашното рочиште, во Основен суд Скопје 1, денеска ќе продолжи давањето воведни говори од адвокатите на обвинетите. Судскиот процес започна во средата кога воведен говор даде обвинителката Вилма Рускоска. Обвинителката Русковска во воведниот говор истакна дека...

За 7 од 1.063 бомби во „Титаник”, СЈО побара исклучување на јавноста

Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и другите обвинети во случајот „Титаник“ се вратија на обвинителните клупи во Kривичниот суд. Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ на денешното рочиште побараа од СЈО да достави доказ за тоа како се обезбедени „бомбите“ кои СЈО ги користи како доказ. Еден од шесте адвокати на Груевски, Еленко Миланов, рече дека „бомбите“...

Заврши судењето за „Труст“, пресудата в петок

Со завршни зборови на тројцата обвинети во процесот „Труст“, кој го води Специјалното јавно обвинителство, денеска судењето заврши, а в петок треба да биде изречена пресудата. Во Кривичен суд Скопје денеска завршни зборови дадоа Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети за учество во местење на тендер на „ЕЛЕМ“, за ископ на јаловина од „РЕК Битола“, вреден 1,06 милијарди...

Судење на седмообвинетиот во „Насилство во општина Центар“

Во Кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи рочиште од издвоениот судски процес против Димче Крстев, седмообвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),  „Насилство во општина Центар“, односно за насилствата во текот на седница на Советот на Општина Центар во јуни 2013 година. Судијата на главната расправа за овој предмет одлучи за него да ја раздвои постапката и...

Судења за „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во Центар“ денеска

Во Основен суд Скопје 1, попознат Кривичен суд, за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во општина Центар“. Во „Тортура обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата, кои се товарат за мачење и друго...

Судењето за „Монструм“ одложено поради немање технички услови

Денешното рочиште за случајот „Монструм“, за убиството на четирите момчиња од Радишани и рибарот од Црешево на Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, денеска беше одложено. Како што кажа судијата Огнен Ставрев, нема технички услови да биде сослушан загрозениот сведок Е1, па следното рочиште го закажа за 11 јули. Ако има соодветни услови сведочењето на Е1 во овој термин...

Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со изведување на докази треба да продолжи судњето по предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година. Овој случај сега го води СЈО, откако во декември минатата година Врховниот суд ги поништи пресудите од првото...

По втор пат одложен почетокот на судењето за смртта на малата Тамара

По втор пат, во Кривичниот суд, не успеа обидот да започне судењето за смртта на малата Тамара, која во 2015 година почина додека чекаше средства за операција во странство. За овој предмет, има материјални докази на 10.000 страници, поради што судијата ги замоли адвокатите самите да се снајдат и да си ги ископираат доказите, бидејќи во судот имало еден фотокопир...

Судењето на Јанкулоска за „Тенк“ продолжува на 29 август

Судењето за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породилно боледување. Одбраната на Јанкулоска денеска до Судот ја достави нејзината медицинска документација. На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. За случајот со набавката на блиндираниот „мерцедес“ по цена...

Во Судот се слушнаа четири „бомби“ за „Трезор“, следно рочиште на 10 септември

На денешното рочиште за случајот „Трезор“ се слушаа четири снимки од прислушувани разговори предложени од СЈО, а кои се однесуваат на фирмата „Финси“ и набавката на опрема наменета за МВР. На снимките се слушаат разговори од 2010 и 2011 година меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставревски, Сашо Мијалков и Влатко Мијалков и на Влатко Мијалков и Саша Глишиќ. Одбраната на обвинетите...

Судења денеска за „Титаник 3“ и „Насилство во Општина Центар“

Во Кривичен суд Скопје за денеска закажани се рочишта за предметите на СЈО, „Титаник 3“ и „Насилство во општина Центар“. Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими, координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир за локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“. Минатото рочиште за...

Одложено судењето за смртта на малата Тамара

Поранешната директорка на Детска клиника, Аспазија Софијанова, поранешната директорка на ФЗОМ, Маја Парнарџиева - Змејкова и тројца други обвинети претпладнево не дојдоа на судењето за смртта на малата Тамара Димовска, поради што рочиштето беше одложено за 4 јули. На денешното рочиште од повиканите 12 обвинети, во судот се појавија само седум, а во судницата не беа ни родителите на Тамара....

Ново рочиште за нападот врз села Села по измената на обвинението

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, за деветмина од обвинетите, откако на претходното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков. Обвинителот Дарко Јакимовски, на минатото рочиште предложи измена на обвинителниот акт, според кое двајца од обвинетите Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски се теретат...

Завршни зборови на судењето за обидот за убиство врз Села во Собрание

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието. Случајот треба да продолжи со завршни зборови на двете страни, откако на претходното заврши доказната постапка. За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче...

Судењето за „Шамарите во Центар“ не почна – обвинет заминал во Хрватска

Во Основниот суд Скопје 1 денеска рочиштето за случајот „Насилство во Центар“ не почна, поради тоа што обвинетиот Александар Трајковски, вработен во општина Гази Баба заминал на службен пат во Хрватска, со потпис на градоначалникот Борис Георгиевски. - Барам од судот да му испрати допис на градоначалникот и да го праша дали знаел дека денеска обвинетиот има покана за судско...

На 6 јуни завршни зборови во судењето за нападот на Села

Со изнесување докази, меѓу кои една досега неприкажана снимка од нападот на пратеникот Зијадин Села при насилствата во Собранието на 27 април минатата година, денеска се одржа уште едно рочиште, а в среда судењето продолжува со изнесување завршни зборови. Обвинителот Дарко Јакимовски од судот побара повеќе време за да ги подготви завршните зборови со цел да може да ги вклучи...

Хаки Азири рече дека притисок му вршел Љупчо Тодоровски – Радникот

Обвинетиот Хаки Азири во продолжението на судењето за „Монструм“, откако специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на својот телефон му покажа фотографија од поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски - Радникот, рече дека тоа е инспекторот што му вршел притисок и му рекол дека сите судии и обвинители се нивни, па мора да застане зад изјавата што му...

Во Кривичeн суд Скопје денеска судења за „Монструм“ и „Траекторија“.

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Монструм“ и „Траекторија“. На рочиштето за „Монструм“ исказ  треба да дадатт двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, кои се изјаснија дека не...

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа дека не е виновен и...

По три часа исказ на Фејзи Азири прекинато рочиштето за „Монструм“

По тричасовниот исказ на обвинетиот Фејзи Азири судот го прекина денешното прво рочиште од повторениот судски процес за случајот „Монструм". Пред Азири, исказ даде Агим Исмаиловиќ, кој рече дека неговиот брат Африм Исмаиловиќ е во Косово. - Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку Вибер - рече тој. На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...