fbpx
Таг: Роберт Поповски

таг: Роберт Поповски

Поповски: Ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести

На панелот „Медиумите во дигиталната ера: Борбата против лажните вести“ на Дигиталниот самит кој денес завршува во Скопје, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, рече дека Велес, за жал, станал синоним на лажните вести. - Ние ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести не само во тој град, туку и во Македонија – рече...

СЕММ: Министерот Поповски неосновано критикува

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагира на, како што вели, неоснованата критика на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, околу ажурноста на СЕММ во обработката на поднесена претставка од неговиот кабинет за содржина објавена на порталот „ДоказМ“. Поповски на вчерашната јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија за Предлог -...

ВМРО-ДПМНЕ: Наводната транспарентност не го прикрива криминалот на функционерите

Доколку сакаат каква било споредба со власта на ВМРО-ДПМНЕ од 2014 година не треба да кријат од јавноста дека тогаш во време на економска и политичка криза, ВМРО-ДПМНЕ обезбеди раст на економијата од 2,9 проценти, се вели во реакцијата на партијата на прес-конференцијата на министерот за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски. Од таму додаваат дека „оваа власт има најниско ниво на...

Поповски презентираше алатка за отчетност: Потрошивме двојно помалку од претходниците

Помалку од двојно државни пари потрошиле функционерите на оваа влада во првите шест месеци од стапувањето на функцијата, во однос на функционерите на претходната влада по преземањето на функциите во 2014 година, информираше денеска министерот за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски. Анализата на софтверот (vlada.mk/otchetnost-troshoci), кој претставува Алатка отчетност за трошоците, покажува дека 60 функционери во Владата предводени од Зоран...

Селмани до Поповски: Врзете си ги кучињата пред да биде предоцна

Неколку десетици новинари денеска напладне излегоа на протест пред Владата за да побараат да се преземат мерки за заканите и навредите кои функционерот на ДУИ, Бекир Асани, му ги упати на претседателот на здружението на новинари, Насер Селмани. На протестот, Селмани рече дека новинарите постојано се изложени на закани и притисоци и побара да се преземат мерки да се замолчат...

Поповски – Ромео: Со законот ќе се обезбеди независно работење на МРТВ и ААВМУ

Се обврзавме на создавање услови за независно и професионално работење на Македонска радио-телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на сите медиуми во Македонија и измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се во таа насока, го информирал министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски италијанскиот амбасадор Карло Ромео. На средбата, како што информираат од владата, било разговарано...

Владата е изненадена од Насер Селмани, тој чека конкретни чекори, а не само ветувања

Владата на Република Македонија во соопштение изрази изненадување што претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, денеска ја критикуваше, велејќи дека кај актуелната влада има тенденции што потсетуваат на однесувањето на претходни влади. Имено, одговарајќи на новинарско прашање за денешната изјава на министерот Дамјан Манчевски на конференцијата „Е-општество“ на „Метаморфозис“, кој рече дека Владата не смее да биде моторот на реформите во...

Поповски: Создаваме услови за целосна независност и професионализација на МРТВ

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски денеска се сретна со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ, придружуван од делегација на ОБСЕ. Дезир ја поздравил отвореноста на Владата за носење на новиот закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги низ широка отворена експертска дебата со почитување на мислењата и препораките на ОБСЕ и на ЕК...

Поповски го информирал амбасадорот Пломп за планираните медиумски реформи

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп. На средбата било разговарано за актуелната состојба во медиумската сфера, како и за најавата за реформи во законската регулатива во медиумскиот сектор. Амбасадорот Пломп бил запознаен со детали од предлозите за измени во Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Министерот Поповски уште...

Поповски и Прибе разговарале за владиниот план за реформи во медиумската сфера

Министерот без ресор задолжен за комуникација, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска имал средба со експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе, на која било разговарано за мерките и за планот на Владата за реформите во медиумската сфера. Поповски, како што соопштија од Владата, во елаборацијата на чекорите и на мерките што се преземени од периодот од...

Лага е дека министерот Поповски не го доставил анкетниот лист, велат од Владата

Лажна е информацијата изнесена на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со анкетниот лист на министерот Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и за транспарентност, реагираше Владата. „Ја информираме јавноста дека министерот Поповски достави анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција и до Управата за јавни приходи на 28 јуни 2017 година, а за тоа приложуваме писмен доказ од...

ВМРО-ДПМНЕ: Министрите Поповски и Ибраимовски сè уште не го пријавиле имотот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министрите на СДСМ во Владата го кријат своето богатство, посочувајќи дека министрите Роберт Поповски и Самка Ибраимовски сè уште немаат поднесено пријава за својот имот до Државната комисија за спречување на корупција. - Тоа, согласно законот, преставува казниво дело. Тие демонстрираат беззаконие, но она што повеќе ја интересира јавноста е зошто го кријат својот имот...

Поповски: Владини реклами нема да има, а МРТВ ќе се финансира само од буџет

Една од клучните мерки на Владата е јавниот сервис МРТВ да не биде дел од комерцијалниот пазар и да биде финансирана од буџетот на државата, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на денешната конференција на тема „Иднината на комерцијалните ТВ-канали на национално ниво: Која е формулата за успех?“, во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Попоски...

Во Владата напладне ќе се одржи дебата за реформските приоритети

Во свечената сала на Владата, денеска,  со почеток во 12 часот, ќе се одржи дебата за реформските приоритети. „Поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, а во согласност со определбата на Владата за транспарентност во работата и за вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, денеска во Владата ќе се одржат тематски консултации за областите кои се...

Поповски: Предлог-законот на СДСМ за медиумите е нашата „црвената линија“

Опозицискиот СДСМ нема да отстапи од своите позиции околу предлог-законот за медиуми што вчера им го достави на другите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Според Роберт Поповски, член на преговарачкиот тим на СДСМ, тоа е нивната црвена линија во преговорите за регулацијата на медиумите. - Нашиот став е јасен и прецизен, ние предложивме законска форма во која ги...

ВМРО-ДПМНЕ бара новинарските здруженија да достават предлози за законот за медиуми

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика ЗНМ, МАН, ССНМ, Агенцијата за медиуми и сите спортски, културни, верски и други организации што се засегнати од законот за медиуми да достават свој предлог до нив за да може оваа партија забелешките да ги стави на маса во Клубот на пратеници пред другите чинители на Договорот од Пржино. Според Илија Димовски, член на работната група на...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...