fbpx
Таг: Роберт Алаѓозовски

таг: Роберт Алаѓозовски

Роберт Алаѓозовски ќе биде национален координатор за култура во кабинетот на Заев

Доскорешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски се сели во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Тој е назначен на висока државна функција односно национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка. Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, вели дека се работи за функција предвидена со закон и кусо одговори дека за секој национален координатор потребно е именување од Влада. Алаѓозовски, кој беше...

Започна седницата на која ќе се гласаат новите министри

Tочно една година и помалку од еден ден откако Владата на премиерот Зоран Заев доби мандат од пратениците, во Собранието започна седницата за владината реконструкција. Новите министри треба да бидат изгласани најдоцна до полноќ, а замениците министри најдоцна до утре, но не е исклучено и двете точки да се изгласаат денеска. Нови министри се Асаф Адеми од Беса за култура,...

Град Скопје и Министерство за култура заеднички ќе ја градат новата Универзална сала

Се очекува во 2019 година да почне изградбата на нов објект на Универзална сала на местото на сегашната. Финансирањето ќе биде заедничко на Министерството за култура и на Град Скопје, за што првите луѓе на овие институции, министерот Роберт Алаѓозовски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов потпишаа писмо за намери. – За жал, нашата метропола, поради состојбата во која се наоѓа...

Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Во рамки на одбележувањето на 115. годишнината од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, денеска, претставници на Владата присуствуваа на панихида и положија свежо цвеќе на гробот во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот...

Собранието ја усвои Стратегијата за културата до 2022 година

По долга, речиси едночасовна дискусија, Собранието попладнево на продолжение на 40-тата седница, ја изгласа Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година. Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој ја бранеше стратегијата од тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Магдалена Манаскова, Крсто Јовановски и Драган Данев, нагласи дека стратегијата, сепак, ќе овозможи департизација и фер политики...

Алаѓозовски: Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура за 2018

Десет проекти од Годишната програма на Министерството за култура за 2018 година со вкупна вредност од осум милиони и 500.000 денари се повлечени по ревизијата на Комисијата од Министерството, информираше денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски при посетата на затворот Шутка. - Во овој момент комисиите ги разгледуваат и одлучуваат по однос на приговорите. Начинот на којшто ќе можеме да...

Алaѓозовски: Трошоците се од бифето на Министерството за вода и кафе за сите гости

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вели дека неговите лични трошоци за шестте месеци додека е министер, не надминуваат 6.000 денари месечно. Како што изјави тој денеска, дезинформација е веста дека потрошил речиси 9.000 евра за угостителски услуги. Тој посочи дека во наведениот износ не се издвоени неговите лични трошоци. - Расчленетите ставки од алатката за транспарентност беа прикажани како групен...

Алаѓозовски демантира дека ноќеска требал да се отстрани споменикот Воин на коњ

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје. – Немаме активна постапка за отстранување друг споменик освен оној по кој беше постапено (Андон Јанев – Ќосето). Така што, шпекулации се тврдењата и бранувања во јавноста дека ќе отстрануваме некој следен споменик - изјави...

Синдикатот на културата и Алаѓозовски се жалат на лошите закони на претходната власт

На две прес-конференции денеска, Синдикатот на културата и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, се пожалија на „лошите закони од претходната власт“. Синдикатот на културата се пожали и дека новата власт во изминативе месеци се уште не променила ништо во однос на тие закони, а нејзината намера да спроведува некои законски одредби само ќе ги продлабочи проблемите на вработените во...

Карневалот во Вевчани со маски за загадувањето и за трошоците на пратениците

Во Вевчани со карневалската поворка која тргна во 14 часот денеска почна традиционалниот карневал кој датира 1.400 години наназад. Одбележувањето ќе заврши утре со спалувањето на маските и честитки за Стара нова година. Општествено политичките случувања кај нас и во светот и годинава беа инспирација за василичарите да имаат креативни и критички маски во дефилето. Колоритните маски продефилираа низ Горна...

Кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј од Охрид

Заводот и музеј Охрид поднесе кривична пријава против поранешната директорка Тања Паскали – Бунташеска, која поради неспроведување на судска одлука за уривање на потпорните ѕидови до музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“ меѓу установата и еден од соседите нанела голема финансиска штета врз буџетот на Македониј во износ од околу 123.000 евра, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Тој истакна дека...

МНТ и Археолошкиот музеј се поплавија, Алаѓозовски најави тужби за изведувачите

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, рече дека новите објекти на Македонскиот народен театар и на Археолошкиот музеј ги имаат истите проблеми како и објектите изградени пред 60 години. Тој додаде дека поради врнежливото време, покривот на МНТ протекува. - Поради силниот ветер, се откина дел од лимениот покрив на Центарот за култура во Штип. Ситуацијата дополнително се комплицира затоа што е...

Владата ќе одлучува што со „Воинот на коњ“, „Ќосето“ и „Мајка Тереза“

Министерството за култура ги добило од работната група првите елаборати за спомениците на Андон Јанев - Ќосето кај коплексот судови, на „Мајка Тереза“ и за „Воин на коњ“ на плоштад „Македонија“, соопшти министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, кој денеска учествуваше на конференцијата за програмата на Европската Унија „Креативна Европа“. Елаборатите, како што изјави Алаѓозовски, ќе бидат проследени до Владата, која...

Распишани годишните конкурси за културни проекти од национален интерес

Министерството за култура денеска ги распиша годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2018 година. Тие се отворени до 15 ноември, резултатите ќе бидат објавени околу Нова година, а за поддршка и за помош на заинтересираните корисници ќе бидат организирани и инфосесии во наредните 45 дена. Министерот Роберт Алаѓозовски на прес-конференција рече дека ја исполниле...

Алаѓозовски: „Скопје 2014“ е како вирус што прво треба да се стави во карантин

Проектот „Скопје 2014“ го сметаме како еден вид вирус што прво треба да го ставиме во карантин, да го третираме изолирано, па откако ќе направиме одлуки што понатаму со овој проект, може, евентуално, да го планираме во идниот развој, изјави денеска министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на прес-конференција за првите 100 дена од мандатот на Владата. Тој информираше дека петчлена...

Во Собрание денеска законот за јазиците и интерпелациите за Тевдовски, Алаѓозовски и за Дураку

На својата 15. седница, Собранието на Република Македонија денеска ќе има полни раце работа, со неколку важни точки. Предвидено е најпрвин да се дискутира за предлог-законот за употреба на јазиците, а потоа за минималната плата и за стечајците, сите во прво читање. На дневниот ред се и законот за употреба на македонскиот јазик, како и законот со кој ќе згасне титулата...

Елизабета Шелева на местото на Лешоски на чело на Струшките вечери на поезијата

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, донел одлука за именување на нови членови на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, откако младиот поет Дарко Лешоски, кратко по именувањето на функцијата претседател на Управниот одбор на СВ, реши да се повлече по реакциите во јавноста за неговиот избор. Како што соопштија денеска од Министерството за култура, нов претседател на Управниот одбор...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за директор на „Танец“ постави човек со средно градежно училиште

Алаѓозовски е поим за неспособност и деструкција. Тој е целосно неспособен и незаинтересиран за развојот на културата која секојдневно ја разорува. Поставувањето на Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е уште еден доказ за хаосот и партизацијата што ги создава СДС, рече денеска на прес-конференција Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече...

СДСМ: Апсурдните интерпелации нема да го сокријат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Со неоснованите, неиздржани и апсурдни иницијативи за интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ продолжува очајнички да се обидува да ги закочи реформите и проектите за кои што гласаа мнозинството граѓани, се вели во реакцијата на СДСМ по интерпелацијата што пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поднесоа за министерот за култура Роберт Алаѓозовски. „Поднесената интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ...

ВМРО-ДПМНЕ поднесe интерпелација и за Алаѓозовски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа интерпелација за министетот за култура Роберт Алаѓозовски, бидејќи, како што изјави пратеничката Ане Лашкоска на прес-конференција, со доаѓањето на Алаѓозовски на функцијата, оваа област за кратко време го допрела дното. Алаѓозовски е шестиот министер од владата на Зоран Заев за кого опозициската коалиција неделава поднесува интерпелација. Лашкоска нагласи дека под итно...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...