fbpx
Таг: РКЕ

таг: РКЕ

Горивата од полноќ со нови цени

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со тоа, цената на дизелот ќе изнесува 76 денари. „Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во...

Училиштата, фирмите и институциите од февруари ќе плаќаат за 35 отсто пониски сметки за парно

За околу 35 отсто ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници и јавните институции, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20 отсто од потребните количини на топлинска енергија на ниво...

Бислимовски: РЕК Битола произведува струја од сонце, ветер, вода и биомаса

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија, што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопштија денеска во Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот Марко Бислимовски, за 25 месеци државата го има новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега...

Од полноќ литар дизел ќе чини 80,5 денари за литар

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар за литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,5 денари, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во...

Од полноќ поскапуваат горивата за 1,5 денар

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,42 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денари за литар. Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари, цената на...

Ноќеска бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

За половина денар поевтинуваат бензините, а дизел горивото, пак, поскапува за еден еднар од ноќеска, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука на РКЕ, цената на дизел горивото ќе изнесува 73,5 денари за литар, цената на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари за литар, а на Еуросупер 98, цената ќе биде 73,5 денари за литар. Цената на екстра...

Од полноќ дизелот поевтинува за еден денар

Малопродажните цени на еуродизелот како и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар за литар, одлучила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новото намалување цената на дизел горивото ќе изнесува 72,5 денари за литар. „Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95, не се менува и изнесува 77 денари за литар. Малопродажната цена...

Од 1 јануари, струјата за прв блок поевтинува, за трет и четврт поскапува

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, изјави денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. Со примена на овој модел, рече Бислимоски, мрежарината се намалува за скоро 23 отсто. Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за...

Од денеска евтина струја од 13 до 15 часот

Од денеска, 1 декември, се враќа евтината тарифа на струјата за просечна потрошувачка на електрична енергија во блок 1 и 2. Со тоа, граѓаните ја добиваат можноста за евтина струја од 13 до 15 часот. Со тоа се обезбедуваат заштеди од над 1.000 денари месечно, за секое семејство. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски вчера најави дека од...

РКЕ: Дневна евтина тарифа ќе има од 1 декември, во периодот од 13 до 15 часот

Дневната евтина тарифа започнува на 1 декември, и ќе трае секој ден во периодот од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Оттаму информираат дека го усвоиле тарифниот систем за продажба на електрична енергија со кој се воведува евтина тарифа. „Со воведување на дневната...

Парното греење од утре поскапува за 4,51 отсто

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од трите компании од ЕСМ од 1 ноември ќе се зголеми за 4,51 отсто. ЕСМ, односно неговите три компании, побарале зголемување од над 50 отсто, соопшти РКЕ. Според...

РКЕ: Грејната сезона почнува утре

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона започнува на 15 октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури. „Сведоци...

Дизелот ноќеска поскапува за два денари

Цената на литар дизел ноќеска на полноќ ќе биде 72,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Оттаму информираат дека цените на бензините остануваат исти. „РКЕ одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во однос на одлуката од 10 јули. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната...

Евтина струја од 13 до 15 часот ќе има од први декември

Од први декември се враќа евтината тарифа од 13 до 15 часот и тоа е максимумот што можевме да направиме. Евтината тарифа не ја воведуваме од политички причини, туку заради сигналот на цената на електричната енергија на сите берзи во Европа. Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој кажа дека цената...

РКЕ: Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 15 мај годинава. Од утре од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС-95 - 78,50 (денари/литар) Моторен бензин Еуросупер БС-98 - 80,50 (денари/литар) Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)...

Скопски Водовод демантира: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми

ЈП Водовод и канализација Скопје ја демантира веста дека е можно да се зголеми цената на водата во Скопје. „Во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во...

Од полноќ Eуросупер 95 поскапува за два денара, дизелот за 1,5 денар

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, дизел и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар, а малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 2 денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Оттаму одлучиле да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 отсто во...

Дизелот од полноќ поевтинува за два денара по литар

Дизел горивото поевтинува за два денари, а цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со последната нивна одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто. „Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 2 денари за литар, а малопродажните цени на бензините...

Бензините поевтинуваат за два денара, а дизелот за денар и половина

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 2 денара по литар, а малопродажната цена на еуродизелот се намалува за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Исто така, за еден денар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство. Од вечерва полсе полноќ, литар еуросупер БС 95 ќе чини 84,50 денари,...

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да произведува топлинска енергија

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да ја врши дејноста производство на топлинска енергија, децидни се од Регулаторната комисија за енергетика и од Владата. Од Регулаторна комисија прецизираа дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...