fbpx
Таг: Ристо Лазаров

таг: Ристо Лазаров

Нова книга од Ристо Лазаров со наслов „Лилјаци“

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат најновата книга на македонскиот поет Ристо Лазаров со наслов „Лилјаци“. Оваа обемна книга, на 172 страници, е структуирана како и последните десетина книги на овој автор (седум циклуси по седум песни плус една воведна песна) и интензивно комуницира со стварноста. Во поговорот на книгата, писателот Васе Манчев подвлекува дека сета поетска уметност на...

Книга за Охридско Езеро од комедиографот Бранислав Нушиќ

Во издание на „Везилка 2011“, излезе од печат книгата на знаменитиот српски писател Бранислав Нушиќ „Покрај бреговите на Охридското Езеро“, чиешто прво издание е публикувано во Белград во далечната 1892 година. Ова издание на македонски јазик го преведе писателот Ристо Лазаров. Станува збор за ретка книга, со повеќе белешки со кои се опишуваат Охридското Езеро и околината. Во предговорот кон книгата...

„Лавиринт“ нова книга од Ристо Лазаров

Издателството „Везилка 2011“ ја објави новата, 32. поетска книга „Лавиринт“ од Ристо Лазаров. Како и последните десетина книги на овој автор, и оваа содржи 50 песни, седум циклуси со седум песни и една воведна песна. Авторот на поговорот кон книгата, професорот Ферид Мухиќ, оваа книга ја нарекува поетска ревизија на архетипските митови. Класичните антички митови, оценува Мухиќ, од Тројанската војна и...

„Лавиринт“ од Ристо Лазаров објавена на чешки јазик

Осум години по објавувањето на книгата поезија „Чехопек“, во Чешка е објавена втора книга од македонскиот поет Ристо Лазаров, стихозбирката „Лавиринт“, создадена во формат по кој е препознатлив овој поет - седум циклуси по седум песни. Песните на чешки ги преведе академик Иван Доровски, кој е автор и на предговорот на книгата, како и на биографијата и на библиографија на Лазаров....

Нова книга од Ристо Лазаров

„(П)огледи“ е насловот на најновата книга есеи на македонскиот писател и новинар Ристо Лазаров. Повеќето од есеите во книгата се објавуваат првпат, а некои веќе се објавени во медиумите. Нивни заеднички именител се траумите што ги доживува Македонија во транзицијата, особено последниве години, и експлозијата на незадоволството од владеењето со државата. Во поговорот кон книгата, новинарот и публицист Бранко Героски оценува дека...

Ристо Лазаров на поетскиот фестивал „Војната и поезијата” во Романија

Македонскиот поет Ристо Лазаров учествува на Mеѓународниот поетски фестивал што до 15 мај се одржува во романскиот град Крајова, во чест на романскиот поетски великан од 19 век, Михаел Еминеску. На фестивалот учествуваат поети од триесетина земји од целиот свет. Покрај бројните поетски настапи, програмата предвидува и разговори на тема „Војната и поезијата“. Секоја година фестивалот објавува антологија од творештвото на неговите...

„Ѕидови“ од Енес Халиловиќ на македонски јазик

„Везилка 2011“ ја објави на македонски јазик стихозбирката на Енес Халиловиќ „Ѕидови“, во препев и со поговор на Ристо Лазаров. Халиловиќ, за оваа книга, минатата година ја доби наградата „Меша Селимовиќ“, едно од најпрестижните книжевни признанија во соседна Србија. Добитник е и на наградите „Бранко Миљковиќ“ и „Ѓура Јакшиќ“. Халиловиќ е автор уште на четири поетски книги, две книги раскази и на...

Романот „Џимиринче“ од Милисав Савиќ на македонски јазик

Романот „Џимиринче“ на еден од водечките современи прозаисти во Србија, Милисав Савиќ, излезе од печат во издание на „Везилка 2011“, а со превод на Ристо Лазаров. - „Џимиринче“ е романескен приказ на времето на распаѓањето на СФРЈ и на раѓањето на мафијата во некогашната југословенска престолнина. Јунаците во романот се луѓе од периферијата, кои секавично влегуваат во светот на профитерството иако немаат абер...

„Птици“, нова книга поезија од Ристо Лазаров

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат новата, триесетта по ред, поетска книга на Ристо Лазаров, со наслов „Птици“. На 142 страници се поместени шест циклуси, секој од седум песни на тема птици: „Орли“, „Езерки“, „Гулаби“, „Црвен кардинал“, „Рајска птица“. На крајот, издвоено, поместена е песната „Хичкок“. Поговорот за книгата го напиша Оливера Ќорвезироска. - Најновиот поетски ракопис на Ристо Лазаров,...

На македонски јазик издадена стихозбирката „Да се биде“ од Дејан Алексиќ

Во издание на книгоиздателството „Везилка 2011“, излезе од печат стихозбирката „Да се биде“ од Дејан Алексиќ, еден од водечките српски поети од помладата генерација. Алексиќ (1972) е добитник на престижните книжевни награди во Србија: „Бранкова награда“, „Бранко Миљковиќ“, „Меша Селимовиќ“ и други. Неговата книга на македонски јазик ја препеа Ристо Лазаров, кој е и автор на поговорот. - Средбата на читателот со...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...