!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Почнува карневалот во Рио де Жанеиро


Рио де Жанеиро, 24 февруари, 2017 - 20:36 (META) 

Во Рио де Жанеиро, кој не е ниту главен, ниту најголем град на Бразил, но е секако најпознатиот, денеска, како и во други места во големата јужноамериканска земја, почна карневалот.

Карневалот во Рио е можеби најпознатиот на светот, а наскоро градските власти на овој крајбрежен мегалополис ќе му ги предадат клучевите на градот на „Момо“, односно годинашниот дебел крал на карневалот, кој е водач на карневалската забава.

Карневалот во Рио ќе трае пет дена, а се очекува да го проследат огромен број гости од земјата и од странство, и покрај рецесијата и штрајковите на полицајците.

Градските власти на Рио се надеваат дека карневалот ќе привлече повеќе од милион посетители и ќе донесе околу милијарда американски долари во градската каса.


Ристе Пандев прв во предквалификациите на ЛОИ


Рио де Жанеиро, 13 август, 2016 - 15:27 (META) 

Нашиот спринтер Ристе Пандев победи во својата предквалификациска трка на 100 метри, на олимписките игри во Рио, Бразил со најдобро време за него сезонава 10.72.

Со оваа победа тој обезбеди учество во квалификациските трки, каде противниците се многу подобри.


Пливачот Марко Блажевски обезбеди Б-норма за учество на ЛОИ во Рио


Казан, 9 август, 2015 - 13:00 (META) 

Македонскиот пливач Марко Блажевски обезбеди Б-норма за учество на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат во Рио де Женеиро во 2016 година.

Блажевски на Светското првенство во Казан на денешните квалификации на 400 метри мешано, постигна време од 4:25:57 што е за 12 стотинки подобро време од квотата за настап на игрите во Рио.