fbpx
Таг: рибари

таг: рибари

Фото-сторија: Пеликаните, кормораните и рибарите во заеднички риболов на Дојранското езеро

Кадроглави пеликани, заедно со традиционалните корморани и бројни рибари, деновиве се секојдневни гости на Дојранското езеро. Разновидните и многубројни риби се заедничкиот интерес којшто ги привлекува луѓето и птиците и во зимските месеци да се дружат со езерските води. Веќе подолг период наназад, водостојот на Дојранското езеро е повеќе од два и пол метри над просекот со што го привлекува...

Во Охрид одбележан Денот на рибарите

Денеска, на верскиот празник Св.Јован Крстител, традиционално беше одбележан Денот на рибарите во Охрид. Оваа манифестација се одржува во месноста Сараиште, каде некогаш рибарите покажувале колку риба уловиле. Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. За посетителите и за гостите беа подготвени неколку тони рибја чорба.

Од рибокрадци одземени рибарски мрежи, риба, опрема и риболовен алат

Рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2.000 метри, сто парчиња риба - охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци од риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор на Охридско Езеро. Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена, во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство,...

Запленети рибарски мрежи и риба кај струшко Калишта

При патрола на полициската станица за граничен надзор, пронајдени се и одземени рибарски мрежи во должина од околу сто метри со 28 парчиња риба – охридска белвица, во водите на Охридско Езеро. Мрежите, по консултација со јавниот обвинител и со надлежниот инспектор од Државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов, се подигнати заедно со уловот, соопшти портпаролот на СВР...

Православниот празник Свети Јован Крстител, ден на рибарите во Охрид

Охриѓани денеска го одбележуваат големиот православен празник Свети Јован – Крстител и како ден на рибарите. Според традицијата, околу 14 часот, голем број капачи ќе скокаат по бурињата полни вино, кои ќе бидат фрлени во водите на Охридско Езеро. Меѓу капачите се очекува и поранешниот евроамбасадор, Ерван Фуере, кој неколкупати скокал и бил среќен фаќач. Тој веќе неколку дена е...

Единаесет рибари загинале во несреќа во Црвено Море

Единаесет рибари се удавиле, исто толку се повредени, а 23 се водат за исчезнати откако нивната лаѓа утрово ударила во товарен брод, недалеку од брегот на египетското гратче Ел Тур, на југот на Синајскиот Полуостров, пренесуваат медиумите. Според изјавите на преставници на упрвата на пристаништата во Црвеното Море, товарниот брод во кој ударило рибарското бротче пловел под панамско знаме и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...