fbpx
Таг: резултати

таг: резултати

Објавени се резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од конкурсот за стипендии за средношколци од дуални паралелки. Потребно е секој добитник на стипендија да го симне и пополни во три примероци договорот за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достави до МОН, директно преку писарницата во министерството или по пошта – препорачана пратка...

Вучиќ слави победа, опозицијата бара поништување на изборите во Белград

Додека владејачката партија на претседателот Александар Вучиќ ја слави победата на парламентарните избори во Србија, опозицијата ја обвини српската власт за кражба на изборната волја на изборите во Белград, побара поништување на локалните избори во главниот град и ги повика граѓаните на протести. Мнозинство на вчерашните парламентарни избори во Србија, доби листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да застане“,...

Објавени се резултати од конкурсот за стипендии за студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава за студиската 2023/2024 година. Според резултатите, условите за добивање стипендија ги исполнуваат 122 студенти, додека во конкурсот беа предвидени вкупно 135 стипендии. Сите добитници на стипендија треба да...

АХВ не најде салмонела во храната од која се затруја ученици од Карпош

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вели дека не пронашле салмонела во земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна од училиштата во Карпош, каде минатата недела беа пријавени седум случаи на затруени деца од салмонела. АХВ извршила проверка на сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, беа пријавени случаи на сомнежи на труење...

Зголемени приходи, намалени загуби – за пекарите, 2022 не била лоша година за работа

Пораст на приходите од редовните активности, зголемен профит или намалување на загубите во споредба со претходно. Компаниите од мелничко-пекарската индустрија кои котираат на Македонската берза не можат да се пожалат на лоши резултати во работењето, покажуваат финансиските резултати кои самите тие ги доставиле до берзата. Инаку, токму поголемите производители на леб донесоа одлука да престанат со производството и дистрибуцијата на...

Објавени се резултатите од конкурсот за стипендии за редовните студенти Роми

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи за академската 2022/2023 година. Доделени се вкупно 125 стипендии, и тоа 50 за студенти кои студираат во прва година и 75 за студенти од повисоките години. Инаку, во конкурсот МОН...

Објавени се листите со примени бруцоши во студентските домови

Студентски дом Гоце Делчев
Објавени се списоците со примени студенти од прва година на студии во државните студентски домови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). За бруцошите беа предвидени вкупно 1.165 места во домовите. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:  Примени студенти ДСД Гоце Делчев Примени студенти ДСД Стив Наумов (нови бараки)  Примени студенти ДСД Стив Наумов (трета зграда)  Примени студенти ДСД Томе...

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови по поднесените приговори

Студентски дом Гоце Делчев
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години во државните студентски домови кои не беа задоволни од резултатите од Конкурсот и поднесоа приговор до 12 септември. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:  Список на примени студенти во Стив Наумов 3 зграда, кои се ослободуваат од партиципација (...

МЗ: Наодот на пациентот за кој постоеше сомнеж е негативен за мајмунски сипаници

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека испитувањето во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на брисот земен од пациентот од Кичево, за којшто имаше сомневање дека е заразен со мајмунски сипаници, покажало негативен резултат. „Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог. Во соработка со Комисијата...

Матурските резултати по македонски јазик за прв пат подобри од оние по англиски

На последното полагање државна матура, учениците покажаа подобри резултати на тестот по македонски јазик, одошто на оној по англиски јазик, што не беше случај до минатата година, информира за Мета.мк директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска. До лани учениците секоја година подобри постигања покажуваа по англиски, одошто на испитот по македонски јазик. „Годинава просечната оценка по македонски јазик е...

ДЗС: Податоците од пописот ќе се објават до крајот на март

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Државниот завод за статистика (ДЗС) во изјава за Порталб.мк најавува дека резултатите од пописот на населението и домаќинствата ќе бидат објавени до крајот на март, кога истекува законскиот рок, пишува Порталб.мк. „Резултатите од Пописот 2021 година ќе бидат објавени најдоцна до крајот на март 2022 година. За точниот датум јавноста ќе биде навреме информирана“, велат за Порталб.мк од ДЗС. Претходно ДЗС,најави...

Резултатите од пописот ќе бидат објавени во законскиот рок, уверува Селами

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Иако во Државниот завод за статистика (ДЗС) најавија дека резултатите од пописот ќе бидат објавени на крајот на 2021 година, тие сè уште не се објавени. Како што за Порталб.мк изјави заменик-директорот на ДЗС, Илми Селами, резултатите секако ќе бидат објавени во законскиот рок, но не може да се предвиди конкретен датум или период кога тоа ќе се случи,...

Порталб: Резултатите од пописот во земјава се очекува да бидат објавени кон крајот на годинава

Конечниот резултат од пописот на населението се очекува да биде готов до крајот на годинава. Ова за Порталб.мк го изјави заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами. Тој рече дека иако законски имаат рок од шест месеци да ги објават резултатите, истите ќе бидат објавени пред овој рок, односно околу Нова година или најдоцна до крајот на јануари...

Реактор: Две години по ковид пандемијата, родовата нееднаквост станува уште понагласена

Речиси две години од почетокот на пандемијата со Ковид 19, состојбата продолжува да ги акцентира нееднаквостите во сите сфери на живеењето, а родовата нееднаквост станува уште понагласена, велат од Реактор - Истражување во акција. Од Реактор велат дека во просек жените во Северна Македонија извршуваат 72,5 отсто од вкупната неплатена работа за грижа, додека придонесот на мажите едвај надминува една...

Изборни изненадувања во Косово, партијата на Курти не постигна јасна победа во ниту една општина

Вчера и во Косово се одржаа локални избори, каде 799.960 од косовските граѓани (42,5 отсто) излегоа да гласаат за својот кандидат кој ќе ја води општината во која живеат во следните четири години. Гласачките места во Косово беа отворени во 07:00 часот, а беа затворени во 19:00 часот. Прелиминарните резултати објавени од Централната изборна комисија (ЦИК) се изненадување на овие локални...

Николовски: Локалните избори имаат втор круг, затоа кочи Мицко

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да креира лажна еуфорија, изјави генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва на прес-конференција. Според него, СДСМ ќе добие најголем број на градоначалници на локалните избори и ќе победи. Николовски, исто така, посочи дека кандидатот на СДСМ, „Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник на Скопје бидејќи води пред Данела Арсовска“. „Ова не е...

Царовска: Учениците ќе бидат дел од ПИСА тестирањето во 2022 година

Северна Македонија ќе учествува во меѓународното ПИСА тестирање кое го организира ОЕЦД, а ќе се спроведе во 2022 година и за таа цел интензивно се подготвуваме речиси една година, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска. „Се надевам дека при проверката на научната и математичката писменост, писменоста за читање и креативноста во размислувањето, учениците ќе покажат подобри резултати во...

Макрон со лоши резултати, Ле Пен не успеа да победи во француските региони на вчерашните избори

Екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен е главниот губитник на вториот круг од регионалните избори во Франција што се одржаа вчера. Оваа партија не успеа да победи во ниту еден од француските региони, вклучувајќи го и јужниот регион Прованс Алпи Азурен Брег, каде што анкетите покажуваа дека можат да ја добијат власта. Алијансата од другите политички партии...

Локалните избори во Хрватска ги донесоа новите политички опции како победници

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и опозициската Социјалдемократска партија на вчерашните локални избори во Хрватска доживеаја пораз во неколку поголеми градови низ земјата. Во Загреб, победник на изборите со освоени 45,15 отсто од гласовите е Томислав Томашевиќ од зелено-левата коалиција предводена од платформата „Можеме!“. Во вториот круг од изборите, тој ќе се натпреварува со Мирослав Шкоро од десничарскиот „Домовински...

Компаниите кои работат во економските зони лани оствариле добивка од 65 милиони евра

Компаниите кои работат во технолошко-индустриските-развојни зони (ТИРЗ) и кои учествуваат со 47 отсто во вкупниот извоз на земјата, минатата година оствариле вкупна добивка од 4 милијарди денари (65 милиони евра), што е за околу 40 отсто помалку во споредба со 2019 година, а тоа е резултат на намалената активност до средината на лани. Вкупните приходи, пак, биле 135 милијарди...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...