fbpx
Таг: режим

таг: режим

Контраспин: Апасиев како Робеспјер – народен фронт за финална пресметка!

Левица, како и секоја друга партија во предизборието што е веќе одамна започнато, од многу причини вчера си дозволи да демонстрира насилство и кршење во Собранието, кое е недозволиво, добивајќи веројатно гласови плус. А, денеска, пак и нови револуционерни ставови, кои се спин. Но, штетата што ја направија е поголема од ползата (евентуални гласови плус), зoшто голем дел од...

Во САД не владее диктатура и режим

САД не се режим и диктатура, како што се тврди во постот, а тоа е евидентно и од Уставот и од севкупното уредување на Соединетите Американски Држави. Демократијата како форма на организација и политичко водство ја зема предвид волјата на граѓаните, нивните интереси и аспирации. Сите елементи на демократијата, вклучително и почитувањето на човековите права се централна компонента на американската надворешна и внатрешна...

Кина како пример: Медиумска промоција на недемократскиот вредносен систем

Едно од значајните влијанија со долгорочни негативни последици во Северна Македонија, а кое најчесто потполно се занемарува, е влијанието кое го има Кина. Ова влијание посебно се зајакнува во услови на голема корупција во државата, намалена доверба на граѓаните во институциите и нивната способност да се справат со истата и своевиден институционален хаос до кој доведува злоупотребата на демократските...

Руската амбасадорка во Софија не знае зошто Москва го бара истражувачкиот новинар Христо Грозев

Откако Русија покрена потерница за истражувачкиот новинар Христо Грозев, бугарски државјанин, новинар и извршен директор на меѓународниот колектив за истражувачко новинарство „Белингкет“, амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова денеска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Бугарија. Таа во изјава за медиумите по излегувањето од МНР кажа дека не ја знае точната причина зошто Русија го бара...

Контраспин: Како Апасиев спинува за прашањето за современите дисиденти

Лидерот на Левица спинува во корист на Русија и Кина, безмалку претставувајќи ги како небаре демократски земји на ниво на Соединетите Американски Држави од гледна точка на степенот на демократија, притоа манипулирајќи со една единствена карактеристика на современите дисиденти, нивната популарност кај светската јавност, претставувајќи ја како пресудна за опстанокот на САД, на нејзината демократија и либерализмот воопшто, пишува...

Утре вечер ќе има посебен сообраќаен режим поради протест

Министерството за внатрешни работи информира дека на подрачјето на Скопје на 23 јули (петок), во временскиот период од 18.45 часот до 20.30 часот, поради протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. „Почетокот на протестот е најавен од 18.45 часот пред Министерство за надворешни работи, на ул.„Филип Втори Македонски",...

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

Сообраќајната полиција ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради верскиот празник Задушница во текот на утрешниот ден (21.02) петок, како и во деновите од викендот (22 и 23.02), сабота и недела во периодот од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Министерството за...

Утре изменет сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

По повод верскиот празник Задушница, утре и за време на викендот, во периодот од 06 до 16 часот ќе има изменет сообраќаен режим во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, информираат од МВР. „Во Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се...

Промена на режимот на сообраќај на два патни правци

Режимот на сообраќај на автопатската делница Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија, ќе биде променет од денеска до 26 април. Во наредните четири дена на патот Смоквица-Гевгелија, пред влезот на Гевгелија во близина на бензинската станица ќе се изведуваат градежни активности  при поставување индуктивни јамки, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Поради изведување градежни работи  режимот на сообраќај ќе биде изменет и на регионалниот...

Неколку сообраќајници низ градот, утре ќе бидат затворени за сообраќај

Министерство за внатрешни работи информира дека утре ќе бидат затворени неколку сообраќајници. „На улицата 1732 (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен на АРМ ќе биде затворен во период од 06 до 19 часот, а сообраќајот ќе...

Повторно протести синоќа пред унгарската државна телевизија

Протестите против режимот на Виктор Орбан продолжија и вчера во Будимпешта, со околу 2.000 демонстранти што протестираа пред објектот на унгарската државна телевизија. Исто како и претходната ноќ, се бараше независност на јавниот телевизиски сервис и судството. Дел од демонстрантите, следени од бројни полициски сили кои кои се соочија со силно полициско обезбедување, носеа транспаренти со пораки дека јавната телевизија...

Српската опозиција прашува каква е улогата на Белград во бегството на Груевски

Опозициските Движење на слободни граѓани (ПСГ) и Граѓански блок 381 (ГБ381) денеска упатија прашање до власта во Србија каква е улогата на официјален Белград во бегството на Никола Груевски во Унгарија и дали е точно дека српскиот претседател Александар Вучиќ „незаконски наредил БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе низ Србија“, мислејќи на српската агенција за...

Заев: Со пенкало падна режим, со пенкало ќе ја обезбедиме иднината

Ви реков дека ќе падне режим и падна режим. Ви реков ќе станеме 30-та членка на НАТО и станавме. Ова, пенкалото, целиот период нè движи. Режим падна со пенкало, сега потпишавме и добивме покана за НАТО. Верувам до небото. Добивме датум за преговори со ЕУ, таа верба не носи. Ни по точка разно не размислувам дека нема да успее...

Автобуските линии на ЈСП со летен режим на работа

ЈСП информира дека од 10 јуни (недела), автобуските линии почнуваат со летен режим на работа, а возниот ред може да се види на нивната веб-страница www.jsp.com.mk. Од таму потсетуваат дека викендов, автобуските линии 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) нема да сообраќаат, освен линијата 25 со редовен возен ред после 16 часот во сабота, односно...

Привремен сообраќаен режим претстојниот викенд на Водно

Градот Скопје информира дека на дел од улицата „Тодор Александров“ и патот кој води до Средно Водно, овој викенд ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“. „За таа цел, дел од улицата „Тодор Александров“, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ул. Тодор Александров бр. 165) и патот до Средно Водно...

Црниот понеделник сведочи за бруталноста на поразениот режим, велат од СДСМ

Денешниот датум, 24 декември, останува врежан како еден од црните денови за демократијата во Македонија и сведочи за бруталноста на сега веќе поразениот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ преку соопштение до медиумите. „Никола Груевски и фамилијата пред очите на целокупната јавност, преку злоупотреба на полицијата во законодавниот дом ја погазија демократијата брутално исфрлувајќи и тепајќи новинари...

Груевски: Притворањето пратеници е директно уривање на демократијата

Поранешниот премиер и лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по одложувањето на рочиштето за случајот „Траекторија“ рече дека со одредувањето притвор за шестемина пратеници се случило „директно уривање на демократијата“. Тој упати апел до обвинителството, до судот и особено до СДСМ кој, како што рече, ставил сè под своја контрола, да го не прави тоа бидејќи претставува уривање на демократијата. - Ова е преседан....

Јеремиќ: Поранешниот македонски режим пере пари преку српската власт

Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ, денеска ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска влада и Војислав Спаравало, директорот на фирмата СЦМГ, која ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац. Јеремиќ во изјава за белградската „ТВ Наша“ вели дека чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври годинава...

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапува на сила утре и ќе трае до 15 март 2018 година. Доколку возилото во сообраќај не ја поседува пропишаната опрема, возачот може да добие казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка. За моторните возила до 3.500 килограми задолжителна опрема се зимски гуми на...

Богоев: Скандалозна е пресудата на “сваровски судиите“ за Урко

Скандалозна е пресудата со која поранешниот телохранител на Никола Груевски, Дејан Митревски - Урко е осуден на условна казна за сообраќајната несреќа во која загина момче, изјави денеска на прес-конференција Стефан Богоев, пратеник и претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ). Според Богоев, ова е уште еден доказ дека „поданиците на поранешниот режим сè уште се привилeгирани и се над...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...