fbpx
Таг: ревизија

таг: ревизија

Ревизија: Еден километар од автопатот Кичево – Охрид чини 9 милиони евра

И покрај дополнителниот заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за шест години, и зголемување на вредноста на договорот за 45 отсто, автопатот Кичево - Охрид уште не е изграден. Ова е најголемата инфраструктурна инвестиција со децениска изградба во државата. Ова го констатирале државните ревиори во извештајот за ревизија на јавното претпријатие за државни патишта. Овој автопат, според ревизорскиот...

Кинески „Синохидро“ ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид

Ноемвриските најави на премиерот Димитар Ковачевски оти е можно да се раскине договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградбата на автопатот Кичево-Охрид не се реализираа. Владата на денешната седница сепак одлучи да потпише анекс на договорот со изведувачот за да се продолжи рокот за изведба на градежните работи, но притоа нема да има ново финансиско задолжување за доградбата и...

Се чека извештај за автопатот Кичево-Охрид, а потоа ќе има одлука за „Синохидро“

Владата допрвo ќе донесе одлука дали кинеската компанија „Синохидро“ ќе продолжи да го гради автопатот Кичево-Охрид, а министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски уверува дека овој проект ќе биде завршен. Во текот на неделава треба да биде доставен извештајот на надзорниот орган и извештајот од ФИДИК-експертите до Јавното претпријатие за државни патишта и до Министерството за транспорт и...

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид, како и препроектирање на 11 нови свлечишта

Откако премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави, Министерството за транспорт и врски денеска потврди дека ќе се изврши ревизија во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но и дека ќе се бара чаре за решавање на проблемот со 11 нови свлечишта кои се имаат појавено долж целата траса и кои ќе треба допрва да се санираат. „Во овој момент, во...

ДЗР: Информацискиот систем во Министерство за земјоделство не е опоравен по сајбер нападот

Информацискиот систем во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не е целосно опоравен по сајбер нападот од октомври лани и не е во состојба да ги преземе податоците од земјоделскиот регистар на Агенцијата за храна и веетеринарство (AХВ). Во МЗШВ и АХВ се користи застарена компјутерска опрема и оперативен систем. Ова се само некои од слабостите кои ги нотирале...

За рекламирање на пописот биле потрошени седум милиони денари, а биле планирани два

Во текот на Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој се спроведе во 2021 година, склучени биле договори за набавка на лаптопи, без да се спроведе соодветна постапка за јавна набавка. Набавена била софтверска апликација за самопопишување без надомест и без притоа да се утврди дали е тоа спонзорство или донација. Освен тоа, за кампања за популаризација на пописот...

MOН: Не смеело да се случат грешки во учебниците, ќе ги бараме причините за пропустите

Министерството за образование и наука (МОН), побарало од Националната комисија за учебници да започне процес за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на учебникот по Историја и општество за 5 одделение, во кој се констатирани низа грешки и нелогичности. Станува збор за неточни тврдења во темата „Население и континенти“, но и очигледно, за лошо преведување на информациите....

Државниот завод за ревизија контра Антикорупциска: Сме извршиле многу ревизии со кои е опфатена Владата

Државниот завод за ревизија (ДЗР) реагираше на наводот од Антикорупциска комисија изнесен во дневникот на МРТ 1 вчера, дека Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ. Од ДЗР наведуваат дека во изминатите 13 години се извршени низа ревизии што го опфаќаат работењето на Владата. Исто така согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата...

Порталб: Работата на Историската комисија може да сруши некои митови и да ги зближи Македонија и Бугарија

Протоколот меѓу Северна Македонија и Бугарија може да произведе позитивни промени на двете страни од границата. Ревидирањето на учебниците и донесувањето одлуки врз основа на факти и докази може да придонесе за отфрлање на некои митови во двете земји, што на долг рок може да придонесе за зближување на двата народа. Што се однесува до отпорот на македонската опозиција...

Народна банка предвидува закрепнување на економијата и раст на БДП од 3,9 проценти

По падот на домашниот бруто-производ од 4,5 проценти минатата година, Народна банка оваа година предвидува постепено закрепнување со раст од 3,9 проценти, односно проекцијата за растот останува непроменета во однос на октомври. „На среден рок се предвидува натамошно закрепнување, со стапки на раст од 3,9 проценти и 4 проценти во 2022 и 2023 година, соодветно. Оваа динамика на раст сепак...

Нема веќе ладно, туку само студено, штекерот е приклучок, а вревата – бучава: Под лупа сите учебници во основно и во средно

Министерството за образование и наука, заедно со Педагошката служба периодов ги ревидира сите учебници во основното и средното образование, вклучително и учебникот по социологија за кој имаше реакции во јавноста заради дел од содржината, информираат оттаму. - Планот за ревизија на учебниците опфаќа проверка на содржината на сите учебници кои се применуваат во основното и средното образование, со приоритетен фокус...

Анализа: Ревизија во општина Струга – сметката блокирана од 2010 та година!

Блокирана сметка, зголемување на финансиски обврски, судски процеси – серија на пропусти, недоследности и постапувања спротивно на позитивната законска регулатива открива државната ревизија во работењето на општина Струга во 2018 година. Наодите од ревизорските извештаи за Струга се однесуваат на период во кој на чело на општината е градоначалникот Рамиз Мерко, пишува во анализата на „Порталб.мк“. “Финансиските извештаи не...

Ревизија во Општина Гостивар откри дека мостот над реката Вардар бил без технички прием

Неповолно или воздржано мислење изразиле ревизорите за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за работењето на Општина Гостивар во 2018 година, пишува „Порталб.мк“ како продолжение на сите досега објавени ревизорски извештаи за работењето на локалните власти. Ризик од исплати на средства врз основа на непотпишани и неодобрени сметководствени документи, нецелосен и неквалитетно извршен попис кој се однесува на земјиште, градежни...

„Интелигентниот надзор“ на Коридорот 10 ја мина ревизијата, следи тендер

Градежниот факултет при УКИМ ја заврши ревизијата на проектната документација за воведување на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот на автопатот од Коридор 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека ревидираниот проект е испратен до Министерството за транспорт и врски, така што следна обврска е распишување на меѓународниот тендер за Интелигентниот...

Само едно од 10 јавни претпријатија има меѓународен стандард за квалитет, 3/4 немаат акт за овластување, 2/3 не одговараат на прашања

Само едно од десет јавни претпријатија има меѓународен стандард за квалитет, три четвртини немаат акт за овластување за носење одлуки, а секое второ нема систем за управување со документи, утврдила анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје, на чиј прашалник за добро управување одговориле само една третина од поканетите државни и јавни претпријатија. Ова истражување ги потврдува наодите...

МИОА има 16 деловни објекти со вредност од по еден денар

Министерството за инфораматичко општество располага со недвижнини за кои нема имотни листови и евидентирани се 16 деловни објекти со вредност од по еден денар за кои Министерството не поседува комплетна документација, утврдиле државните ревизори при контролата на работата на ова Министерство во 2018 година. Во извештајот на ревизорите се вели дека Министерството не располага со имотни листови за 14 објекти...

„Интелигентниот видео надзор“ на автопатот од Табановце до Гевгелија ќе ја чека 2022 година

Наместо да биде распишан годинава, тендерот за воведување на интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10 ќе биде објавен во првата половина од 2020 година. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектната документација за изградба на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот била испратена на ревизија до Градежниот факултет при УКИМ и...

Ревизорите во Министерството за одбрана утврдиле незаконски набавки, нецелосен попис и неосигурен имот

Слабости во системот за јавни набавки во одбраната, незаконитости во набавките, нецелосен попис на имотот и неосигурен имот на Министерството за одбрана и АРМ утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за буџетот на Министерствоот за 2017 година. Ревизорите изразиле неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната...

Раководството на МРТ, делумно и државата, придонеле да се одлеат милиони евра јавни пари

Шокантни се сознанијата од информациите што ги дава Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста за 2017 г. на ЈРП „Македонска радиотелевизија“ – Скопје во смисла на индиции за сериозна неодговорност на раководниот тим на јавниот сервис во поглед на трошењето на парите на граѓаните и негрижата за имотот на јавното претпријатие, пишува „Вистиномер.мк“. Невпишување на...

Македонските дипломати не сакаат оценување на нивната работа

Последното оценување на вработените во Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во странство било извршено во 2013 година, констатираат државните ревизори во најновиот извештај за работењето на Министерството. Поради специфичноста на работењето на директоратите во Министерството и на дипломатско-конзуларните претставништа, од МНР во 2016 година доставиле барање до Министерството за информатичко општество и администрација за изземање од...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...