fbpx
Таг: реторика

таг: реторика

Анализа: Изборен фолклор – каква реторика се очекува во кампањата?

Партиската машинерија на терен – неформалната кампања веќе е во полн ек. Според аналитичарите ова се избори кои ќе траат „најдолго“ бидејќи датумот за нивно одржување е познат седум месеци однапред, пишува во неделната анализа на „Порталб.мк“. По бриселското фијаско, власта реши да ја тетстира својата доверба а опозицијата прифати да влезе во изборен циклус со надеж дека разочарувањето што...

На седницата за уставни измени пак кавги за референдумот и за Договорот од Преспа

Собраниската седница за уставни измени минува во меѓусебни препукувања помеѓу власта и опозицијата за Договорот од Преспа. Од владејачкото мнозинство велат дека имплементирањето на Договорот e за Македонија да излезе од изолација и да има подобра иднина. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Владата нема мандат да го менува Уставот и дека Договорот со Грција не е добро решение. Пратеникот од...

Ѕанакопулос: Топката сега е на теренот на нашиот сосед

Топката во моментов е на теренот на нашиот сосед, кој ќе треба и во практика да покаже дека е промената реториката на Владата што може да доведе до опипливи резултати во односите на двете земји, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос. Во врска со различните позиции на Скопје и Атина во однос на промената на македонскиот Устав, што грчкиот...

МОФ: Агитирањето меѓу млади луѓе за партиски цели мора да престане

„Учениците треба да бидат оставени сами да размислуваат и критички да се изразуваат, а секое наметнување туѓ став врз нив, секое заплашување и злоупотреба најостро го осудуваме. Агитирањето меѓу млади луѓе за остварување партиски цели мора да престане“, се вели во соопштението на Младински образовен форум (МОФ). Оттаму додаваат дека „директорите, професорите и родителите треба да реагираат на секоја намера учениците...

Се интензивира фашистичката реторика во Европа и во САД, оценија ОН

Стандардите за заштита на човековите права во светот се под невиден притисок, соопштија синоќа Обединетите нации, предупредувајќи дека „фашистичката реторика“ станува застапена и во Европа и во САД. Говорејќи во пресрет на Меѓународниот ден за човекови права, кој е одбележува на 10 декември, високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, побара луѓето во светот за се спротивстават на...

„Бомбите“ ја сменија реториката, а политичарите останаа одлепени од реалноста

„Бомбите“ што ги објави опозицијата, покрај што предизвикаа промени на политичката сцена, влијаат и врз реториката на политичарите на предизборните митинзи, кои во овој предизборен период засилено користат националистички термини, но и навреди, сметаат аналитичарите. „Федерализација“, „кантонизација“, „двојазичност“ се дел од најупотребуваните термини од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митинзите. Тој, за овие наводни идни државни процеси го обвинува лидерот...

Хан: Отворете ги границите и стивнете ја реториката

Европскиот комесар за соседска политика, Јоханес Хан, побара од сите држави на Западен Балкан да ги отворат границите за непречен протек на стока и да ја стивнат реториката. - Ги повикувам сите земји на Западен Балкан одговорно да се однесуваат спрема мигрантите, а особено да не ги затвораат граничните премини – рече Хан во пресрет на денешниот самит на Европската унија. Хан рече дека...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...