fbpx
Таг: ресторани

таг: ресторани

Општина Ѓорче Петров бара да не ѝ се верува на „Извесна Ивана“ која нарачувала храна и пијалоци во име на градоначалникот

Општина Ѓорче Петров преку соопштение за јавноста предупреди да не ѝ се верува на извесна Ивана, која во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала или се појавувала во угостителски објекти и порачувала храна и пијалоци, наводно за општината и градоначалникот, а потоа барала фактурите да се испратат на фирми што соработуваат...

АНАЛИЗА: Ручек во ресторан „луксуз“, дрaматични поскапувања во преработувачката индустрија [инфографик]

Речиси не постои сектор, бизнис, дејност, услуги каде не се зголемија крајните цени за граѓаните, пишува Порталб.мк. Во септември годинава, во однос на истиот месец лани, индексот на цени во угостителството е зголемен за фантастични 17,6%, а индексот на цените на крајните производи во преработувачаката индустрија е со раст за 25,8%. Драматично поскапување има и на дел од земјоделските...

Од утре до 21 јануари рестораните ќе работат до 18, а хотелите до 21 часот, забранети се јавни групирања за празниците

Од утре стапува на сила новиот пакет рестриктивни мерки што ги усвои Владата, на предлог на Комисијата за заразни болести, а кои ќе важат до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во престојниот период на празници, потсетуваат од Министерството за здравство. „Угостителите од утре ќе затвораат во 18 часот, наместо во 21...

Работното време на угостителите ќе биде до 22 часот, на една маса може најмногу двајца или четворица од исто семејство

Владата на 57 седница донесе протокол за отворање на рестораните и кафулињата кој предвидува работно време од 08 до 22 часот, наспроти информациите кои претходно на прес-конференција ги изнесе министерот за економија Крешник Бектеши кој информираше дека работното време ќе биде до 20 часот. Владата и Бектеши не беа со усогласени ставови и во однос на лицата кои можат да...

Рестораните и кафулињата од утре ќе работат до 20 часот, на една маса ќе можат да седат најмногу 4 лица

По денешното укинување на полицискиот час, од утре почнуваат со работа угостителските објекти кои имаат летни тeраси. Работното време ќе биде до 20 часот. Притоа ќе мора да се почитуваат препораките за дистанца и за носење заштитна опрема. Како што информираше на прес конференција, министерот за економија Крешник Бектеши, според протоколот на Комисијата за заразни болести, кој предвидува три...

Полицискиот час нема да се укине, по шопинг и во кладилница со маска и во ограничен број

Комисијата за заразни болести ќе испрати предлог до Владата за олабавување на мерките и да се овозможи ставање во функција најпрво на центрите за едукација, испитните центри, спортските обложувалници и затворените трговски центри, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овие дејности би функционирале во часовите во кои е дозволено движење на населението. Засега не се планираат промени...

Филипче: Cвадби ќе има, гостите ќе седат на растојание од два метри

Комисијата за заразни веќе има подготвено протоколи за одржување на различни курсеви, едукации во затворени простори, за јавниот превоз исто така, а во подготовка се и протоколите за работата на ресторани. Освен тоа, во овој период се подготвуваат и протоколи за однесување во училиштата и во градинките, информира министерот за здравство Венко Филипче. - Овие протоколи досега не се финализирани,...

Пост-корона ваучери: Угостители на иновативен начин се справуваат со кризата

Следејќи го примерот на развиените земји каде бројни локали пронајдоа иновативни решенија за да ја преживеат корона кризата, дел од македонските угостители се обидоа самите да си помогнат себеси во пребродувањето на финансискиот удар. Во име на верната соработка и довербата што ја имаат воспоставено со гостите во нивните објекти, некои угостители започнаа акција на социјалните мрежи за продавање...

Познатиот американски бренд за брза храна „КФЦ“ ќе отвори ресторани во Скопје и Тетово

Премиерот Зоран Заев синоќа се сретна со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање на ресторани за брза храна на американскиот бренд „КФЦ“ (KFC - Kentucky Fried Chicken), на која беше најавено отворање на првите два ресторани, во Тетово и Скопје на 14 септември. Инвестицијата е вредна повеќе од 10 милиони евра и согласно подготвениот бизнис план планирано е да се...

Што поскапува во Грција со новите мерки?

Бран поскапувања ја очекуваат Грција летово со изгласаната мерка за зголемување на данокот на додадена вредност на 24 отсто за голем број услуги и производи. Зголемувањето на данокот ќе се одвива во неколку етапи, почнувајќи од јули годинава, па сè до јануари 2018 година. Оваа мерка се очекува да внесе во државната каса 1,8 милијарди евра од поскапувањата на производите и на услугите. Првиот бран...

Годишната инфлација во еврозоната во март била нула

Инфалцијата на годишно ниво во еврозоната во март била непроменета и практично не ни постоела, покажуваат најновите податоци што денеска ги објави статистичката служба на Европската Унија, Евростат. Цените во март не се намалиле ниту се зголемиле, па инфлацијата се задржала на нула. Евростат соопштил дека најголем придонес во инфлацијата дале рестораните и кафулињата, а најголемо негативно влијание имале цените на гасот.

Намалувањето на ДДВ од 18 на 5 отсто ќе ја поевтини храната во рестораните

Министерството за економија сè уште не одговорило на барањето на хотелските и на угостителски работници за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на храната од 18 на 5 проценти. Тие својата иницијатива ја доставиле пред повеќе од шест месеци. - Ова намалување на ДДВ за храна би значело зајакнување на хотелските и на угостителски капацитети и нивен опстанок. Трошоците сега се...

УЈП и МВР со контроли во 15 угостителски објекти во Тетово и во Гостивар

Вчера УЈП, во соработка со МВР, спроведе контрола во 15 угостителски објекти, од кои девет лоцирани на подрачје на град Тетово и шест лоцирани на подрачје на град Гостивар. При контролите, констатирани се нерегуларности и изречени се казнени мерки на 10 угостителски објекти, додека во три угостителски објекти, од кои два во Тетово и еден во Гостивар, не се констатирани...

УЈП контролираше 13 угостителски објекти, затвори два ресторани

Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат во соработка со МВР вчера извршиле контроли во вкупно 13 угостителски објекти. Притоа во три угостителски објекти не се детектирани никакви неправилности. Два угостителски објекти биле затворени, еден ресторан нема да извршува дејност до 7 јануари 2015 година, додека уште во еден ресторан контролата не беше извршена поради претходно...

Угостителите се жалат на високи казни од инспекциските служби

Охридските угостители се жалат на високи казни што ги пропишуваат инспекциските служби. Бараат да се регулира прашањето со пушењето, како и ангажирањето летни, сезонски работници. - И Германија има прво опомена и потоа ќе ти дадат помала казна. А овде, имаш дуќан со стока во вредност од најмногу 600 евра, а казната што треба да ја платиш изнесува 2.500 евра....

Контрола во седум угостителски објекти во Охрид и во Струга

Во функција на откривање прекршоци во врска со законот за пушење, откривање други казнени дела, како и сузбивање на безбедносно негативни појави на подрачјето на општините Охрид и Струга, Секторот за внатрешни работи од Охрид, во координација со Управата за јавни приходи и со Државната пазарна инспекција, синоќа изврши контрола во вкупно седум угостителски објекти во двата крајезерски града. Притоа,...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...