fbpx
Таг: ресторан

таг: ресторан

Не е точно дека Русите во Покровск бомбардирале ресторан во кој се собирал персонал на НАТО

Според она што е официјално објавено, во рускиот ракетен напад на Покровск загинале цивилни лица, а не странски платеници и персонал на НАТО, како што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во нападот биле погодени две станбени згради и еден хотел. Персонал на НАТО не може да се најде во Украина од проста причина што НАТО не учествува...

Македонски Австралиец убиен во ресторан во Мелбурн, напаѓачите избегале

Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачка на забава во еден ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, јавуваат австралиските медиуми. Несреќниот настан се случил во ресторанот „Корзо грил“ во Каролин Спрингс, во раните утрински часови во саботата. Полицијата соопшти дека групата избегала од местото на настанот. Групата заминала пеш од македонскиот ресторан откако жртвата била прободена неколкупати,...

Маж тешко ранет во ресторан во скопско Батинци

Крвава пресметка се случила вчера во скопското село Батинци, при што еден жител на селото е тешко ранет, а полицијата трага по неговите напаѓачи. Како што соопшти полицијата, рано попладнето дошло до тепачка во ресторан во селото, по што противниците излегле надвор и таму продолжиле да се пресметуваат. Во еден момент било стрелани кон 35-годишниот Р.А. од Батинци, при што добил...

Пукање во Чарлстон, напаѓачот се затворил во ресторан

Полицијата во Чарлстон соопшти дека во центарот на градот дошло до пукање и апелираше до граѓаните да се тргнат од таа област. Како што пренесуваат американските медиуми, полицијата упаднала во еден ресторан каде што напаѓачот најверојатно се затворил. Пукањата биле пријавени на улицата Кинг околу пладне по локално време, изјави портпаролот на полицијата Чарлс Франсис во соопштение во кое не се...

Двајца загинати и 55 повредени во експлозија во ресторан во Кина

Најмалку две лица загинаа, а 55 се повредени во експлозија во ресторан во прометна улица во кинескиот град Хангџоу. Според наводите на градската канцеларија за информации, повредените се хоспитализирани, а од нив 12 лица биле со тешки повреди. По експлозијата избил пожар во една од соседните продавници, кој набргу бил изгаснат. Истрагата за инцидентот е во тек, а властите се сомневаат дека до...

Германска полиција: Убиени се девет лица, најмалку 16 се ранети

Нападот во Минхен е дело на поединец, 18-годишен маж кој вчера во попладневните часови отвори оган пред еден ресторан, а потоа и во трговскиот центар Олимпија во Минхен, смета германската полиција. Убиени се девет лица, најмалку 16 се ранети, а убиецот потоа се самоубил, потврди минхенскиот раководител на полицијата Хубертус Андра. Првично ситуацијата во баварската престолнина беше нејасна. Се претпоставуваше, врз...

Поднесено обвинение за физичкиот напад врз Тодор Петров

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Кривичниот суд поднело обвинителен предлог против три лица кои се товарат за физичкиот напад врз претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров. Инцидентот се случи на 27 февруари годинава, по церемонијата на осветување на темелите на 55-метарскиот крст кој треба да биде поставен во општината Бутел. Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетите...

Заложничката драма во Дака заврши со убиство на 20 цивили и на шест милитанти

Заложничката драма во Дака заврши со убиство на 20 цивили и на шест исламски милитанти, кои ги држеа во заложништво гостите во ресторанот „Холи артисан бејкери“. Безбедносните сили на Бангладеш употребија сила за да ѝ стават крај на десетчасовната заложничка драма. Во акцијата биле спасени 13 заложници, а еден од напаѓачите бил уапсен. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.

Кривична пријава за тројца осомничени за напад врз Тодор Петров

Три лица добија кривична пријава од МВР затоа што на 27 февруари годинава во угостителскиот објект „Казабланка“ физички го нападнале Тодор Петров. По извршените консултации со јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е.Б., А.Е. и А.Б. поради основано сомневање дека извршиле насилство, казниво по член 386 од Кривичниот законик. „На 3 март 2016 година, во Полициската станица Бит-пазар, беа...

Шестнаесет загинати во експлозија во Каиро

Најмалку 16 лица денеска загинаа, а двајца се повредени кога во ресторан во Каиро е фрлен молотов коктел, изјавија египетските претставници. Напаѓачот бил работник кој бил отпуштен од ресторан во областа Агуза, во центарот на Каиро. Ресторанот бил сместен во подрум, а работел и како ноќен клуб. Еден претставник претходно рекол дека има 18 жртви.

Кина: 17 загинати во експлозија во ресторан

Седумнаесет лица загинаа во експлозија на гас во ресторан во источниот кинески град Вуху, јавија локалните власти. Експлозијата, која одекнала денеска, предизвикала пожар во малиот ресторан во квартот Џинџу. Вуху се наоѓа во источната кинеска провинција Анхуи.

СДСМ: Зад таканаречената „марина“ се крие приватен ресторан на лица блиски од власта

Зад таканаречената „марина“ или „мало пристаниште“ на најатрактивниот дел од Охридското Езеро, се крие приватен ресторан на лица блиски од власта, обвини денеска од прес-конференција општинското раководство на СДСМ од Охрид. - Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот што им припаѓа на сите граѓани, буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата. Дрскоста...

Охридска вечер во Белград

Од утре до 22 февруари, во Белград се одржува Туристички саем, годинава 37. по ред, на кој ќе учествуваат и претставници на Општина Охрид, како и четириесетина раководители од туристичкиот бизнис-сектор. Во рамките на саемот, во ресторанот „ Језеро“ на Ада Циганлија, ќе се одржи традиционалната Охридска вечер, на која се поканети дипломатскиот кор, познати личности од политичкиот и од јавниот...

За Божик ограбен ресторанот на Новак Ѓоковиќ

Ресторанот на Новак Ѓоковиќ во Белград е ограбен за  Божик, а украдени се околу седум илјади евра. Срѓан, таткото на Новак, ја потврдил кражбата и изјавил дека некои луѓе немаат ништо свето. Прворангираниот тенисер на АТП-листата моментално се наоѓа во Доха, каде е дел од тениски турнир и утре игра четвртфинале против хрватскиот ас Иван Карловиќ.

Скопјанец избоден пред ресторанот „Деспина“

Триесет и четиригодишниот скопјанец Е.А. синоќа добил повреди во пределот на стомакот по расправија со обезбедувањето на угостителскиот објект „Деспина“. Според полицискиот извештај, непознато лице со остар предмет му нанело три убодни рани во пределот на стомакот. Очевидците на инцидентот го пренеле Е.А. во Градската општа болница „8 Септември“, од каде е префрлен во Ургентниот центар - Скопје и е задржан...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...