fbpx
Таг: решенија

таг: решенија

Заев од Аеродром: Промените не се комплетни без промени во општините

Промените не се комплетни без промени во општините во Македонија, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во општина Аеродром. Заев, како и кандидатите за градоначалници на Градот Скопје и на општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, вети проекти и вложувања во инфраструктурата, екологијата, спротот, економијата...

Сакаме паркови, а не згради, порачаа граѓаните на протестот за чист воздух

Со пароли и извици „Сакаме паркови, не згради“ и „Нема воздух, нема мир“, граѓаните на Скопје денеска го одржаа мировниот марш за чист воздух, организиран од Коалицијата О2 и Првата детската амбасада во светот „Меѓаши“, на кои им се придружија уште 18 невладини организации. Протестот почна пред Владата и продолжи преку булеварите Илинден и 8 Септември каде граѓаните се...

Могерини: ЕУ на Балканот може многу да изгуби, но многу и да добие

Балканот е еден од четирите приоритети на надворешната политика на Европската Унија, изјави синоќа високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, на отворањето на конференцијата со амбасадорите на Унијата во Брисел, истакнувајќи дека „како што добро знаат, ЕУ (на Балканот) може многу да изгуби, но и многу да добие“. Могерини на почетокот на дводневното советување...

Димовски и Трајковски остануваат без пасоши, Апелација им ги одби жалбите

Тони Трајковски, актуелениот градоначалник на Гази Баба, и пратеникот во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, остануваат без пасоши и со обврска еднаш неделно да се јавуваат пред служебно лице во суд, откако Апелацискиот суд Скопје ги одби нивните жалби на одлуките на Кривичниот суд да им бидат одредени мерки на претпазливост. Апелацискиот суд, истовремено, ја одбил како неоснована и жалбата...

Заев најави решение за проблемот со колекторот за прочистување на Охридско Езеро

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, доцна вчера попладнето имал одделни средби со в.д. градоначалникот на Општина Струга, Мустафа Забзун, и со градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на кои било разговарано за финансиските и за проблемите со колекторот за прочистување на Охридско Езеро. „Еден од заедничките проблеми за кои стана збор на оваа средба се проблемите...

Бубевски: Одложување на решение за притвор не постои никаде во светот, освен во Македонија

Не постои пример во светот каде се одложува спроведувањето на судско решение со кое е определен притвор, освен во Македонија. Ова е оценката на обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, на ситуацијата во која Горан Грујовски (поранешен началник на петтата управа), Тони Јакимовски (поранешен шеф на кабинет на Сашо Мијалков) и Никола Бошковски (вработен во УБК) нема да...

Град Скопје ќе доставува решенија за присилна наплата на данок на имот

Град Скопје во претстојниот период ќе доставува решенија за присилна наплата на долг за данок на имот и за фирмарина, од физички и од правни лица кои во согласност со законот во предвидените рокови ја немаат намерено својата обврска за 2016 година. „Се известуваат сите даночни обврзници, физички и правни лица, кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение...

СЈО поднесе жалби за одбиените притвори на Груевски, Јанакиески, Протогер и на Јанкулоска

Специјалното јавно обвинителство денеска до Апелацискиот суд Скопје доставило уште пет жалби на одлуките на Кривичниот суд со кои беа одбиени барањата да им биде одреден притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и...

Денеска Владата одржува нова седница

Втората седница на Владата почна во 12 часот. Се очекува и на оваа седница да се расправа за кадровските решенија во министерствата и во институциите. Владата вчера на првата седница ги формираше работните тела и комисии. Премиерот Зоран Заев за вицепремиери ги именуваше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите без ресор Бујар...

Хојт Ји: Од новата влада очекуваме соработка, реформи и решавање на спорот со Грција

„Очекуваме од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со Европската Унија и со САД, со земји - долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на потребните реформи за да може да напредува. Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја и Грција“, изјави заменик-помошникот на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Брајан Хојт Ји,...

Ситуацијата со отпадот во Македонија е очајна, предупредува „Ајде Македонија“

Македонија се наоѓа во очајна состојба во справувањето со отпадот и со можностите кои постојат доколку поинаку се постапува со него, предупредуваат од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, а по повод 22 Април - Денот на планетата Земја. „Ситуацијата со управувањето со отпадот во Република Македонија се карактеризира пред сè како супстандардна и неефикасна, а системот е попречен...

Заев: Од ДУИ добивме документ со решенија за Законот за јазици, работна група го разгледува

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека доцна синоќа од ДУИ добиле документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот. - За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и...

Ахмети: Треба да донесеме добро решение, наскоро ќе има конкретен резултат

Треба да донесеме добро и здраво решение, а секоја брза реакција може да има фатални последици, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по одбележувањето на 16-годишната од конфликтот во 2001 година. Ахмети рече дека во партијата се прават сите анализи, но дека тие „не резултираат со некакви атомски бомби“, туку дека се работи за конкретни прашања кои се однесуваат...

СДСМ: Последните податоци за загадувањето се доказ за несериозноста на Владата

Последните податоци според кои Скопје, Тетово и Битола се во 10-те најзагадени градови во Европа уште еднаш ја докажа несериозноста на Владата во заминување, за решавање на проблемот со загадувањето, велат од СДСМ. „Власта во заминување која ги опустоши зеленилата во урбаните средини и на нивно место градеше згради заради остварување лични профити ја наруши циркулацијата на воздухот и ја...

УЈП присилно ќе ја наплаќа радиодифузната такса од граѓаните

Управата за јавни приходи (УЈП) најави дека присилно ќе ја наплаќа радиодифузна такса од граѓаните кои се најдоа на листата на должници. Станува збор за 85.790 граѓани кои УЈП ги повикува најдоцна до 13 септември да си ги подигнат решенијата за присилна наплата. Имињата на граѓаните кои нема да ги подигнат решенијата, ќе бидат објавени во Службен весник, по што ќе...

Тачи не верува во одржување на лидерска средба

„На лидерската средба што се најавува за деновиве нема што да се понуди за излез од кризата. Таква средба би била несериозна и не верувам дека ќе се одржи“. Ова на брифинг со новинарите, го изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по синоќешната ифтарска вечера, која традицонално ДПА ја одржува во Тетово. Решението за излез од политичката криза, според Тачи, е...

Тачи по средбата со Хајндл: Обидите да се оживее Договорот од Пржино може да завршат неуспешно

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, не е преголем оптимист дека обидите на меѓународната заедница и на специјалниот пареник на германскиот министер за надворешни работи, Јоханес Хајндл, ќе завршат успешно и додава дека „враќањето на старата власт е најголемиот проблем што сега го имаме“. - Не сакам да излезам политичар кој нема надеж за понатаму. Инсистирањето на...

Заев – Хајндл: Потребна е влада што ќе спроведе брзи и регуларни избори

Начините за излез од политичката криза биле тема на разговор на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на специјалниот пратеник на сојузниот германски министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл. На средбата било истакнато дека постои согласност дека решението на политичката криза е во реализацијата на обврските од Договорот од Пржино од страна на...

Тачи – Даниелсон: Единствен излез од кризата е вистински политички дијалог

Причинителите на кризата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со еднострани и неодговорни одлуки за прашања кои беа дел до преговорите и за кои требаше да се постигне консензус меѓу најголемите политички партии, со посредство на претставниците на САД и ЕУ, истакнал претседателот на ДПА, Мендух Тачи на денешната средба со директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон. „Единствен...

Груевски со Даниелсон: Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е нормализирање на состојбата

Актуелната влада има легитимен мандат до 2018 година, но како партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена тие да се одржат и порано доколку опозицијата изрази подготвеност да излезе и се соочи со граѓаните, посочил претседателот на владејачката партија, Никола Груевски на денешната средба со директорот на директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. На средбата, на која двајцата соговорници размениле мислења...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...