fbpx
Таг: решавање

таг: решавање

Коѕиас: Груевски глумел дека не сака решение за името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас изјави дека „поранешниот македонски премиер, Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името“. Оваа реакција на Коѕиас следува по информациите што ги објави „Викиликс“ дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името. - Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со...

Коѕиас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија

Надворешната политика на нашата влада е активна, демократска и повеќедимензионална. Во овие рамки, го решивме прашањето што официјално постои веќе 25 години, а вистински, најмалку 70 години, да се запре спорот за името со Северна Македонија. Ова денеска го изјави шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, на прес-конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија,...

На граѓаните треба да им помогнеме, а не да им одмогнеме вели Заев за реакцијата на Иванов

Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со соопштението од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. - Ние политичарите треба да им служиме на граѓаните и треба да градиме соработки,...

Иванов: Несериозно е прашањето за името да се решава преку телефон

Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов, оценува дека вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев, дадена во емисијата „Топ тема“, дека евентуалното отфрлање на договорот со Грција ќе ги загрози перспективите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО и ќе ги зголеми внатрешните опасности, претставува „очаен обид за манипулација на јавноста и наведување на македонските граѓани во пресрет на евентуално...

Заев: Нацрт-спогодбата со Грција содржи само технички аспекти, за деталите ќе разговараме

Премиерот Зоран Заев, за посетата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас изјави дека ваквите билатерални средби може да бидат само од помош на преговарачкиот процес кој се води под водство на ОН со Метју Нимиц. Тој додаде дека средбата е возвратна на посетата на нашиот министер Никола Димитров кој ја направи летово во Солун. - Оваа средба е...

Руско МНР: Балканските држави не треба да се тераат да брзаат кон ЕУ

Принципиелен став на Русија е дека најкомлицираните проблеми во регионот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови - без никакво надворешно мешање. „Ова се однесува на прашањата за границите, темата со именувањето на Македонија, и особено ситуацијата со Косово“, изјави портпаролката...

Каменос не верува дека проблемот со името ќе се реши до Самитот на НАТО

Лидерот на Независни Грци и актуелен министер за одбрана, Панос Каменос не верува дека до Самитот на НАТО ќе се исполнат сите предуслови за решение на проблемот со името, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Според него, преговорите ќе траат долго и потребно е да се направат уставни промени поради „иредентистичките позиции“. Неговата партија не отстапува од позицијата, во името да не биде...

Османи: Постои консензус терминот Македонија да се најде во можното решение за спорот за името

Постои консензус, терминот Македонија да го има во која било варијанта во решавање на спорот за името, Грција го прифаќа тоа, но се уште не треба да влегуваме во таа расправа, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија „24“, по неговото враќање од Атина и средбите со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и со заменик-министерот...

Османи – Коѕиас: Имаме историска шанса да го решиме спорот за името, да не ја пропуштиме

Оваа, 2018 година, претставува историска шанса за надминување на недоразбирањето околу употребата на иметот на нашата земја, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешните средби со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи на Грција, Јоргос Катругалос во Атина. - Како политичари кои ја добиле...

Заев не размислува за предвремени избори, туку за реформите и за спорот за името

Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи сè уште се во тек локалните, а наш приоритет е тие да завршат комплетно регуларно и веродостојно, како и во првиот круг оти само тогаш Македонија победува, изјави премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ. Заев рече дека на резултатите од изборите гледа...

МПЦ-ОА: Договорот со Бугарија може да помогне во решавањето на црковните прашања

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, покрај регулирањето на општествената сфера, можат да помогнат и во решавањето на отворените црковни прашања, се вели во соопштението на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) по денешната седница на Светиот архиерејски синод. „Во оваа јубилејна година за МПЦ – ОА, владите на Република Македонија и на Република Бугарија објавија акт за...

Заев – Коѕиас: Ако Македонија се придвижи напред, тоа ќе биде добро за целиот регион

Само позитивен пристап во решавањето на отворените прашања меѓу државите, со меѓусебно почитување и разбирање, е иднината на регионот, истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, кој денеска е во посета на Македонија. На сребата, која, како што соопштија од владината прес-служба, поминала во пријатна и во конструктивна атмосфера, Заев и Коѕиас се заложиле...

Османи ќе му го претстави планот „3-6-9“ на Коѕиас

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, утре ќе биде во официјална посета на Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Од МНР велат дека посетата на Коѕиас е продолжение на дијалогот помеѓу двајцата министри, во рамки на кој се опфатени перспективите на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и други прашања од заемен интерес. Димитров денеска...

Османи побарал од Рот вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска на државниот секретар на Mинистерството за надворешни работи на Германија за европски прашања, Михаел Рот му ја пренел иницијативата на македонската Влада за стратешко партнерство меѓу Германија и Македонија и побарал вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името. Османи на средбата со Рот, стои во соопштението од неговиот кабинет, го истакнал...

Стејт департмент: Договорот за добрососедство ќе придонесе за стабилност на регионот

Соединетите Американски Држави им честитаат на Македонија и на Бугарија за потпишување на Договорот за добрососедство и за пријателство, се вели во соопштението на Стејт департментот. „Овој важен, прогресивен договор ги препознава веќе силните врски помеѓу двете земји и отвора врата за уште поблиска соработка, која се проширува и во други области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто одби предлог за решавање на проблемот во Струга

Наместо да покажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто уште во 2013 година гласаше против предлогот на пратениците на СДСМ за трајно решавање на проблемот со струшката депонија, порача СДСМ во одговор на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата на власт беше обвинета за незаинтересираност и за неспособност за решавање на проблемот на стружани. „ВМРО-ДПМНЕ 11 години го игнорираше овој,...

Околу 15.000 Курди во Стразбур побараа ослободување на Абдула Очалан

Околу 15.000 луѓе денеска се собраа во Стразбур на годишниот собир на Курдите во Европа, на кој демонстрантите побараа автономен статус за Курдистан и ослободување на нивниот лидер Абдула Очалан, јавуваат агенциите. Полицијата во Стразбур навела дека на собирот имало меѓу 12 и 15 илјади луѓе. Демонстрантите во Стразбур пристигнале од Германија, како и од делови на Франција, Белгија...

Меѓународна конференција за работни спорови се одржува во Охрид

Меѓународна конференција за мирно решавање на работни спорови се одржува во Охрид. Работните спорови можат да произлезат од колективните договори или индивидуални спорови поврзани со отпуштање од работа или неисплата на плата. Нивното решавање е регулирано со посебен закон, кој стапи на сила од почетокот на 2015 година. Основната цел на законот е да им овозможи на работниците и на работодавците...

ИДСЦС: Преодна влада за решавање на политичката криза

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) се обрати до меѓународната заедница, претседателот Ѓорге Иванов и до политичките лидери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, со конкретни предлози за решавање на политичката криза кои, според институтот, ќе овозможат поцелисходна имплементација и одржливост на реформските чекори. „Уставниот суд треба да ја преиспита одлукaта за распуштање на Собранието, како и одлуката за распишување предвремени...

Во Грција тивок оптимизам дека преодна влада би била поволен соговорник за компромис за името

Би можела ли потенцијалната преодна влада во Македонија да помогне да се раздвижат во позитивна насока врските со Грција? Весникот „Етнос“ пренесува оценки од грчкото министерство за надворешни работи дека преодната влада би можела да помогне да се направи чекор напред во преговорите за името и полесно да се дојде до формула што би била прифатлива и за двете страни. Сепак,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...