fbpx
Таг: Ресен

таг: Ресен

Нивото на Преспанското Езеро непрекинато опаѓа, бавно се спроведуваат мерките за заштита

Водите на Преспанското Езеро не престануваат да се повлекуваат, а штетните последици од губењето на езерските води засега недоволно ги алармираат одговорните власти за преземање конкретни чекори кои ќе водат кон заштита на второто по големина природно езеро во земјава. Кога Мета.мк во август лани пишуваше на оваа тема, водостојот на Преспанското Езеро кај мерната станица Наколец изнесуваше 842,33 mнм...

Притвор за жител на Ресен под сомнение дека силувал шестгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Според соопштението на обвинителството, постои сомнение дека ресенчанецот на 2 јуни извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со...

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер утрово во битолско-преспанското подрачје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрирала земјотрес на 106 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Битола. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 6.15 часот, а имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.

Земјотрес во Грција тресеше со 4 степени во Битола, Ресен, Охрид и Струга

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, вчеравечер регистрирала земјотрес, чиj епицентар се наоѓа 170 km јужно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот се случи во 23.31 часот, а бил со локална Рихтерова магнитуда ML4.7. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите...

Ќе се бара кривична одговорност за мајката на седумгодишното дете кое вчера настрада во пожар во Гостивар

Ќе се проверува евентуална кривична одговорност за мајката на настраданото седумгодишно детенце вчера, во пожарот во зграда во Гостивар. Од ЈО Гостивар информираа дека С.Т. од Ресен синоќа била приведена во полициска станица, под сомнение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“ и дека се преземаат дејства за утврдување на евентуална кривична одговорност. Се очекува таа да биде...

Велосипедска тура во Ресен за спортисти со попреченост

На 7 и 8 септември годинава во Преспа се одржа велосипедска тура за спортисти со попреченост во организација на Здружението на граѓани за адаптивни спортови и рехабилитација „Рекреакција“ и партнерите, Здружение на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, Здружение на граѓани со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Здружението „Преспа Бајк – Ресен“. На Велосипедската тура...

Прераспределбата на средства во буџетот скрати пари за железницата, браната Отиње и за канализации

Одлуката на владата за прераспределба на дел од средствата од државниот буџет меѓу буџетските корисници на централната власт доведе до намалување на овогодишните средства со кои располага Министерството за транспорт и врски за околу 5,1 милиони евра, се наведува во одлуката објавена во Службениот весник. Најголеми кратења има кај ставките инвестиции во железничката инфраструктура (околу 1,6 милиони евра) и...

Мотоциклист од Охрид загинал кога удрил во паркиран автобус

Во сообраќајна несреќа кај охридското село Косел, вчера животот го загубил 32-годишниот охриѓанец Љ.Ј., соопшти СВР Охрид. Несреќата се случила околу 17.15 часот на магистралниот пат Охрид - Ресен, кај Косел. Сега загинатиот охриѓанец управувајќи мотоцикл „јамаха“ удрил во задниот дел на паркиран автобус „мерцедес“ со кочански таблички и го загубил животот. Полицијата извршила увид заедно со Јавен обвинител, а телото...

Алијансата за позитивна Македонија се преименува во ПОЕН

Алијансата за позитивна Македонија донесе одлука да се преименува во Партија за општествен и економски напредок, скратено ПОЕН, и воедно да почне процедура за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка. Како што соопштија од партијата предводена од Рубин Земон, на седница на главниот одбор оддржана во Ресен, за нов претседател на одборот е избран Димитар Илиевски и...

Одблокиран процесот на обесштетување на земјоделците за непогодите во 2016 година

Владата на Република Македонија денеска го усвоила Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочувајќи дека тоа значи дека е одблокиран процесот за исплата на обесштетувањата на земјоделците кои во 2016 година претрпеа штети во земјоделското производство од пролетниот мраз, град...

Во Охридско и ноќеска земјотреси

Ноќеска на само единаесет минути пред полноќ во Охридско-ресенскиот Регион, според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, се случил земјотрес со магнитуда од 3 степени по Рихтер, кој бил на длабочина од 2 километри. Потоа во 49 минути по полноќ се случил уште еден земјотрес, со магнитуда од 2,3 степени и на длабочина од 2 километри. Вчеравечер во 18.58 и 18.59 часот во истиот...

Нов земјотрес на северот од Галичица

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени се случил во 12.13 часот на северниот дел на планината Галичица. Епицентарот бил на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри северно од селото Јанковец, а потресот се случил на длабочина од 2 километри, известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотрес со сила од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала обично едвај се чувствува од...

Два земјотреса почувстувани утрово во Охрид и во Ресен

Два земјотреси со умерен интензитет утрово се случија во југозападниот дел на Македонија, односно во охридското епицентрално подрачје. Првиот, кој бил посилен, е регистриран во 2.01 часот, додека вториот со послаб интензитет - во 8 часот изутринава. Според податоците на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на двата земјотреси се лоцирани во подрачјето меѓу градовите Охрид и...

Жбогар и „ЕУ за тебе“ утре во Ресен

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, утре ќе биде во посета на Ресен, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, каде ќе се сретне со градоначалникот Ѓоко Стрезовски и ќе го посети средното училиште „Цар Самоил“, кое беше направено енергетски ефикасно со пари од ЕУ. Жбогар ќе ги посети и местата опфатени од проектот „Иновативни практики во заштитата...

Тешко повредено дете најдено покрај пат, полицијата се обидува да го идентификува

Дванесетгодишно момче со тешки телесни повреди и во бесознание вчера попладне било пронајдено на регионалниот пат Охрид - Ресен. Полицијата го истражува случајот и се обидува да го идентификува детето. Детето, како што соопштија денеска од полицијата, се наоѓа во Ургентниот центар Скопје и е во животна опасност. Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Стефан Димоски, за „Мета“ вели дека...

Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на Владимир Талески

Градоначалниците на Охрид, Прилеп, Босилево, Кривогаштани, Ресен и на Новаци денеска застанаа во одбрана на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој е осомничен во случајот „Транспортер“ за малверзации со превозот на ученици во Битола. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, тврди дека Талески е чесен и искрен градоначалник и, пред сè, многу добар човек, кој не би ги прекршил законите на Република...

Се санира регионалниот пат Битола – Ресен – Буково

Во тек е санација на регионалниот пат Битола - Ресен - Охрид, а во моментов се врши асфалтирање на коловозот по превојот Буково во правец од Охрид кон Ресен. Станува збор са санација на коловоз со должина од 27 километри. Инвестицијата е вредна шест милиони евра, a работите треба да завршат до септември годинава.

Оглас за распределба на 18 социјални станови во Ресен

Оглас за електронска распределба на 18 социјални станови лоцирани во зграда на улицата Обиколна, бр. 6, во Ресен објави денеска Министерството за транспорт и врски. Станбено необезбедени жители на Ресен од седум социјално најранливи категории можат да поднесат апликација за стан до 14 јануари следната година. Предност при добивање стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа, односно полнолетни лица што до осумнаесеттата...

Битолчанец осомничен за тешка кражба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднела кривична пријава против 21-годишниот битолчанец Е.М., кој се товари за тешка кражба. Според полицијата, осомничениот кон крајот на јуни, оваа година, провалил во куќа на улицата Јосиф Јосфовски во Ресен, од која украл 47.000 денари.

Од куќа во Ресен украдени два пиштола и пари

Вчера во Ресен, на улицата Кочо Рацин, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќа во сопственост на Г.А. (69), од каде одзел пиштол марка „берета“ калибар 6,35 милиметри и пиштол „модел 27“ калибар 7,65 милиметри, кои оштетениот ги поседувал со дозвола, како и 2.000 евра и 30.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...