fbpx
Таг: републиканци

таг: републиканци

Вашингтон Пост: Европските партнери на САД стравуваат дека изборите може да ја секнат поддршката за Украина

Сојузниците на САД во Европа стануваат сѐ позагрижени дека заедничкиот фронт на Западот насочен против руската инвазија на Украина би можел бргу да се намали ако Републиканците победат на парламентарните избори следниот месец, со што би му се овозможила предност на рускиот претседател Владимир Путин токму во времето кога Украина остварува напредок на бојното поле, пишува американскиот весник „Вашингтон...

Републиканците и демократите од Конгресот го отфрлија барањето на Трамп за одложување на изборите

По вчерашниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој постави прашање за одложување на претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, претставниците на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес децидно го отфрлија ваквото барање. - Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и граѓанска војна, никогаш сме немале ненавремено одржување на изборите и ќе...

Трамп: Демократите ми дадоа „убав подарок“ за првиот јубилеј како претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите заради тоа што американската влада е во финансиска блокада. -Демократите се многу позагрижени за илегалните мигранти отколку што ги загрижува нашата војска или безбедноста на нашата јужна граница – напиша Трамп на „Твитер“. Тој потенцираше дека „лесно можеле да се договорот, но дека одлучиле да одат на блокада“. Освен тоа тој на „Твитер“ потенцираше дека...

Директорот на ФБИ ги отфрли нападите на Трамп

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, ги отфрли нападите на претседателот на САД, Доналд Трамп, наведувајќи дека „нема пофина институција од ФБИ“, јавуваат светските агенции. Реј денеска сведочеше пред правосудниот совет на Претставничкиот дом на САД, додека демократите и републиканците се расправаа околу важноста на нападите на Трамп упатени кон федералната полиција. Пред неколку дена американскиот претседател преку...

Трамп го нападна лидерот на републиканците во Сенатот поради „Обамакер“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, поради неуспехот во укинувањето на законот за здравствена заштита (Обамакер) и донесувањето нов закон, јавуваат американските медиуми. Трамп го обвини Меконел дека е виновен за неуспехот на републиканците, кои имаат мнозинство во Сенатот, да го укинат законот за здравствена заштита што го воведе претходниот...

Уште еден неуспешен обид на републиканците да го повлечат „Обамакер“

Американскиот Сенат, во кој републиканците се мнозинство, повторно го отфрли предлогот за повлекување на законот на поранешниот претседател Барак Обама, „Обамакер“. Републиканеците Џон Мекејн, Сузан Колинс и Лиса Мурковски гласаа против отфрлањето на законот за здравствена заштита што го воведе претходниот американски претседател. Предлогот е отфрлен со 51 спрема 49 гласа. Ова е трет неуспешен обид неделава на републиканците да го...

Нова шлаканица за Трамп – републиканците го спасија „Обамакер“

Американскиот Сенат, во кој републиканците имаат мнозинство, го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп да се повлече Законот за здравствена заштита (познат како Обамакер) на поранешниот претседател Барак Обама. Седум републиканци синоќа им се приклучија на демократите во Сенатот и предлогот е отфрлен со 55 гласа на спрема 45 гласови „за“. Ова е вторпат неделава републиканците да не успеат да...

Пропадна обидот на републиканците да го заменат „Обамакер“

Републиканците во Сенатот на САД не успеаја да ги соберат неопходните 60 гласови за целосна или делумна замена на Законот за здравствена заштита (Обамакер). Сенатот го отфрли предлог-законот со 43 гласа „за“ и 57 „против“, од кои девет гласа беа од редовите на републиканците. Сенаторите гласаа за отворање дебата за новиот републикански закон за здравствена заштита, што се смета за...

Републиканците и демократите постигнаа договор за санкции кон Русија

Претставници на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за широк пакет санкции кон Русија. Како што се наведува, целта на тој пакет санкции е Москва да биде казнета за наводното мешање во минатогодишните претседателски избори во САД и заради руската воена агресија во Украина и во Сирија. Конгресменот на Демократската партија во Претставничкиот дом, Стен...

РТЛ: Макрон и Жипе постигнаа договор за формирање влада

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон и еден од лидерите на конзервативната партија на републиканците (ЛР), Ален Жипе, вчера постигнале договор за формирање нова влада на Франција, јави радиото РТЛ. Владата, која би била формирана в понеделник, ќе биде предводена од актуелниот градоначалник на Авр, републиканецот Едуар Филип. Таа би ја водела земјата до предвремените парламентарни избори закажани за 11 и 18...

Трамп и републиканците не успеаја да ја воведат замената за „Обамакер“

Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ненадејно го повлекоа нацрт-законот за реформи во здравствениот систем поради недоволен број гласови. Претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, го повлекол предлог-законот од дневниот ред, откако Трамп побарал од него да ја запре расправата и гласањето за спорниот предлог-закон. За новиот закон беа потребни 216 гласови од 430 пратеници во Долниот дом, кој...

Уништено локално седиште на републиканците во САД

Локалното седиште на Републиканската партија во Јужна Каролина е уништено во текот на ноќта откако бил фрлен молотов коктел, соопштија властите во градот Хилсбороу и додадоа дека немало жртви. Молотовиот коктел е фрлен низ прозорецот, додека напаѓачите на соседната зграда испишале графит „Републиканците се нацисти. Напуштете го градот“. Локалниот републикански претставник, Далас Вудхаус, изјави дека „за среќа нема жртви“ и притоа го овалификува...

Апсења во Кливленд поради обид за палење на американско знаме

Полицијата во Кливленд уапси 18 лица по кошкањето со демонстрантите, кои синоќа се обидоа да запалат американско знаме во близина на влезот на арената каде се одржуваше конвенцијата на републиканците, соопштија властите. Инцидентот се случил синоќа, а двајца уапсени се обвинети за напад на полицаец кој се обидел да им го одземе знамето, соопшти шефот на полицијата во Кливленд, Калвин...

Трамп и официјално е претседателски кандидат на републиканците

Доналд Трамп сега и официјално е кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, јави „Си-ен-ен“, пренесувајќи ги резултатите од гласањето на републиканската конвенција. Трамп освои доволен број делегати за номинација и убедливо е во предност во однос на Тед Круз. Трамп засега има повеќе од 1.720 делегати, со што ја мина долната граница, односно минимум 1.237 делегати за номинација. Вкупниот...

Хилари Клинтон со убедлива победа во Вашингтон

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, победи на последните внатрепартиски избори на демократите во Вашингтон и сега подготвено ќе ја чека партиската конвенција, која треба да се одржи кон крајот на јули во Филаделфија. На конвенцијата Клинтон и официјално треба да ја добие номинацијата за кандидат за претседател на САД на Демократската партија. Клинтон на изборите во Вашингтон освоила речиси...

Трамп ги повика републиканците на единство

Извесниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, ги повика републиканците на единство. Тој ги предупреди дека нивните места во Конгресот би можеле да бидат во опасност ако не го поддржат. Обраќајќи се на илјадници луѓе на митингот во Тампа, Флорида, Трамп го нарече Мит Ромни, претседателскиот кандидат на републиканците на претходните избори, „камено ладен губитник“ затоа што не...

Кејсик се откажа, Трамп останува републикански кандидат за претседател

Милијардерот Доналд Трамп обезбеди републиканска номинација за претседателски кандидат, јавуваат американските медиуми. Сенаторот од Охајо, Џон Кејсик, одлучи да се повлече од трката, што значи дека Трамп повеќе нема партиски противкандидати, пишува „Би-би-си“. Во редовите на републиканците, по објавата на веста настана општ хаос, па многумина на социјалните мрежи порачаа дека ќе се откажат од републиканското членство, палејќи ги партиските книшки. Други,...

Тед Круз се повлече од трката за номинација за републикански кандидат за претседател

Сенаторот од Тексас, Тед Круз, кој се бореше за номинација на републиканците за кандидатура за претседател на САД, објави дека се повлекува од трката за Белата куќа по победата на милијардерот Доналд Трамп на внатрепартиските избори во државата Индијана. – Со огромно жалење соопштувам дека ја прекинувам кампањата - изјави Круз пред своите приврзаници во Индијанаполис. Претседателот на националниот комитет на...

Трамп: Акцијата на Круз и на Кејсик е безнадежна

Кандидатот за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, ја оцени одлуката на своите противкандидати, Тед Круз и Џон Кејсик, како „безнадежна“. „Леле, штотуку е соопштено дека Тед лажгото и Кејсик се обединиле во обид да ме спречат да ја добијам кандидатурата“, напиша Трамп на „Твитер“. Штабовите на кандидатите за републиканската номинација, Круз и Кејсик, синоќа објавија дека почнуваат заедничка стратегија. Круз ќе ги...

Круз и Кејсик заедно против Трамп

Штабовите на Тед Круз и на Џон Кејсик, кандидати за републиканска претседателска номинација, соопштија дека почнуваат заедничка стратегија за да оневозможат Доналд Трамп да добие номинација. Штабовите на Круз и на Кејсик издале соопштенија во кои се наведува дека Круз ќе ги фокусира ресурсите за победа во Индијана, додека Кејсик ќе се фокусира на западните држави, меѓу Орегон и Њу Мексико. Трамп...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...