fbpx
Таг: Република Илинденска Македонија

таг: Република Илинденска Македонија

Република Северна Македонија со македонски јазик и идентитет, велат грчките медиуми

Грчките медиуми, веќе објавуваат точки од наводниот договор за името што го постигнале македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Како што тврдат медиумите, договорено е името Република Северна Македонија (на англиски Republic of North Macedonia) за севкупна употреба. Употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира. Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки...

Заев: Не преговараме веќе за Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија беше одбиен и од грчката страна, и од македонската опозиција, и поради тоа не можеше да се продолжат преговорите со тоа име, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието поставено од ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за името. - Блиску сме до можно решение во спорот за името со Грција. Треба да бидеме внимателни да...

На референдум, 61,5 отсто од граѓаните би гласале против Илинденска Македонија

Мнозинството граѓани - 61,5 отсто - би гласале против на референдум за името Република Илинденска Македонија, покажа анкетата спроведена од „М-проспект“ во соработка со МЦМС. Со „не” би гласале мнозинството од етничките Македонци односно 70,5 отсто. Големо мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ исто така не би го подржале овој предлог односно со „не“ би гласале 92,7 проценти. Етничките Албанци во...

Ципрас: Преговараме врз основа на имињата предложени од Нимиц

Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од медијаторот Метју Нимиц, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во Парламентот, одговарајќи на критиките упатени од лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, во врска со името „Република Илинденска Македонија“. Грчкиот премиер на Мицотакис му возвратил дека владата јасно и навремено излегла со став,...

Алијанса за Албанците: „Илинденска“ е удар врз секуларизмот и славизирање на државата

Алијансата за Албанците на вчерашната седница на Централното претседателство, последниот предлог „Република Илинденска Македонија" за решение на спорот за името со Грција, го нарече тенденција да се славизира името на државата и тежок удар врз секуларизмот. „Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е бескомпромисна стратегиска и политичка определба на Алијансата за Албанците. Таа го повторува својот став дека е...

Коѕиас: Да прифатиме еден од предлозите на Нимиц

Грција ја поддржува потребата да се прифати име од предлозите на Нимиц, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во изјава за грчките дописници од САД, по средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува МИА. Со оваа изјава и Коѕиас индиректно го отфрли името „Република Илинденска Македонија“, исто како што Грција отфрли и еден од петте предлози на медијаторот...

Милошоски: Бараме од МНР увид во списите за предлогот за името

Собраниската комисија за надворешни работи денеска од МНР побарала списи за предлогот за решение на спорот за името што во саботата официјално го соопшти премиерот Зоран Заев, Република Илинденска Македонија, соопшти претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски. -Многу е тешко да се изгради став кога немаме предлог и затоа сакаме како Комисија за надворешна политика да побараме од министерот за надворешни работи...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...