fbpx
Таг: реновирање

таг: реновирање

Легализирани 100 домови и реновирани 12 во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“

Изработени детални урбанистички планови, легализирани 100 домови и реновирани 12 домови се дел од постигнатите резултати на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“, кој здружението Хабитат Македонија го спроведе со општините Велес и Шуто Оризари со финансиска поддршка од Европската Унија. На завршниот настан беа презентирани постигнатите резултати од проектот кој започна да се реализира кон крајот на 2020...

МОН: Ќе интервенираме во студентските домови почнувајќи од онаму каде што е најитно

По барањето на претставниците на студентите за подобрување на условите во студентсктие домови, Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ќе интервенира почнувајќи од оние студентски домоги каде што е најитно. Од МОН додаваат дека веќе се добиени проекти од Германската банка за развојни политики во вредност од 24 милиони евра и дека дел од студентските домови се...

По минатогодишниот бојкот, почна реновирањето на училиштето во Одри, но не се знае кога ќе продолжи

Во основното училиште во село Одри, општина Теарце, само два дена пред почетокот на учебната година, старите прозорци беа заменети со нови. Ова беше направено како резултат на бојкотот на родителите во текот на изминатата година. Меѓу барањата на родителите и ветувањето на општината беше и поправка на парното и тоалетите, но овие две работи уште не се завршени,...

Oтворен реновираниот хируршки ургентен центар

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, заедно со министерот за здравство Беким Сали и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска го отворија реновираниот Хируршки ургентен центар во Скопје. Директорот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски, ја потенцираше важноста од...

Порталб: Тетовскиот стадион во катастрофална состојба, никој не ја презема одговорноста

Скршени стакла, расфрлени отпадоци насекаде и графити, сето тоа остава лош впечаток и праќа лоша порака, пишува Порталб.мк. Како што објави медиумот на албански јазик, ова се само дел од елементите што го идентификуваат градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи ја ветува од 2013 година. Според Порталб, Арифи го повторила истото ветување и во...

Порталб: Во Тетово реновирана железничката станица после 70 години, но нема кој да патува од неа

По неколкудецениско доцнење, Железничката станица во Тетово е целосно обновена и таа доби поинаков изглед, имајќи предвид дека ова беше место каде досега се криеја кучиња скитници, корисници на дрога и пред само неколку месеци беше покриено со прашина. Директорот на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Фестим Халили, потенцираше дека овој проект чинел вкупно 7,3 милиони денари...

Отворен Ургентен центар, реновирано акушерското и амбулантскиот оддел во Прилеп

Денеска во Прилеп е пуштен во работа нов Ургентен центар, реновиранo e акушерскoто oдделение и амбулантскиот оддел во општата болница „Борка Талески“. Со овој проект квалитетна и брза здравствена заштита ќе добиваат не само граѓаните на Прилеп, туку и од поширокиот регион. - Во центарот ќе има амбуланта за преглед на пациенти, просторија за реанимација за згрижување на рани, како...

Реновирани сите блокови во домот „Гоце Делчев“, само мензата е стара половина век (галерија)

Блокот В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се целосно реконструирани и пуштени во употреба. Денеска во посета на реновираните објекти беа техничкиот премиер Оливер Спасовски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорот на Државниот студентски центар Дарио Николовски. - Намерата на оваа Влада е да работи во насока на подобрување на студентскиот стандард. Овие...

Годинава ќе се инвестираат над 31,7 милиони евра во железничката инфраструктура

Почеток на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка, завршување на изведбата на железничката делница Куманово - Бељаковце и почеток на реконструкцијата на железничките станици на Коридорот 8 се трите главни проекти што планира да ги реализира Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во 2020 година. Во изградба, реконструкција и надградба на железничката инфраструктура за годинава се...

Се варосуваат училници, се дезинфицираат клупи, се фарбаат радијатори

Неколку дена пред почетокот на учебната година, вработените во основните училишта и во градинките на големо се дезинфицираат работните површини и простории. Ова се прави затоа што во текот на учебната година, санитарните инспектори констатирале низа неправилности и недостатоци. Според нивните извештаи, не се прави превентивна дезинфекција, инвентарот е дотрајан, подовите оштетени, ѕидовите неваросани, а не се прави ниту дератизација. Бистрица...

За 34 здравствени установи низ земјава ќе се набавуваат 1.300 кревети и 700 телевизори

Министерството за здравство ги објави двата тендера за реновирање на 34 здравствени установи низ земјава, како и за набавка на 1.300 болнички кревети и 700 телевизори за потребите на овие установи. Тендерот за набавка на градежно - занаетчиски работи ќе опфати комплетно молерисување на здравствените објекти, поправка и репарирање на внатрешните врати и прозорци и замена на зидните и...

Зимскиот центар „Попова Шапка“ за речиси еден век сменил шест сопственици

Зимскиот центар „Попова Шапка", уште во 1924 година е дестинација за планинарите на тогашна Југославија, со што уште на почетоците станува познат центар, а славата набргу се шири низ светот. Но, иако некогаш тука се инвестирало многу, центарот денес е претворен во јалова долина, пишува „Порталб“. Недостиг на инвестиции, нема жичница со шест седишта, има недостиг на места за паркирање,...

Скелето стои со месеци, фасадата на „Цветан Димов“ во Чаир сè уште не е завршена

Проектот на Град Скопје за реконструкција на фасадите во средните училишта во Скопје заглави во средното училиште „Цветан Димов", бидејќи скелето е поставено уште во октомври, но досега ниту еден работник не се појавил да започне со работа, известува „Порталб“. Информацијата ја потврдува директорот на училиштето, Висар Дураку, кој вели дека нема сознанија зошто работите не се започнати. - Скелето за...

Поранешниот градоначалник на Демир Капија повикан на разговор во Финансиска полиција

Поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев, ќе биде кривично гонет заради продажба на општински објект на негов роднина, јави „Алсат - М“. Според телевизијата, во периодот 2008-2009 година, објектот бил реновиран со 500.000 евра од ЕУ, а потоа бил продаден на роднина на градоначалникот Димитриев, за сума од 32.500 евра. Како што дознава „Алсат-М“, по продажбата, објектот бил...

Дел од Хематологија во Клинички центар ќе се префрли на Дерматологија

Клиниката за хематологија во скопскиот Клинички центар поради реновирање од 1 август ќе префрли дел од одделите во просториите на Клиниката за дерматологија, односно во „Машки оддел“ во објектот на Интерни клиники. Како што соопштија од Хематологија, таму ќе бидат преселени амбулантите и шалтерот.

Почна првата седница на новата Влада

Почна првата седница на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Половина час пред почетокот на седницата, новинарите имаа можност да го разгледаат ентериерот на зградата на Владата, која првпат беше отворена за јавноста по нејзиното реновирање. Отворени беа и трите главни влеза од оградата на владината зграда, за која Заев најави дека ќе се бара законско решение и мислења...

ВМРО-ДПМНЕ: Терапијата која пациентите порано ги чинела 8.000 евра сега е бесплатна

Не се очекува СДСМ да поздрави нешто што е во прилог на граѓаните, а особено на пациентите кои страдаат од карцином, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. - Во времето на СДСМ пациените чекаа по една година за хемотерапија и немаше ниту еден лек на позитивна листа. Крајно лицемерно е СДСМ да зборува за здравството кога...

Герила-акција во Прилеп: Со парите од палмите можеше да се реновира болницата

Граѓани и активисти од Прилеп, Скопје, Велес, Ресен и од Гевгелија спроведоа улична акција против непотребните трошења на власта. Со пораките што активистите ги закачуваа на палмите, упатија порака до власта дека парите од граѓаните треба да се трошат за потребите на граѓаните. „Во време кога луѓето страдаат, купувањето палми е луксуз и глупост“, велат граѓаните. Активистите во Прилеп на палмите оставија порака дека...

При крај е реновирањето на блокот Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Во студентскиот дом „Гоце Делчев“, во блокот Б, завршени се градежните активности, а следната недела се очекува набавката на мебелот, информираше заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. По целосната реконструкција на овој блок, се очекува и реновирање на блокот А. Ристовски информираше дека во фаза на подготовка е и проект за другите два блока, како и за мензата во домот. Целосното завршување на реконструкцијата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...