fbpx
Таг: Ректорат

таг: Ректорат

Вработени на УКИМ нa мирен протест побараа повисоки плати

УКИМ
Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска пред Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одржа мирен протест изразувајќи незадоволство од, како што велат, влошената материјална положба на вработените. Претседателот на Сојузот на синдикати, проф. д-р Ангел Ристов кажа дека никогаш во историјата на УКИМ состојбата на вработените на Универзитетот не била како денес. „Бевме трпеливи и имавме...

Куманово со најзагаден воздух вчера

Енормна загаденост на воздухот беше регистрирана вчера и ноќеска на голем број мерни места во Македонија. Според присуството на ПМ10 честички најзагаден воздух вчеравечер имаше Куманово, со 264 микрограми на кубен метар воздух, по што следуваше мерното место Битола 1 со 205, и Миладиновци со 183 микрограми. Максималната дозволена вредност е 50 микрограми ПМ10 честички на кубен метар воздух. Во Битола...

„Студентски пленум“: СПУКМ трошел на телефонски сметки, патувања и на забави

Огромни суми од буџетот на Студентскиот парламент се трошеле криминално, неодговорно и несолидарно, обвинија од „Студентски пленум“. Како што велат од пленумот, парите се потрошени за телефонски сметки, забави, авионски билети и за плати на луѓе со истечен мандат или чии функции не постојат според статутот на организацијата. Според финансискиот извештај кој денеска го обелодени пленумот, во 2014-2015 година, СПУКМ располагал...

„Студентски пленум“ закажа собир пред Ректорската управа

Студентите од „Студентски пленум“ утре, во 8 часот, ќе се соберат пред Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ), каде што е закажана вонредна седница по повод случувањата околу изборот на нов студентски лидер. Тие ги повикуваат своите колеги да дојдат на седницата и да го споделат своето мислење околу изборот на новиот претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКМ), Давор Поповски. Студентите,...

„Студентски пленум“ го блокира влезот пред Ректоратот на УКИМ

Претставници на „Студентски пленум“ во моментов го блокираат влезот на Ректоратот на УКИМ, каде за денеска во 10 часот е најавена седница на која би требало да се избира нов ректор, јавува „Нова ТВ“. Студентите го блокираат влезот за сите вработени, бидејќи, како што тврдат, ректорот ќе се избира со 10 гласови на 10 студентски претставници кои не се легитимни. Тие велат...

„Студентски пленум“ пак го блокира Ректоратот на УКИМ, ректорот им ветил средба

Поради тоа што не беа разгледани барањата на „Студентски пленум“ во рокот што неговите претставници го побараа, студентите денеска повторно го блокираа влезот на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. „Како што е веќе познато, нашите барања не беа разгледани во разумен рок. Затоа денеска, доследни на нашиот збор, студенти од „Студентски пленум“ повторно дојдоа да ја блокираат работата на Ректоратот. По...

„Студентски пленум“: Има најмалку три други локации за изградба на барокните факултети

Изградбата на објектите за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и за Факултетот за физичка култура е неопходна затоа што студентите студираат во нечовечки услови. Но, сепак, се поставува прашањето дали овие факултети мораше да се изградат баш на оваа локација, сметаат претставниците на „Студентски пленум“. - Освен тоа што се исекоа 47 дрвја, има и други нелогичности околу изградбата...

Ректоратот ослободен, вработените на своите работни места

Врабoтените во Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска се на своите работни места затоа што судентите од „Студентски пленум“ ја прекинаа блокадата пред влезот. Дел од вработените велат дека утринава немало никаква блокада и непречено дошле на своите работни места. За денеска во 11.30 часот, преставниците на „Студентски пленум“ и на „Мугра“ имаат закажано прес-конференција пред Ректоратот за нивните...

Студентите го блокираат Ректоратот, вработените чекаат во бифето

„Студентски пленум“ и Младинската организација „Мугра“ од утрово го блокираат Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во знак на револт за исечените дрвја во кампусот на факултетите. „Во знак на револт, студентите на Универзитетот „Кирил и Методиј“ објавуваат прекинување на работата на Ректоратот“, најавија утрово од „Студентски пленум“. Протестот почна уште во саботата, неколку часа откако екипи на...

Работна група ќе подготвува нов закон за високо образование

Работна група составена од претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), вклучувајќи ги и „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“, како и претставници на Министерството за образование и наука (МОН) во наредните 30 дена ќе прави анализа на состојбите, од која потоа треба да произлезе нов закон за високо образование, е заклучокот од денешната неколкучасовна дебата меѓу засегнатите страни во просториите...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...