fbpx
Таг: реконструкција

таг: реконструкција

Анализа: Наместо „метла“ – крпче за полирање порцелан

Реконструкцијата на Владата, односно „метлата“ на премиерот Зоран Заев се сведе на крпче за полирање порцелан, наместо да биде она што навистина би требало да биде, сеопфатна реконструкција на Влада која би имала смисла и причина. Листата на министри за разрешување се сведе на тројца, откако останатите четворица си поднесоа оставки како последица на претходни договори или со нив...

Тевдовски се враќа на Економскиот факултет

Драган Тевдовски, кој вчеравечер беше рарешен од Собранието од позицијата министер за финансии, откако беше прифатен предлогот на премиерот Зоран Заев за реконструкција на владата, преку својот Фејсбук-профил објави дека се враќа на академската кариера на Економскиот факултет. Иако Заев претходно најавуваше дека ќе го задржи Тевдовски како еден од неговите наблиски советници, Тевдовски сепак реши да се врати на...

Предлогот за новите министри денеска ќе се достави до Собранието, Заев ќе биде и министер за финансии

Премиерот Зоран Заев денеска го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата, што денеска се доставува до Собранието. Заев соопшти дека на Собранието ќе го предложи за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој доаѓа од самото министерство и е дел од тимот на досегашниот министер Љупчо Николовски. За министер за животна средина...

Нема да се изместува трасата на експресниот пат Штип – Кочани

Izvor: Vlada na RM
Археолошкиот локалитет што беше пронајден на трасата на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на кочанското село Жиганци, најверојатно нема да ја помести проектираната траекторија. Работниците на кинески „Синохидро", кои се изведувачи на работите пронајдоа ранохристијанска базилика, по што Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип и Јавното претпријатие за државни патишта потпишаа договор за археолошките...

Летово кон Грција ќе се вози по целосно реконструиран автопат

Реконструкцијата на автопатот Неготино - Демир Капија во двата правци е завршена и делницата долга 15,4 километри деновиве е пуштена во сообраќај по целата должина. Проектот вреден над 5 милиони евра доцнеше со изведба неколку месеци. - Се појави дополнително свлечиште, при што и тоа се санираше во должина од 300 метри - информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие...

Заев има потврда за средба со Меркел, но не открива датум и место

Премиерот Зоран Заев денеска најави уште една средба со германската канцеларка Ангела Меркел, за што веќе има потврден термин, но тој не откри кога и каде би се одржала средбата. - Мене ми е драго што е испратена порака за точен термин за состанок со канцеларката Меркел. Овој успех е и на канцеларката Меркел и на земјите членки на ЕУ,...

Булеварот „Партизански одреди“ од наредна недела ќе се реконструира

Градот Скопје од наредната недела ќе ја почне реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од раскрсницата со булевар „8 - ми Септември“ до мостот Обединети нации. За да не се предизвикува поголем сообраќаен метеж, обновата на коловозот на оваа сообраќајница ќе се одвива фазно. - Сообраќајниот проект е изработен и истиот е предаден во СВР Скопје и очекуваме да...

По осум месеци од поставувањето на скелињата, почнаa работите на фасадата на „Цветан Димов“

По осум месеци од монтирањето на скелињата околу средното училиште „Цветан Димов“, ветената реконструкција на објектот во Чаир, почна дури вчера. Почетокот на работите го објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пренесува „Порталб“. Шилегов рече дека фасадата ќе има посебен визуелен стил, во кој доминира стакло. -Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно...

Анѓушев: До крајот на мандатот на оваа влада, ќе се инвестира во Попова Шапка

На денешната прес-конференција, заменик-премиерот Анѓушев вети дека до крајот на мандатот на оваа влада ќе се знае судбината на Попова Шапка и ќе се најде инвеститор за реализација на истата, извести „Порталб“. -За време на мандатот на оваа влада, ако ништо друго, јас сум оптимист дека барем ќе најдеме инвеститор за тоа да се случи. Иако центар, како овој, не...

Заев и Ахмети се договорија да се фатат за „метлата“

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ Ахмети вчера имаа средба, на која договориле да започне процесот „за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати“. Од владиното соопштение се дознава дека вчера тие веќе зборувале за одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт. Двајцата лидери се договориле да почнат консултации во...

Кочани ќе се задолжува за изградба на нови патишта и улици

Општина Кочани во вторник ќе одржи јавна расправа, на која очекува да ги слушне предлозите на граѓаните за тоа како да ги искористи заемот од близу 45,5 милиони денари од Светската банка. Овие пари целосно се наменети за изградба на нови патишта и улици во градот Кочани и населените места. Дополнително 12 милиони денари, општината од Светска Банка ќе добие...

Анализа: Метлата на Заев не мете во дворот на Ахмети

„Операцијата метла“ којашто премиерот Зоран Заев ја најави уште во април - веднаш по првиот круг од претседателските избори, ќе „заигра“ во јуни. На удар ќе бидат арогантните и неодговорни кадри,  како и оние кои се вплеткале во непотизам и се дел од предметите на Антикорупциската комисија.  Премиерот ова го обелодени по враќањето од кусиот одмор со другарите  во странство,  кој некако несреќно се совпадна...

Заев на почетокот на јуни ќе ги објави смените на функционерите

На почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а крајот на јуни ќе почне и по вертикала во општините каде државата е претставена со одредни државни институции, одговори премиерот на новинарско прашање за најавените промени. Тој посочи дека се работи за неколку министри, заменици-министри и директори. - Сè уште сме во...

Сугарески: Се работи на 90 проекти во должина од 700 километри и вредност од 850 милиони евра

Во моментов се работи на преку 90 проекти, патишта, мостови и патарини со вкупна должина од преку 700 километри и вредност од повеќе од 850 милиони евра, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на увидот во реконструкција на регионалниот пат Драчево - Орешани - Таор. „Само преку Јавното претпријатие за државни патишта во првиот квартал реализирани се...

Железничкото депо „Лисиче“ делумно обновено со заем од ЕБОР

По три години изведба, целосно е обновена една од халите во железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Со 2 милиони евра се обнови работилницата за поправки и одржување на моторни возови и локомотиви, додека за останатите објекти од овој комплекс нема предвидено средства за реконструкција. Од Железници - Транспорт велат дека не се предвидени понатамошни зафати со подигнатиот заем од Европската...

Комплетно е реновирана родната куќа на Блаже Конески во село Небрегово

Заврши реконструкцијата на родната куќа на основоположникот на современиот македонски јазик, граматика и правопис, Блаже Конески во селото Небрегово, во општина Долнени. Според информациите од „Завод и Музеј“ во Прилеп, извршено е комплетно препокривање на објектот. -Ставени се нови, камени плочи увезени од Грција. Овој проект е дел од редовната Програма на нашата установа за минатата година, финансиран со милион денари...

Рокада во Владата: Ќахил и Ахмедовски излегуваат, а Хасан и Бајрам влегуваат

Со почеток во 14 часот денеска, Собранието ќе гласа за предлогот на премиерот Зоран Заев да бидат разрешени министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил и министерот за имплементација на Стратегијата за Ромите, Аксел Ахмедовски, а потоа за изборот на нивните заменици. За нови министри премиерот ги предлага Елвин Хасан за странски инвестиции и Музафер Бајрам за имплементација на Стратегијата за...

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против Никола Тодоров и Панче Кралев

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Никола Тодоров - поранешен министер за образование и наука и Панче Кралев, исто така поранешен министер за образование и наука и две други лица од тоа министерство, поради основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување при јавната набавка на договорот за градење...

На пролет ќе заврши изградбата на конаците на манастирот Трескавец

Најдоцна вo март следната година ќе заврши изградбата на конаците на манастирот Трескавец кај Прилеп, коишто изгореа во пожар на 4 фебруари 2013 година. Според директорот на Завод и Музеј- Прилеп, Благоја Атанасоски, годинава интензивно се работело на реконструкција на конаците, според проект којшто го враќа нивниот автентичен изглед од 19. век, кога прв пат биле изградени. - Освен градежните работи...

Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид

„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период. „„Долни Сарај“ која е една од најубавите сцени во градот ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет кои учествуваат на најреномираниот музичко-сценски фестивал во...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...