fbpx
Таг: реконструкција

таг: реконструкција

До 2040 година ќе ни требаат 1,5 милијарди евра за енергетска ефикасност на зградите (инфографик)

На Македонија ќе ѝ бидат потребни минимум 1,5 милијарди евра до 2040 година за реконструкција на постојните станбени, комерцијални и јавни објекти за спроведување на мерките за енергетска ефикасност, укажува најновата „Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година“. Во Стратегијата се наведени три сценарија за периодот до 2040 година - референтно, умерена транзиција и зелено,...

Од утре времен сообраќаен режим на Пластичарска улица

Град Скопје извести дека поради реконструкција на т.н. „пластичарска улица“, од утре на оваа прометна сообраќајница ќе има времен сообраќаен режим. Истовремено, од саботата поради изградба на кружен тек кај Поликлиниката Чаир, изместени се трасите на линиите 9,19, 35 и 81. На „Пластичарска„ утре ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница...

Собранието го усвои Законот за енергетска ефикасност, власта и опозицијата се скараа кој помалку сработел во областа

Собранието на денешната 131 седница со 55 гласови „за“ го усвои Законот за енергетска ефикасност. Пратениците од власта и од опозицијата се испокараа околу тоа која власт подолго го одолговлекувала донесувањето на ваквото законско решение, со кое Македонија како една од последните земји во Европа добива посебен закон што ја регулира енергетската ефикасност. Пратеникот Зоран Илиоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ потенцираше...

Македонски парадокс: Се расфрламе со струја, по загадување сме први, а последни по енергетска ефикасност (инфографик)

Терминот „енергетска ефикасност“ во Македонија е несериозно сфатен, како од властите и инвеститорите, така и од самите граѓани. Земјава е на самото дно во Европа по спроведувањето на мерки за намалување на потрошувачката на енергија, чиј износ е најзагрижувачки во делот на загревањето на домовите во зимскиот период. Како последица на ова, македонските градови редовно се наоѓаат на светскиот...

Енергетски ефикасните реконструкции на станбениот фонд ќе чинат над 500 милиони евра (инфографик)

Промената на прозорците и вратите во станбените згради, заедно со изведбата на нови фасади и поправките на кровните конструкции, можат да донесат пониски сметки за греење и ладење на македонските домаќинства во просек и до 40 отсто. Но, за да се извршат енергетско ефикасни реконструкции на целокупниот станбен фонд во земјава е проценето дека ќе бидат потребни над 500...

Почна реконструкцијата и проширувањето на Пластичарската улица во Скопје

Градот Скопје денеска ја почна првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица. Градежни работи на оваа сообраќајница ќе се изведуваат на потегот од клучката кај Бит - пазар до влезот во касарната „Илинден“, на вкупна должина од 1.440 метри. Увид во градежните активности на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и...

Без Фонд за енергетска ефикасност и инвестиции, ќе нема намалување на аерозагадувањето

Македонската влада догодина треба да започне со користење на 25 милиони евра кредит од Светската банка со кој е предвидено до 2025 година да се изврши реновирање на околу 100 јавни објекти на локално и централно ниво преку примена на мерките за енергетска ефикасност. Од Министерството за финансии за „Мета.мк“ велат преку проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор...

Започна реконструкцијата на Мостот на поезијата во Струга

Почнаа градежните работи за реконструкција на најпознатиот мост во Струга - Мостот на поезијата, каде што секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата и од каде произлегува и самото име на мостот. Реконструкцијата на овој мост на реката Црн Дрим е многу важна, не само поради фактот што служи како клучна точка за поврзување на писателите ширум светот, но...

Лабораторијата која го мери загадувањето се реконструира, акредитацијата најрано догодина (видео)

Просториите во кои е сместена Централната лабораторија на Министерство за животна средина и просторно планирање, со децении запоставена и неакредитирана за методите на работа со кои располага, до крајот на годинава требаат да бидат реконструирани и адаптирани. Неодамна беше објавен оглас за јавна набавка во вредност од 41 илјада евра за реконструкција и адаптација на просториите во кои е...

Заев од Тетово се пофали со патиштата, градинки и училишта

Нови училишта, градинки, патишта, се дел од работите со кои се пофали вчера премиерот Зоран Заев, говорејќи на проширената владина седница во салата на Советот на општина Тетово. На седницата присуствуваа градоначалниците на општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино. Премиерот Заев како завршени проекти ги наведе изградбата на филтер станицата на водоснабдителниот систем во Тетово и...

Во охридски училишта се менуваат азбестни покриви додека се одвива наставата

Во неколку основни училишта во Охрид и околината се одвиваат градежни работи за промена на постоечките азбестни табли со лимен покрив во период додека се одвива настава во објектите. Револтирани и загрижени родители за здравјето на своите деца кои посетуваат настава во ОУ „Христо Узунов“ реагираат за начинот на кој се изведува реконструкцијата на кровот на училишната зграда, посочувајќи дека...

Бројот на граничните премини со Бугарија не одговара на потребите на граѓаните и бизнисот

Новата програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија 2021-2027, според најавата на македонското Министерство за локална самоуправа, ќе биде насочена кон изградба и развој на транспортната поврзаност помеѓу двете земји. Во источниот дел на државата, целиот промет на луѓе и стоки се одвива преку единствениот премин Делчево – Станке Лисичково, кој е преоптоварен особено за време на празници и...

Пречекорен рокот за асфалтирање на последниот километар Тетово – Попова Шапка

Иако на 5 септември годинава, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во рок од две недели последниот километар од патниот правец Тетово-Попова Шапка ќе се асфалтира, ова ветување не е одржано и патот до денес остана неасфалтиран. Од министерството известуваат дека министерот Бектеши во текот на неделата ќе ја посети Попова Шапка за да ги следи работните активности на...

Невладиниот сектор загрижен поради кратењето на буџетските средства за образование

Граѓанските организации од земјава изразуваат загриженост за намалувањето на финансиите во секторот образование со ребалансот на овогодинешниот буџет. Образованието се наоѓа на третото место според висината на скратените средства со буџетскиот ребаланс. Како што се наведува во соопштението на 14 граѓански организации, најмногу се крати во високото образование – 329 милиони денари, по што следува ставката „инвестиции во образованието“ –...

Градежништвото со севкупен позитивен пораст во август

Расте бројот на издадени одобренија за градење, на предвидената вредност на идните објекти, но и на бројката на станови што допрва ќе се градат. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е за 2,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење,...

Се реконструира стариот, ќе се гради нов пат од Струмица до бугарската граница

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско - бугарската граница кај граничниот премин Ново Село. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица - Ново Село. Регионалниот...

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит – пазар ќе трае еден месец

Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков, на потегот од раскрсницата кај Судска палата до клучката Бит - пазар во Општина Чаир. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов изврши увид во градежните работи на оваа делница. Тој појасни дека сообраќајницата ќе се реконструира во должина од 1.350 метри во двете насоки. Рокот за завршување на работите...

Уште една недела сообраќајни гужви на мостот Гоце Делчев во Скопје

До 19 август треба да заврши времениот сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев во Скопје, кој поради реконструкцијата, изминатиов период редовно предизвикуваше сообраќаен метеж. Од Градот Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден, сообраќајот на потегот од Мавровка кон Влада ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива...

Реконструкцијата на Партизанска ќе заврши викендов

Булеварот Партизански одреди е главна сообраќајна артерија, а ние завршуваме со нејзината реконструкција во потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до мостот Обединети нации за помалку од месец дена, информираше денес на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. „Токму овој потег беше во очајна состојба, со оштетен коловозник и претставуваше вистинска опасност. Очекувам до крајот на овој викенд во целост...

Бектеши: Регионалниот пат за Шапка ќе биде реконструиран, општината треба да ги поправи локалните

Реконструкцијата на патот Тетово - Попова Шапка започна и работите се во тек, ова го најави министерот за економија, Крешник Бектеши, пред неколку дена. Екипа на „Порталб“ беше на терен и виде дека таму се работи. Од друга страна, Граѓанската иницијатива "Да ја спасиме Попова Шапка" реагираше со коментар дека само се означуваат дупки со црвена боја, пренесува „Порталб.мк“. Рехабилитацијата...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...