fbpx
Таг: реконструкција

таг: реконструкција

Булеварот „В.С Бато“ во Тетово уште не е завршен, но граѓаните го користат

Проектот за булеварот „Видео Смилевски - Бато“ во Тетово, за кој парите беа обезбедени во август 2019 година, иако започна да се користи, сè уште не е завршен и не може официјално да се пушти во употреба. Покрај осветлувањето, на овој булевар се очекува да бидат изградени тротоари и зелена површина, а тој, пак, да биде продолжен до населбата...

Проектот од 500.000 илјади евра за булеварот „Илирија“ во Тетово на суд

Булеварот „Илирија“ во Тетово никако не го добие изгледот што го вети градоначалничката Теута Арифи. Работите што започнаа од 2017 година сè уште не се завршени, а проект ги чинеше граѓаните 500.000 евра. Една од причините поради која граѓаните сè уште не можат да го видат главниот градски булевар добро уреден е тоа што компанијата што требаше да ги...

По ГТЦ, Домот на градежници ќе го добие вториот зелен покрив во Скопје

Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот - покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило...

Автопатот Тетово – Гостивар полн со дупки, ќе се проектира неговата реконструкција во 2022 година

Иако се наплаќа патарина, на автопатот Тетово - Гостивар се вози по брановиден и оштетен асфалт, кој е полн со дупки и нерамнини со кои се отежнува движењето на возилата. Делницата долга 22 километри меѓу двата града се нарекува автопат, но на одредени нејзини сегменти се вози со ограничување на брзината до 80 километри на час. Автопатот Тетово -...

Реконструиран булеварот „8 Септември“, завршува сезоната на реконструкциите во Скопје

Екипите на Град Скопје во рок од 30 дена ја завршија реконструкцијата на булеварот „8 Септември“, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, а со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница, соопшти градската управа. На овој булевар е извршена комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена...

Обезбедени средства за реконструкција на Универзална сала во постојниот облик и габарит

Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на парламентарното мнозинство на предлог на Владата, за реконструкција на Универзална сала се предвидоа 120 милиони денари буџетски средства. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти плановите на Град Скопје за реконструкција на објектот на Универзалната сала. - Со обезбедувањето на буџетските средства конечно се создадени услови за...

Поранешното „Матично“ во Центар ќе се пренамени во мултимедијален младински центар

Со реконструкција на поранешниот објект „Матично“, Општина Центар ќе го отстапи просторот за реализација на програмските активности на Младински центар, кој покрај основната цел ќе претставува и мултимедијален центар подобен и за други содржини во интерес на младите, информираа денеска градоначалниците на Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, како и претставници од Сојузот на извидници на...

Шилегов: Универзална сала нема да се руши, ќе се реконструира

Универзална сала нема да се руши, туку таа ќе се реконструира, а нова концертна сала ќе се гради на друга локација. Ова го изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на седницата на Советот на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи. „Постојниот објект ќе се реконструира, во сегашниот облик и...

Реконструирани пумпните станици во Трпејца и Љубаништа

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС „Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“). Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување DIN 1988 и DIN EN 806 за транспортирање на вода од напоен до...

Се реконструира автопатот Петровец-Катланово, граѓаните бараат да се работи навечер

Јавното претпријатие за државни патишта ја започна реконструкцијата на автопатската делница Петровец-Катланово на патниот Коридор 10. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи на проектот вреден 7,2 милиони евра. Градежните екипи работат на рехабилитација на коловозот во вкупна должина од 10 километри во двата...

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта ќе соработуваат за намалување на загубите на вода

Со грант од околу 122.000 евра добиен од Western Balkans Green Center (WBGC), ЈП Водовод и канализација – Скопје, во соработка со Водовод Будимпешта ќе го реализира проектот за „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во Скопје, главниот град на...

Ќе се реновира Специјализираната болница за хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични, респираторни, неспецифични и алергиски лекувања Отешево. Поводот за посетата е 40 години од отворањето на установата и најава за нејзино реновирање. Во присуство на директорот на болницата, Александра Пили и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, министерот Филипче најави реконструкција на трите павиљони...

Град Скопје апелира да се користат алтернативни рути за влез, додека се реконструира булеварот Александар Македонски

Град Скопје информира дека во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа апелираат, граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. „Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани,...

Со 85 милиони евра од странски фондови ќе имплементираме енергетска ефикасност во земјава (инфографик)

Македонската влада и локалните самоуправи во наредниов период ќе имаат на располагање околу 85 милиони евра обезбедени од странство за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава. Станува збор за покрупни проекти на национално ниво за коишто се издвоени позначајни финансиски средства, при што дел од нив веќе се во фаза на реализација, а дел сè уште се...

Железничките станици во Тетово, Гевгелија и Скопје се реконструираат, патници на станиците нема

Трите железнички станици во Тетово, Гевгелија и Скопје годинава е предвидено да се санираат со финансиски средства обезбедени од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во Тетово во тек е темелна реконструкција на станичната зграда, со која ќе се обноват чекалната, билетарата, санитарните јазли и останатите простории во рамките на железничката станица, а предвидена е и санација...

Во Гинекологија Чаир после 40 години целосно се реновирани двете операциони сали

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир првпат по четири децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали. Станува збор за реконструкција на простор со површина од 420 квадратни метра, со целосно реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно реновирање на одделот за реанимација и интензивно лекување,...

Град Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булевар АСНОМ и Пластичарската улица

Градските власти викендов ја завршија првата фаза од реконструкцијата на булеварите АСНОМ и Никола Карев (Пластичарска улица), информираат од Град Скопје. Булеварот АСНОМ е реконструиран и проширен на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак. „Проширениот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на...

Почна реконструкцијата на ски-лифтовите на Пониква

Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, денеска започна реконструкцијата на ски-лифтовите во зимско-рекреативниот центар Пониква кај Кочани. Со зафатот ќе се опфатат два ски-лифта, на кои ќе им бидат реконструирани машинските и електричните делови, при што ќе бидат променети влечните јажиња, котвите, а ќе се и изврши ремонт на моторите. Во текот на работите комплетно ќе се...

Милано ќе реконструира улици за да овозможи повеќе простор за велосипедисти и пешаци

Северниот италијански град Милано и околниот регион Ломбардија кои беа особено погодени од пандемијата на корона вирусот, воедно се и меѓу најзагадените области во Европа. Како последица од справувањето со вирусот, Милано ќе го промени уличниот простор за автомобили, со цел да овозможи повеќе простор за велосипедизам и прошетки, пишува „Гардијан“. Градските власти веруваат дека со оваа мерка ќе го...

Владата одвои 1,2 милиони евра за поефикасно функционирање на Клиничкиот центар

Владата на вчерашната седница ја донесе Уредбата со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за време на вонредната состојба, информираат од владината прес-служба. Со оваа уредба се утврдуваат финансиски средства во висина од над 1,2 милиони евра за обезбедување на поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...