fbpx
Таг: реки

таг: реки

УХМР: Можни се излевања на реките

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците. Оттаму велат дека обилните врнежи и истекувањата на водите можат да предизвикаат појава на свлечишта и на одрони. „Врнежите што паднаа во текот на ноќта, освен во западните делови на повисоките сливни подрачја, незначително влијаеа на водостојот на водотеците во земјава. Новите врнежи кои се очекуваат во текот...

Во поплавите во Кина исчезнаа 181 лице

По повеќедневните обилни дождови, нивото на водата во централните и во источните делови на Кина почна да опаѓа. Поради надојдената вода, реките пробија брани, ги поплавија градовите и селата, го сопреа јавниот превоз, а најмалку 181 лице загинале или се исчезнати. Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги посетил најзагрозените подрачја повикувајќи ги локалните власти да се справат со поплавите, да ги...

Опасност од поплави во Бугарија

Бугарскиот Национален институт за хидрологија денеска соопшти дека од утре се очекува значително зголемување на нивоата на реките во Западна Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Во соопштението на институтот се наведува дека е неопходно „зголемено внимание“ на реките. Ваквото предупредување се должи на зголемениот обем на врнежи во Бугарија, што може да предизвика пораст на нивоата на реките во следните два дена.  

Поплави во Србија, во некои општини прогласена е вонредна состојба

Обилните врнежи од дожд во Србија предизвикаа излевање на реките и поплави. Вонредна ситуација е прогласена во општините Арлија и Лучани, каде што се излеале реките Моравица и Бјелица. Во овие две општини поплавени се повеќето сообраќајници, домови, фабрики и училишта. Нивото на водата во реките е зголемено и во ужичкиот крај, а во некои области поставени се и насипи. Надлежните органи и спасувачките...

Излеани неколку реки во Македонија

Поради обилните врнежи од дожд, неколку реки денеска повторно се излеале од своите корита и повторно поплавиле земјоделски површини, домови и импровизирани објекти, пренесуваат медиумите. Како што пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница, во Кавадаречко се излеала реката Луда Мара, кај селата Глишиќ и Марена, каде под вода биле лозови и овошни површини, а поплавени биле и пластеници. Водата од реката...

Три реки се споија и однесоа мост кај Свети Николе

Водите од три реки се споија и го урнаа мостот на Светиниколска Река, кој ја поврзува населбата Ливадиште со Свети Николе. По уривањето на мостот, се создало свлечилиште, што се урнисало врз една куќа и ја поплавило. Дел од жителите од населбата превентивно ги евакуирале децата на сигурно. Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, изјави дека загрозени биле повеќе...

Опаѓа нивото на реките, водата се повлекува

Водата од поплавените места се повлекува, а нивото на реките се намалува. Штетите предизвикани од поплавите допрва ќе се проценуваат. Метереолозите за наредните денови најавуваат нови врнежи од дожд. Нивото на Вардар во Велес денеска опаѓа, со што е надмината опасноста од поплави по вчерашните врнежи од дожд, информираат од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес. Оттаму велат дека и...

Водостојот на реките намален, се санираат штетите

По обилните врнежи од дожд, водостојот на реките низ Македонија се намалува, а екипи расчистуваат на местата каде што имаше излевања, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Големи штети се предизвикани во Лакавичко, каде без струја се селата Лакавица и Лесковица, a водата во Штип е забранета за пиење. Од Општина Штип велат дека ја следат состојбата со водостојот на реките...

Големо невреме во Гевгелија

Силно невреме, проследено со силен дoжд, град и со ветер ги зафати денеска Гевгелија и околината, предизвикувајќи големи штети, прекин во сообраќајот и оштетени мостови. Поради обилните врнежи, но и топењето на снегот на Кожув Планина, надојдените води во Конска Река го поплавија мостот на влезот во гевгелиското населено место Моин и предизвикаа прекин во сообраќајот. Во претпладневните часови, никој...

Под лупа загадувањето и климатските промени во Источна Македонија

Присуството на фосфор и на нитрити во реките во Источна Македонија, останува да биде главен проблем. Во водите на реката Брегалница има повеќе од дозволеното присуство на кадмиум, манган, олово и на бакар. Поради тоа, состојбата со водите не може да се оцени како добра. Ова е заклучокот од анализите во рамките на обемниот Проект за управување на речниот...

Поплави во Кумановско, се излеале три реки

Три реки на територијата на општина Куманово се излеале, по обилните врнежи вчера и денеска наутро и поплавиле куќи, фарми, паркиралишта и пешачки патеки, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. - На територија на општина Куманово има излевање на Липковска Река, кај локалитетот „Водовод“, каде што се поплавени дел од паркиралиште со возила и пешачки патеки што служат за пристап...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...