fbpx
Таг: рекација

таг: рекација

Гарет: Договорот да се спроведе поскоро и со добра волја

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, како и неговиот американски колега, Џес Бејли, одлучи реакцијата за постигнатиот договор на лидерите на четирите политички партии по точките од Договорот од Пржино, да ја сподели на својот твитер-профил. „Синоќешниот договор за владините функции е добредојден чекор напред. Сега е потребно да се спроведе што е можно поскоро и со добра волја. Добар...

„Цивил“: Специјалната обвинителка веднаш да се зафати со предметите за тешки злоупотреби и за криминал

Невладината ЦИВИЛ го поздравува изборот за Специјална јавна обвинителка на која и посакуваат многу храброст и среќа да се соочи со тешките предизвици кои се пред неа. „Специјалната јавна обвинителка мора веднаш да се зафати со предметите за тешки злоупотреби и за криминал, кои се поврзани или произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата. Но, не смее да се...

МВР: Ќе ги испитаме наводите на СДСМ за нелегално производство на тутун

Министерството за внатрешни работи, по соопштението на СДСМ, се огласи дека ќе ги испита наводите на партијата дека во атарот на село Могила, во Пелагонија и оваа година се одгледува крупнолисен тутун од типот Вирџинија, кој е забранет во Република Македонија. „Министерството за внатрешни работи ќе ги испита наводите на СДСМ за нелегално производство и продажба на тутун од типот...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави

СДСМ и Манчевски да престанат со неаргументирани изјави и да се посветат на реални проекти и програма, бидејќи граѓаните ја препознаваат гнасната и црна пропаганда наспроти проектите, делата и неуморната работа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. „Неосновани и неточни се информациите, што ги изнесе денеска потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски...

СДСМ: Лицемерно е сликањето на Груевски со македонските претставници на Специјалната олимпијада

Денешното сликање на Никола Груевски со претставниците на Македонија на Специјалната олимпијада е крајно лицемерно, велат од СДСМ. „На последната седница на Советот на Град Скопје, советниците на СДСМ и на коалицијата предложија набавка на уште едно дополнително возило за лица со посебни потреби, наместо набавка на електричен автомобил за потребите на администрацијата на градот. Вредноста на електричниот автомобил е 30.000...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Локвенец губат допир со реалноста

Од СДСМ со своите лаги стануваат бескруполозни, безобразни и сакаат граѓаните при очи, да ги направат слепи, се вели во реакцијата од владејачката партија на денешната прес-конференција на пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец. „Впрочем, СДСМ и Локвенец губат допир со реалноста и држат партиски прес-конференции во затворени кругови по штабовите, а Груевски е на терен со граѓаните и само во...

ЗНМ: Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка

Здружението на новинарите на Македонија силно го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски од вицепремиерот Владимир Пешевски, со кој е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар. Од ЗНМ велат дека насилството против новинарите во едно демократско општество, е насилство против слободата и демократијата. „Жртви на тоа насилство не се само новинарите, туку и самите граѓани, кои имаат...

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата немаше никакви трошоци за изградба на објектот

СДСМ се обидува стопати повторена лага да ја претвори во вистина. Вистината е дека ВМРО-ДПМНE за сиот имот што го поседува има уредна документација и целокупниот имот е стекнат на легален начин, а вредностите кои од ракав денеска ги тресеше Шилегов се неточни“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата што денеска ја одржа портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик...

Даниелсон: Политичка одговорност за да се врати довербата во институциите

Кристијан Даниелсон, генералниот директор за проширување во Европската комисија, во интервју за интернет-мрежата „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) изрази загриженост за вооружениот напад во Куманово и рече дека случајот мора да се истражи за да не дојде до меѓуетнички тензии во земјата. - Многу сум загрижен за тоа што се случи во Куманово. ЕУ ја осуди секоја форма на...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да го сврти вниманието на јавноста со емоционалноста на темата

Очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ, свесни за силата на доказите кои говорат за нивното незаконско работење и соочени со пропаста на нивното мрачно сценарио и со немањето поддршка од граѓаните, се обидуваат преку објавување незаконски стекнати, креирани, сечени и монтирани материјали, кои немаат врска со политички контекст и не индицираат никакво незаконско работење, да го свртат вниманието на...

„Средношколски пленум“: МОН сака да го задуши револтот кај средношколците

„Средношколски пленум“ ја осуди постапката на Министерството за образование и наука со која преку класните раководители бара согласност од родителите за стапувањето во бојкот. „Новата одлука на МОН, со која се бара согласност од родителите, ја сметаме за груб притисок врз средношколците и бојкотот воопшто. Ова го оценуваме како злоупотребата на моќта на Министерството во насока на дејства против средношколскиот револт,...

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Велески е еден од најлошите примери

Бирале, бирале, бирале кој да ја држи прес-конференцијата во Прилеп, па го избрале еден од најлошите примери на човек кој, додека 20.000 прилепчани останаа без работа, се збогати во време на транзицискиот мрак и апашката приватизација во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Сашо Велески, претседателот на општинската организација на СДСМ во Прилеп. „Во времето...

ВМРО-ДПМНЕ: Снимките се креирани, монтирани, сечени и менувани

Зоран Заев и неговата врхушка во СДСМ денеска покажаа дека сакаат да ја држат целата држава во уцена со креирани, монтирани, сечени, лепени и прелепувани, кратени и менувани разговори по телефон без никаква автентичност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ не е ништо повеќе од прислужник на сценарио кое има цел да ја дестабилизира Македонија, да предизвика кавги и конфликти и помеѓу...

И функционерите ќе плаќаат придонеси за дополнителен приход

Јавноста навикна Социјалдемократскиот сојуз да се испречува на секоја позитивна мерка, без разлика колку е корисна за граѓаните, особено за работниците, а со извртување на тезите, сака да ги манипулира работниците, се вели во реакцијата од Министерството за труд и социјална политика за ставовите изнесени на прес-конференцијaта на СДСМ околу законот за хонорарците. „Со стапување на сила на законските измени кои...

Реакција на Град Скопје на прес-конференцијата на СДСМ

Градот Скопје реагира на изјавата на советникот од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски, дадена по повод донесениот буџет на Град Скопје за 2015 година, на 25. седница на Советот на Град Скопје. „Прво, би сакале да го демантираме господинот Манчевски, кој во својата изјава тврдеше дека градоначалникот Трајановски не присуствувал на оваа расправа. Тоа не е точно, градоначалникот Трајановски присуствуваше...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...