fbpx
Таг: река

таг: река

Сообраќајот кај Стоби се одвива по една лента поради оштетување на мостот

Сообраќајот на автопатот А-1, Градско - Неготино, кај Стоби, се одвива по левата коловозна лента бидејќи десната е затворена за сообраќај поради оштетување на мостот на реката Црна, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по на места влажни коловози. Во клисурите и во засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска...

Струга за Нова година доби нов мост на Црн Дрим

Вчера попладне, непосредно пред дочекот на Нова година, реката Црн Дрим во центарот на Струга доби нов дрвен мост. Мостот беше свечено пуштен во употреба со пресекување на лентата од страна на поранешниот градоначалник на Струга, сега пратеник, Зијадин Села, неговиот заменик Мустафа Зебзун и бизнисменот и донатор, Менди Ќура. Проектот го изработи проектантска куќа од Австрија во која работат Македонци, а...

Патот до долнореканското село Нистрово петти ден е блокиран

Патот кон долнореканскотo село Нистрово петти ден е непрооден. Поради минатонеделните врнежи од дожд, дел од овој патен правец е одронат и прекриен со наноси од земја. Жителите од ова населено место не можат да пристигнат ниту до своите работни места, ниту до училиштата. - Најголем проблем е со болните лица, кои не можат до појдат до лекар. Кога се уништи...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против девојка која извршила чедоморство

Mедицинска сестра од гинеколошко одделение при Општа болница Куманово пријавила во СВР Куманово дека на нивното одделение со обилно крварење е донесена А.М. (19) од с.Матејче, Општина Липково. Од извршен преглед на лекар-гинеколог е утврдено дека истата се породила во период од 24 часа. А.М. која што веќе била во поодмината бременоста и за која не постојат податоци дека претходно бременоста и...

Автобуси паднаа во надојдена река во Индија

Најмалку 22 лица исчезнаа кога мост на автопатот меѓу Мумбаи и Гоа се урна во надојдената река. Властите велат дека два автобуси полни со патници паднале во реката која надошла поради монсунските дождови. На местото на несреќата има 80 спасувачи, но засега не се пронајдени возилата, ниту евентуално преживеаните патници, соопштија полицијата. - Автобусите не ги воочивме на подрачје од еден...

Обилните врнежи предизвикаа поплави во Франција

Како последица на обилните врнежи изминатите неколку денови, реката Сена денеска се излеа преку поставените насипи и поплави делови од главниот град на Франција. Поплавени се и други делови од државата, а спасувачките служби извршиле повеќе од осум илјади операции за спасување во близина на границата со Белгија. Поради зголеменото ниво на водата на реката, затворени се патиштата по должината на...

Жена загина во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп

Триесет и петгодишна жителка на селото Боротино го загубила животот во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила во Прилеп, на мостот на градската река, во близина на магацините на „Центропромет“, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, возилото, марка „опел астра“, што го управувал сопругот на починатата, удрило и ја пробило металната ограда од десната страна на...

Утре се одбележува Денот на реката Дрим

Под мотото „Во срцето на Дрим - река на жива вода“, утре ќе биде одбележан Денот на река Дрим. Манифестацијата е организирана на иницијатива на еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид, со поддршка на проектот од ГЕФ - „Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во поширокиот слив од реката Дрим“. Активностите ќе почнат утре претпладне во манастирскиот и туристички...

Во сообраќајна несреќа во Перу загинаа 23 лица

Најмалку 23 луѓе загинаа, а 32 се повредени во сообраќајна несреќа во југоисточниот дел на Перу. Од полицијата информираа дека несреќата се случила кога автобус со патници се превртел во река во Андите. Сообраќајната несреќа се случи во  Куско, позната туристичка дестинација во Перу.  

Дождовите отсекоа село во Кочанско

Надојдените води од околните ниви го отсекоа од општината Чешиново – Облешево селото Теранци. Водата, според Општината, го поплави патот и влезот во мостот што води до селото, па сега жителите го користат подолгиот пат преку Зрновци. Водата полека се повлекува, но патот сè уште е затворен. Како што соопшти портпаролката на Општината Чешиново – Облешево, Катерина Постолова, Министерството за земјоделство,...

Закани од поплави во Источна Македонија

Критично е нивото на реката Брегалница кај Ново Село во Штип, каде и лани имаше поплави. Нивото на водата е 312 сантиметри, а надминувањето на нивото од 250 сантиметри се смета за критично. Лани во време на големите поплави во Источна Македонија, водостојот на Брегалница изнесуваше 380 сантиметри. Вообичаено нивото на реката е околу 120 сантиметри. Добрата вест е...

Ќе се обновува сливот на реката Струмица за да се намали ризикот од поплави

Сливот на реката Струмица ќе се обновува за да се намали ризикот од поплавите и загадувањето, информираше постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон. - Проектот ќе работи со локалните власти на зајакнување на капацитетите за воведување на принципите на интегрално спречување и на контрола на загадувањето од индустријата, како и на воведување на најмодерните принципи, технологии...

Реката Вардар ги уништува нивите во тетовско Копанце

Повеќе од 100 декари земјоделска обработлива површина во атарот на село Копанце е во опасност целосно да биде потопена од реката Вардар. Реката, која во овој дел не е регулирана, секојдневно ја одронува земјоделската површина долж својот тек. Нејзиното речно корито постојано се проширува на приватни имоти. Жителите стравуваат дека Вардар може да ја поплави целата земјоделска површина, ако не се изгради корито со...

Се бара виновникот за поцрвенувањето на Брегалница

Водата во реката Брегалница рано претпладне целосно се избистри. Синоќа речиси два часа течеше црвена вода. Кај населбата Македонка, на местото каде водата беше најцрвена, беше државниот еколошки инспектор Владимир Черкезов, кој зел примероци од водата. - Не знаеме од каде истекуваат црвените води. Граѓани пријавија и во саботата. Излегов на терен и пет часа барав начин да дојдам до виновникот. Во...

Поцрвене реката Брегалница

Вторпат во само неколку дена, водите на реката Брегалница се црвени. Црвената вода тече од населбата Македонка, пред Штип, каде се наоѓа колекторот за отпадни канализациони води, но и неколку индустриски капацитети, меѓу кои и фабриката за деним и џинс, „Јагје Мезлер“. Ова е вторпат за само неколку дена водата во реката да стане црвена, а третпат е со сменета...

На 15 септември почнува чистењето на Црна Река

И жителите на Пелагонија го чекаат фамозниот 15 септември, датум кој локалните власти им го ветија за чистење на коритото на реката Црна. Подготовките за големата акција се при крај, вели градоначaлникот на општина Новаци, Лазар Котевски, најaвувајќи дека со чистење на реката од наноси и од вегетација ќе се почне утре. Најпрво маханизацијата ќе се распореди на 14 пропусти...

Груевски во посета на тетовските поплавени села

Премиерот Никола Груевски, денеска ги посети тетовските поплавени села Теарце и Порој, кaде заедно со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски посетија санирањето и проширувањето на коритото на Поројска река. Ги посетија и поплавените домови во селото Доброште, каде ветија што поскоро обештетување на загрозените од поплавите. Попладнево Груевски беше на почеток на реконструкција на локалниот пат во село Непроштено, кој е...

Теодоракис ќе го поддржи Ципрас

Партијата Река ќе застане зад премиерот Алексис Ципрас и ќе гласа за мерките во собранието. Првиот човек на партијата, Ставрос Теодоракис, истакна дека партијата нема да биде класична опозиција, туку ќе покаже одговорност како што ѝ доликува и ќе го поддржи пакетот што им е ветен на европските кредитори од премиерот Ципрас. Теодоракис упати апел до сите пратеници да разберат дека мора да...

Почнува реконструкцијата на коритото на Шемница

За една недела ќе почне реконструкцијата на коритото на реката Шемница во делот на општина Могила. По големите поплави од февруари оваа година, кога во Пелагониско беа под вода илјадници хектари земјиште, ќе се прави регулација на коритото на реката во должина од 260 метри, кај железниот мост во атарот на селото Могила. Во исто време, во реката Шемница ќе...

Општина Гостивар ќе добие модерна пешачка патека по течението на Вардар

Почна изградбата на пешачката патека во Гостивар по течението на реката Вардар. Патеката од малиот мост на Вардар, па сè до изворот во село Вруток е во должина од 10 километри, а широка е два метри. - Оваа патека се гради по барање на граѓаните, каде гостиварци ќе може секојдневно да се рекреираат и да се релаксираат - изјави градоначалникот на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...