fbpx
Таг: РЕК-Битола

таг: РЕК-Битола

РЕК Битола работи на зголемување на еколошките стандарди во производство

РЕК Битола фото: ЕСм
РЕК Битола ги следи и реализира еколошките процеси со многу побрза динамика во последните три години и за одговорните од исклучителна важност е запазувањето на еколошките норми во работењето при производството на електрична енергија. Ова го соопштија од Комбинатот откако денеска Државниот инспекторат за животна средина објави дека во 2019 година РЕК Битола го надминал лимитот на сулфур диоксид за...

ДИЖС: РЕК Битола ги надминува граничните вредности на емисии на прашина и сулфурен диоксид

Термоцентралата РЕК Битола континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите и соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбалажа од отпадни масла. За ова се задолжува РЕК Битола, по извршениот надзор на 23 февруари од страна на Државниот инспекторат...

Зеленото сценарио и инвестициите во ОИЕ остануваат стратешки приоритети во енергетиката

Реализацијата на зеленото сценарио, од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, дефинитивно е најприфатливата опција за енергетската иднина на земјата. При тоа, замената на јагленот со гас и со други обновливи извори на енергија (ОИЕ), односно енергетската транзиција од јаглен кон ОИЕ, останува стратешки приоритет на Владата, чија имплементација ќе донесе еколошки и економски бенефиции, но и...

Јагленот од РЕК Битола до 2040 година постепено ќе се заменува со гас и енергија од сонце

Програмата за реализација на Стратегијата за енергетика 2040 ќе биде готова до март и ќе се работи врз основа на ревидираниот документ на Стратегијата, кој беше завршена во текот на ноември и декември лани. Зеленото сценарио и по ревизијата останува најприфатливото за развојот на земјава, кое треба да обезбеди и најдобри и економски и еколошки бенефити. Стратегијата за енергетика и...

Секој дом да има фотоволтаици, енергетската транзиција од јаглен кон сонце да започне веднаш

РЕК Битола фото: ЕСм
Одолговлекување на процесите на енергетска транзиција не е опција за земјава, а изборот на зеленото сценарио и донесување на Програмата за реализација на Стратегијата за енергетика мора да се реализираат што поскоро, апелираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“. Организацијата веќе подолго време работи на кампања за исфрлање на јагленот како енергенс и воведување...

РЕК „Битола“ работи само со еден блок, обилните врнежи ја отежнаа работата на рудниците

Од утрово во прекин е работата на блокот 2 од битолската термоелектрана, а во моментов производството на електрична енергија продолжува од блокот 3, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Обилните врнежи од дожд, чија количина од над 100 литри на метар квадратен предизвикала надоаѓање на вода и застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот...

Неповолната хидролошка состојба доведе до увоз на струја од странство, ќе падне ли теретот врз граѓаните?

Владата неделава одлучи привремено да го сопре производството на електрична енергија од хидроелектраните во земјава, а АД ЕСМ да набави електрична енергија преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд, до нормализирање на природните услови кои ќе овозможат оптимално производство на капацитетите кои директно или посредно користат вода во производниот процес, информираат од владината прес-служба. Програмата „Дојче Веле“ на македоски јазик пишува дека...

Заев најави затворање на првиот блок на РЕК Битола како и централите кои работат на јаглен

Првиот блок на РЕК Битола ќе биде затворен за најмногу пет години. Следува период во кој ќе мора да се затворат сите централи кои работат на јаглен, најави премиерот Зоран Заев кој денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје,...

Извештај на ЕК: Потребни се поголеми инвестиции во енергетска ефикасност и формирање на посебен фонд

Од Европската комисија (ЕК) добивме позитивни критики за развојот на досегашните политики во енергетскиот сектор. Во последниот Извештај на ЕК за Северна Македонија за 2020 година, во делот Енергија, се оценува дека во енергетскиот сектор е постигнат „добар напредок, особено преку усвојување на законодавството за спроведување на третиот енергетски пакет на ЕУ, за гас и електрична енергија, и се...

Владата да не планира нови рудници за јаглен, апелираат еколошките организации

Најголемиот дел од инвестициите да се насочат кон обновливите извори на енергија, а да се затворат сите постројки кои работат на јаглен е заедничкиот став на еколошките граѓански организации за програмата на Владата за животна средина. Екологистите ѝ забележуваат на новата влада што на маса го враќа отворањето на рудникот „Живојно“, кој ќе значи и продолжување на векот на...

Повторно ставени во функција двата багера за ископ на јаглен во рудникот Суводол

Се стабилизира состојбата во РЕК Битола, после големите поплави од минатата недела кои предизвикаат штети во рудниците за јаглен Суводол и Брод Гнеотино. „Ископот продолжува според предвидениот план за производство на електрична енергија, како и потребите на електроенергетскиот систем на земјата. Багерските единици СРс 630/1 и СРс 323 за ископ на јаглен во рудникот Суводол се повторно ставени во...

Состојбите во рудниците во РЕК Битола се санираат и се оспособуваат багерите за ископ на јаглен

Состојбите во рудниците во РЕК Битола се санираат по елементарната непогода и поплавите кои се случија на откопните полиња за јаглен, предизвикани од обилните врнежи во изминатиот месец, а особено во последната недела, информираат од компанијата. „Исклучиво со сопствени средства и ресурси, неколку багери се вратени во функција, се испумпува водата и калта од откопните полиња, се вложуваат напори за...

ЕСМ ќе ги санира последиците од поплавите во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во битолскиот регион предизвикаа големи поплави и хаварија на јагленовите откопни полиња во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ на РЕК Битола. Според податоците на стручните служби на РЕК Битола, во рудникот „Суводол“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен, незабележан во последните 20 години, информираат од Електростопанство...

Обилниот дожд предизвика прекин на ископот и транспортот на јаглен во РЕК Битола

Врнежите од дожд кои последниве денови ја зафатија целата држава, во битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола, трета по ред во период од два месеца. „Ископот и транспортот на јаглен во моментов се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите. И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК...

РЕК Битола негира дека има двојно зголемување на загаденоста на воздухот, мерењата биле за различни периоди

АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола реагираат во врска со Извештајот на мрежата Бенквоч за двојно повисоката загаденост на воздухот од работењето на термоцентралата и објаснуваат дека разликата во податоците од мерењата на емисиите меѓу 2018 и 2019 година, е резултат на повеќе фактори. „Најпрвин, мерењето на емисиите не се одвива континуирано, туку периодично. Согласно обврските од Дозволата за усогласување...

Извештај на Бенквоч: РЕК Битола останува најголемиот загадувач на воздухот со сулфур диоксид на Балканот

Лани РЕК Битола испуштила во воздух вкупно 105.431 тони сулфур-диоксид, што е двојно повеќе од 2018 година кога емисиите изнесувале 52.823 тони. Овие податоци се соопштени во годишниот извештај на групацијата Бенквоч, најголемата мрежа на цивилни асоцијации за заштита на животната средина и човековите права во централна и источна Европа. Со ова трите блока во Kомбинатот станаа инсталација со...

Јаглеродната такса е стимулација за брза енергетска трансформација

Еколкошките даноци се еден од ефикасните начини за борба со климатските промени и стимулација за нискојаглероден развој. Тие се закана за сите големи и потенцијални емитирачи на јаглероден диоксид, од старите возила, па сè до големите енергетски и индустриски капацитети кои користат фосилни горива. Данокот на јаглерод се однесува на сите стационарни и мобилни извори на јаглерод. Во Македонија...

Зелени економии за одржлива енергетска иднина: ќе го исфрлиме ли јагленот од употреба? (видео)

Транзицијата кон чисти извори на енергија е неопходна, не само за да се остварат енергетските и климатските цели, туку и да се заштити здравјето на луѓето. Преминот кон зелена економија не ја заобиколува ниту Северна Македонија, иако eнергетскиот систем во земјава е речиси целосно зависен од јаглен, што е една од главните причини што имаме најзагаден воздух на глобално...

Работниците кои произведуваат „нечиста“ енергија од фосилни горива заслужуваат праведна транзиција во зелени сектори

Македонија во овој момент носи амбициозни климатски политики и е на добар пат да фати чекор со земјите кои се залагаат за зелен економски и енергетски развој. Стратегијата за енергетика, одобрена од Владата на почетокот на оваа година, има три сценарија, од кои во две, земјата до 2025 година целосно ќе го напушти јагленот како енергенс. Иако сѐ уште нема...

И со новата Стратегија за енергетика, јагленот останува најголемата опасност за природата и живиот свет

Продолжувањето со користење на фосилните горива, особено на јагленот како енергенс, е една од најголемите опасности за водата, воздухот, почвата и живиот свет, нотира Оценката на влијанието на Стратегијата за енергетика до 2040 врз животната средина. Анализата ги разгледува влијанијата на Стратегијата како целина и во поширок обем, а нотирани се и негативните и позитивните придобивки од насоките кои...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...