fbpx
Таг: РЕК-Битола

таг: РЕК-Битола

CEE Bankwatch Network и „Еко свест“: Само во Новаци шестмина умираат предвреме како последица од РЕК Битола

Комплексот РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа, а термоелектраната предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во општината Новаци, открива новата анализа изработена од CEE Bankwatch Network. Во документот „Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија“ подготвена од CEE Bankwatch Network во соработка со „Еко-свест“ уште еднаш се потврдуваат претходните наоди дека...

Почна поставувањето на цевките на топловодот од РЕК Битола, ќе се обезбеди парно за Битола, Новаци и Могила

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот, кој ќе обезбеди парно греење за трите општини во близина на РЕК Битола - Битола, Новаци и Могила. „Првите цевки се поставени на излезот од РЕК Битола кон Новаци, и...

По критиките од екологистите, од ЕСМ велат дека ќе градат четири сончеви електрани во РЕК Битола

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираше дека подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Сепак, за искористување на сонцето како обновлива енергија засега се обезбедени средства единствено за изработка на проектната документација. „Првата електрана од 20MW ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната, и за...

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и информирање за животната средина најостро...

Рестрикции на струја ќе нема, во јануари во целосен погон ТЕЦ Неготино и РЕК Битола

ТЕЦ Неготино и РЕК Битола е предвидено во текот на јануари да работат со целосниот капацитет со којшто располагаат за производство на електрична енергија. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во текот на најладниот месец ќе проработи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок на РЕК Битола. Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети во...

Бектеши со целосна поддршка за разрешувањето на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
По одлуката на управата на АД ЕСМ за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, министерот за економија Крешник Бектеши изрази целосна поддршка и побара одлоговрно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите. Тој нагласи дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и нема да има рестрикции на електрична енергија. „Давам целосна поддршка...

ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј, најави и други кадровски промени

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, соопшти денес АД ЕСМ. Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана. Досегашниот технички директор во Рудници, Стојан Мицкоски е назначен на местото за в.д....

Набавени 90.000 тони јаглен за РЕК Битола, повикот ќе биде отворен во текот на целата грејна сезона

Од првично планираните 900.000 тони јаглен за набавка за потребите на РЕК Битола на распишаниот јавен повик, досега е договорено купувањето на 90.000 тони од Албанија. АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека ќе го потпишат договорот за набавка на овие количества јаглен, ќе го засилат ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе го осигураат производството на...

ЕСМ: РЕК „Битола“ од синоќа работи со два блока, има доволно јаглен

РЕК Битола фото: ЕСм
АД ЕСМ информира дека од синоќа во 2:45 часот Блокот 2 во РЕК „Битола“ е синхронизиран во електроенергетскиот систем на земјава. Производството на електрична енергија продолжува и од Блокот 1, така што најголемиот енергетски капацитет во земјава од денеска практично работи со два од трите блока. „На депонијата за јаглен во РЕК „Битола“ во моментов има доволно јаглен за континуирано...

ЕСМ: Неофицијално, причина за пожарот во РЕК Битола е висок напон

РЕК Битола фото: ЕСм
Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, соопшти АД ЕСМ. Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот...

ЕСМ: РЕК Битола од ноќеска повторно произведува струја

АД Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ) соопшти дека од три часот ноќеска, откако е завршена поправката на дефектот на Блок 1 на РЕК Битола, тој, односно електраната повторно произведува струја. Првиот блок беше исклучен вчера поради прекината цевка, а со тоа најголемиот производител на струја во земјава беше вон функција. Имено, Блок 3 не работи откако дојде до пожар...

ЕСМ: РЕК Битола 1 исклучен поради скината цевка, се очекува денеска да проработи

АД ЕСМ соопшти дека првиот блок на РЕК Битола денеска бил плански исклучен поради скината цевка, а со очекува повторно да биде ставен во функција вечерва по отстранувањето на проблемот. Инаку, Блок 2 на РЕК Битола е во ремонт, а Блок 3 е исто така вон функција, поради минатонеделниот пожар на неговиот трансформатор. Сепак, се очекува до крајот на неделава...

Девет компании нудат јаглен за РЕК „Битола“, понудите ги обезбедуваат неопходните количини

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информира дека девет компании се јавиле на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК „Битола“, како би се обезбедило дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900.000 тони јаглен за РЕК „Битола“. Овие понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен...

ЕСМ обезбеди јаглен за РЕК Осломеј, за РЕК Битола ќе треба нов тендер

На повикот на Електрани на Северна Македонија за набавка на доволно количини на јаглен пристигнати се понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина, соопшти денес генералниот директот Васко Ковачевски. „На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори. Овие...

С. Македонија мора да ја забрза енергетската транзиција: АД ЕСМ со најава за 1000 MW фотонапонски електрани

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на енергетскиот форум МЕФ 2021. „Над 70 проценти од нашето производството во моментов доаѓа од јаглен, и тоа за нас е голем императив да спроведеме...

Јагленот и понатаму загадувач број еден: РЕК Битола лани емитирала повеќе сулфур диоксид од сите електрани во Германија

РЕК Битола лани емитирала повеќе сулфур диоксид од сите електрани во Германија заедно, а вклучувајќи го и ТЕЦ Осломеј, двете термоелектрани го загадиле воздухот со ПМ честички двојно повисоко од она што е дозволено во земјата. Според најновиот извештај на CEE Bankwatch Network и Centre for Research on Energy and Clean Air (CREA), подготвен во соработка со „Еко-свест“, загадувањето...

Дел од рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“ во иднина би прераснал во современа регионална депонија

Новата регионална депонија за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион би се градела на еден дел од досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ на РЕК „Битола“. Со ваков план, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) сака да го реши проблемот со нестандардните општински депонии во овие два региони, кои се извор на негодувања на граѓаните, критики на УНЕСКО и...

АД ЕСМ најавува 350 милиони евра инвестиции во енергетиката и екологијата

Од владиниот план за инвестиции за периодот 2021-2027 година, во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра, 3 милијарди и 144 милиони евра се планирани во секторот енергетика, а голем дел од тие проекти ќе ги спроведе АД ЕСМ, самостојно или преку моделот на јавно приватно партнерство (ЈПП), соопштија од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ). „Инвестициите во РЕК Битола...

Мицкоски тврди дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра од битолска фирма, тој демантира

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинари презентираше документи, со кои тој тврди дека Вице Заев изнудувал 250.000 евра провизија од битолската фирма „Рубитон“. Мицкоски тврди дека фирмата била рекетирана откако добила тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола. Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека фирмата регуларно го добила тендерот, по што директорот на РЕК Битола...

Само со праведна транзиција ќе се овозможи зелен развој на регионите кои создаваат нечиста енергија

Преминот од употреба на фосилни горива кон обновливи извори на енергија, кој Северна Македонија го зацрта со изборот на зеленото сценарио од Стратегијата за енергетика, треба да биде паралелно следен од процесот на праведна транзиција. Ова особено важи за регионите на Кичево и Битола, каде што се лоцирани термоелектраните Осломеј и РЕК Битола. Во моментов, над 50 отсто од потребите...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...