fbpx
Таг: РЕК-Битола

таг: РЕК-Битола

Бислимовски: РЕК Битола произведува струја од сонце, ветер, вода и биомаса

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија, што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопштија денеска во Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот Марко Бислимовски, за 25 месеци државата го има новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега...

Со планот за праведна транзиција од јагленот прво ќе се ослободуваат Битола и Кичево

Министерството за економија денеска ги презентираше клучните точки од нацрт Инвестицискиот план за праведна транзиција, кој е дел од Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција, што С. Македонија ја претстави на КОП28 и од која се очекува, со помош од меѓународни финансиски институции, да се мобилизираат до три милијарди евра, наменети за трансформирање на енергетскиот сектор зависен од јаглен. Инвестицискиот...

Изграден топловодот од РЕК Битола, допрва ќе се гради топловодната мрежа низ градот

После бројни години минати без централно парно греење, во Битола интензивно се работи на изградбата на топловоден систем, со кој РЕК Битола ќе се искористи за загревање на домовите на жителите од овој град. Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на завршувањето на градежните работи на топловодот кој се градеше од РЕК Битола до самиот град, а тој го означи и...

ТЕЦ „Битола“ лани бил најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички во Западен Балкан

Термоелектраната во склоп на РЕК „Битола“ во 2022 година била најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички прашина на целиот Западен Балкан. Емисиите од оџаците на ТЕЦ Битола се скоро дуплирани споредено со 2021 година, иако поради пожарот на трансформаторот во третиот блок, тој беше вон употреба цела година и електраната работеше со намален капацитет, соопштуваат од Еко-свест. Според новиот...

Од Владата најава за изградба на четврти блок во РЕК Битола и брза пруга кон Србија

За земјава да ја постигне енергетската независност од руски гас, клучно е во претстојниот период да се изгради интерконективниот гасовод од Неготино до Грција. САД даваат огромна поддршка на земјава, а од Владата повикуваат што поскоро во Собранието да се одблокира донесувањето на законот преку кој Електрани на Северна Македонија ќе биде во можност да влезе во инвестицијата за...

Заврши мини ремонтот, блок 2 на РЕК Битола во функција

Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:50 часот, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. „Постројката е повторно ставена во фунција по завршувањето на активностите за нега и санација. Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока“, наведено е во соопштението од компанијата. Вториот блок...

Блокот 1 во РЕК „Битола“ е во функција, наредната недела плански ќе се исклучи вториот блок

Блок 1 во РЕК „Битола“ од вчера попладне е повторно ставен во функција и произведува електрична енергија. Од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува струја. „Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за...

Ковачевски: Електрична енергија ќе има без рестрикции, цената не се зголемува

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се ангажирани сите расположливи капацитети во земјава за зголемување на домашното производство на струја. При посетата на РЕК Битола, Ковачевски рече дека 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени сметки за струја и дека електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот. „Успеавме да ги ангажираме сите расположливи...

Ставен во функција Блокот 3, во РЕК „Битола“ сега работат трите блока

Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека Блокот 3 на РЕК „Битола“ е ставен во функција, така што во моментов комбинатот работи со сите три блока. „Вчера попладне, во 17:35 часот блокот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК Битола и од производителот...

Топловодните цевки од РЕК стигнаа до Битола, парно во 2025 година

Цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Првите приклучоци на централно греење во овој град се очекуваат веќе во 2025 година. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека започнале градежните активности за спроведување на топловодот во индустрискиот дел од градот. Изградени се дванаесет километри од топловодната гранка од РЕК до Битола, информираше денеска директорот на...

Вработените во РЕК Битола го санираа дефектот, блок 1 ставен во функција

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција, информираа во Електрани на Северна Македонија. Оттаму појаснуваат дека постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. „Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен“, велат...

ЕСМ: Исклучен од мрежа блок 1 на РЕК Битола заради скинати цевки во котелот

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Оттаму информираат дека на блок 1 пред една недела биле извршени...

РЕК Битола доби А-интегрирана дозвола, за намалување на загадувањето треба да инвестира 157 милиони евра

РЕК Битола конечно доби А-интегрирана дозвола. Министерството за животна средина веќе го објави документот кој предвидува многу активности за заштита на воздухот, водите и почвата во околината на енергетскиот комбинат. РЕК Битола е еден од главните загадувачи што користи фосилни горива за производство на електрична енергија и кој досега работеше без усогласен оперативен план и обврски за заштита на...

Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано

Блок 1 во РЕК Битола од утрово во 8.35ч е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти АД ЕСМ. Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведени 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство. „Стручните...

Ковачевски очекува енергетска транзиција, но и отворање на рудник на јаглен за РЕК Битола

РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава и столб на македонската економија. Комбинатот во следните десетина години ќе се трансформира во капацитет за производство на чиста енергија, а ниту еден работник нема да го изгуби работното место, рече денеска Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на свеченоста по повод јубилејот 40 години од работењето на термоелектраната. Ковачевски во...

Вработените во РЕК Битола работат со цел капацитет за да обезбедат струја за домаќинствата

Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, ја посети РЕК Битола, каде што заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок. Битиќи се заблагодари на сите вработени во РЕК Битола за снабдувањето со доволно количество струја од домашно производство во овој период на енергетска криза. „Штедењето на електрична енергија продолжува...

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со затворањето на загадувачите Осломеј до 2023 година и на РЕК Битола до 2027 година

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со затворањето на Осломеј до 2023 година и на РЕК Битола до 2027 година, бидејќи тоа, како што изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски, ќе остави 4.000 семејства на улица и најмалку уште 40.000 кооперанти кој што зависат од работата на овие два производни капацитети на базна енергија. Мицкоски информираше дека партијата нема...

РЕК „Битола“ од синоќа почна да работи со два блока

РЕК „Битола“ двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блокот 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава, информираат од владината прес-служба. Од Владата информираат дека во РЕК „Битола“ во моментов се во функција два од трите блока, откако беше завршен ремонтот на Блок 1 после 23 дена, во рекордно краток рок. Блок 1...

ЕБОР и ЕУ ја поддржуваат зелената транзиција кон соларна енергија во Северна Македонија со кредит од 25 милиони евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со образложение дека македонските капацитети за декарбонизација прават голем исчекор, одобри кредит од 25 милиони евра на ЕСМ, компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост, за изградба на капацитети за производство на струја со фотонапонски панели со моќност од 30 мегавати. Како што појаснија од ЕБОР, овој проект се состои од...

ЕСМ: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. „Сакам да упатам...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...