Бензините поскапуваат за половина, a дизелот за еден денар


Скопје, 16 април, 2018 - 12:59 (META) 

Малопродажната цена на бензините од ноќеска нa полноќ се зголемува за половина, а на дизелот за еден денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари, на „еуросупер БС-98“ ќе биде 69,50 денари, „еуродизелот“ ќе се продава по 60 денари за литар.

Зголемувањето на цените на бензините се должи на тоа што, просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 68,9 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 50.003 денари.


Дизелот поевтинува за половина денар, цената на бензините останува иста


Скопје, 19 март, 2018 - 13:02 (META) 

Од ноќеска на полноќ дизелот поевтинува за половина денар, а цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Цените на „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ остануваат 65,5 денари, односно 67,5 денари за литар.

Нова цена на дизелот ќе изнесува 57,5 денари за литар.


Граѓаните може да добијат парно и пред почетокот на грејната сезона


Скопје, 3 октомври, 2017 - 11:28 (META) 

Иако грејната сезона почнува на 15 октомври, граѓаните може да добијат парно греење доколку прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени и Регулаторна комисија донесе одлука да се пушти греење. Од 1 октомври, „Балкан енерџи груп“ е подготвена на оваа законска обврска.

– Во согласност со законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден почнувајќи од денеска, доколку временските услови го наложуваат тоа – се вели во последното соопштение на компанијата „Балкан енерџи груп“.

Од БЕГ испратиле писма до сите заедници на станари, односно до фирмите што управуваат со станбените единици, за нивните обврски за непречен почеток на грејната сезона, но во околу 200 објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, поточно има дефекти во внатрешната инсталација, оневозможен е пристап на екипите до топлинските станици или нема електрична енергија во потстаниците.

Регулаторна комисија за енергетика одлучи од 1 август цената на парното да се намали за 2,75 проценти.


Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


Скопје, 6 март, 2017 - 13:36 (META) 

Цената на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар, а цената на бензинот се зголемува за 0,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67 денари за еден литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава за 69 денари.

Новата цена на дизелот е 54 денари за еден литар.


Горивата ќе поевтинат за три денари


Скопје, 14 ноември, 2016 - 12:35 (META) 

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“, на „еусросупер БС-98“ и на „еуродизел“ ќе се намалат за три денари по литар од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Со намалувањето, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 60 денари за еден литар, „еусросупер БС-98“ ќе се продава по 62 денари за еден литар, а малопродажната цена на „еуродизел“ ќе изнесува 47 денари за еден литар.


Минимално намалување на цената на горивата


Скопје, 13 јуни, 2016 - 13:54 (META) 

Еден литар „еуросупер БС-95“ поевтинува за половина денар и ќе чини 63,50 денари, а „еуросупер БС-98“ се намалува за еден денар и ќе се продава по цена од 65 денари за еден литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на дизел-горивото останува непроменета, односно 50 денари за еден литар.


Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ


Скопје, 21 март, 2016 - 13:09 (META) 

Цената на бензинот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2,5 денари, а дизел-горивото ќе поскапи за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 60,5 денари, а „еуросупер БС-98 за 62,5 денари. Дизел-горивото, пак, ќе чини 45 денари за еден литар.


Бензинот поскапува за три денари


Скопје, 7 март, 2016 - 13:06 (META) 

Oд вечерва на полноќ цените на бензинот се зголемуваат за три денари, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Со новите цени, еден литар „еуросупер-95“ ќе чини 58 денари, а еден литар „еуросупер-98“ ќе изнесува 60 денари.

Цената на дизел-горивото се зголемува за 2,5 денари, така што еден литар „еуродизел“ ќе чини 43,50 денари.


Бензинот поевтинува за три денари


Скопје, 22 февруари, 2016 - 12:53 (META) 

Бензинот поевтинува за 3 денари од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за 55 денари, а „еуросупер БС-98“ за 57 денари.

Цената на дизелот останува на 41 денар за еден литар.


Горивото поскапува за три денари


Скопје, 4 мај, 2015 - 13:48 (META) 

Малопродажната цена на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 72 денари за еден литар, на „еуросупер БС-98“ ќе биде 74 денари и на „еуродизелот“ – 57,5 денари за еден литар.

Се зголемува малопродажната цена и на екстралесното масло за домаќинство за 2,5 денари и ќе се продава по 46 денари за еден литар, како и цената на мазутот – за 1,71 денар за килограм и ќе изнесува 29,63 денари за еден килограм.