fbpx
Таг: Регулаторна комисија за енергетика

таг: Регулаторна комисија за енергетика

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Цената на дизел горивото се намалува за еден денар, а цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Литар дизел гориво од полноќ ќе чини 73 денари, бензинот еуросупер 95 - 76,5 денари за литар, а еуросупер БС 98 ќе чини 78,5 денари...

Бектеши гарантира дека цената на струјата ќе остане иста и по 1 јануари

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува на новиот распишан тендер за избор на универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи да се избере конкурент со помала профитна маржа, со што би можела да се намали цената на струјата на регулираниот пазар. Актуелен универзален снабдувач е ЕВН Хоум, а наскоро ќе има нов повик за следните пет години. „Никако...

Наместо РКЕ, новата цена на струјата ќе ја одредува ЕВН Хоум

Наместо Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН ХОУМ. Регулаторната комисија ќе има обврска само да направи проверка, но сè уште не е извесно дали ќе може да интервенира врз цената. Ова денеска го потврди Марко Бислимовски, претседател на РКЕ, а согласно новите измени во Законот за енергетика. „Нема повеќе...

Горивата од ноќеска поскапуваат за 1,5 денар

Одлука за зголемување на малопродажните цени на горивата во просек за 2,09 отсто во однос на одлуката од 5 јуни, донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со минатата стапка бележат зголемување во износ: кај бензините за 3,8 отсто, кај дизелот за 2,9 отсто, кај екстра лесното масло...

РКЕ: Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54% во однос на одлуката од 15 мај годинава. Од утре од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС-95 - 78,50 (денари/литар) Моторен бензин Еуросупер БС-98 - 80,50 (денари/литар) Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)...

Од утре нови цени на горивата

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 77,50 денари за литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, додека цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 денари за литар.

Скопски Водовод демантира: Цената за вода во Скопје нема да се зголеми

ЈП Водовод и канализација Скопје ја демантира веста дека е можно да се зголеми цената на водата во Скопје. „Во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во...

Скопјани од наредниот месец најверојатно ќе пијат поскапа вода

Скопјани од март годинава најверојатно ќе плаќаат поскапа вода за пиење. Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво. Од Регулаторната комисија, пак, предлогот е цената да се зголеми за седум денари, а конечната одлука треба да...

Од полноќ Eуросупер 95 поскапува за два денара, дизелот за 1,5 денар

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, дизел и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар, а малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 2 денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Оттаму одлучиле да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 отсто во...

Од ноќеска дизелот поевтинува за 3 денари, еден литар ќе се продава за 92 денари

Од ноќеска дизелот поевтинува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно последната одлука, се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 отсто во однос на одлуката од 16 овој месец. Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 3 денари за литар, а малопродажната цена на екстра лесното масло...

Парното во Скопје поскапува од 14,18 до 16,31 проценти

Поскапува централното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека од август годинава цената на парното за најголемиот дел од потрошувачите кои досега беа на мрежата на БЕГ, ќе се зголеми за 14,18 проценти. Парното од топланата Скопје Север ќе поскапи за 16,31 отсто, а топлинската енергија од Железара ќе биде поскапа за 15,5 отсто. Поскапувањето е...

Од петок ќе им нов ценовник за струјата, просечната цена ќе се зголеми во просек за 7,4 %

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денес донесе нови одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8 отсто од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 проценти. „Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74 отсто, наместо за сегашните 7,4 проценти за 98,8 отсто од домаќинствата. Со оваа...

Цената на бензинот од ноќеска се намалува за 6,5, а на дизелот за девет денари, одлучи РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска заседаваше и донесе одлука со која од вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата. Одлуката следува по законските измени на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите за намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата кои синоќа ги изгласа Собранието. Регулаторната комисија одлучи цената на бензинот да ја намали за 6,5...

Вистиномер: Не е точно дека цената на струјата „нема мрднато“ 4 години

Изјавата на премиерот, дека во Македонија четири години не мрднала цената на струјата, е неточна. Имено, цената на струјата во последните две години двапати се зголеми со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), при што едно од овие поскапувања беше нивелирано со намалување на даноците, но второто покачување е реално, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Зборувајќи за...

ДДВ-то за струјата падна од 18 на 5 отсто, колку ќе паднат и сметките за струја, ќе покажат пресметките на РКЕ

Ценовниот шок од зголемените сметки за електрична енергија што ќе важат од 1 август за домаќинствата треба значително да се ублажи поради намалувањето на стапката на данокот на додадена вредност, од 18 на 5 отсто, барем за една година. Оваа одлука ја донесе Владата на синоќешната седница, на која го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за...

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат [инфографик]

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување на подземните води, реките, езерата и акумулацииите низ земјава. Овој загрижувачки податок од Годишниот извештај...

Бензинот „еуросупер БС-95“ и дизелот поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,92 отсто. Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на еуродизел се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67,50 денари за литар, а малопродажната цена...

Скопјани се жалат на млаки радијатори, БЕГ вели дефекти нема, а топлина се испорачува

Млаки радијатори и студени домови. Голем број скопјани се жалат дека во изминатиот период иако грејната сезона започна пред речиси еден месец, смрзнуваат во своите домови. Особено е студено наутро и навечер, а дневните температури, кои периодов се нешто повисоки од очекуваните, велат тие, не можат да им ги затоплат домовите. Поплаки има од сите делови на градот, а...

Бислимовски: Гасното поврзување со Грција ќе значи пониска цена на гасот и до 20 отсто

„Ни претстои сериозна гасификација на земјава, по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 отсто со идниот крак од Грција, преку Северна Македонија, па се до Косово, со што стануваме транзитна земја“, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги, Марко Бислимоски, на учеството на он...

Бислимовски: За неплатени сметки за декември, јануари и февруари, ЕВН Хоум нема да им исклучува струја на ранливите потрошувачи

„Универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум, не смее да ги исклучува ранливите потрошувачи од системот за електрична енергија, поради неплатени сметки за струја во наредните месеци, декември, јануари и февруари. Исто така, доколку тој има доспеан долг, има можност за одложено плаќање или за плаќање на најмалку шест еднакви рати. А, секој ранлив потрошувач кој е заведен во Министерството за труд...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...